Како да се зготви рајска храна од непријатни состојки
Без оглед на тоа дали го разбираме Зохарот или не, мораме да сакаме Светлината на исправка да не осветли за време на учењето и да очекуваме како резултат да се случи чудо. Чудо значи дека нема врска помеѓу резултатот на читањето и тоа што сега го читам, разбирам, и чувствувам. Нема логична врска помеѓу мојата постапка и резултатот бидејќи таа врска е скриена.
Можеме во недоглед да зборуваме за фактот дека Зохарот е Виши Систем кој спроведува Светлина до нас, и дека тој систем го активираме така што ќе се наштимаме по него со нашата желба, слично на тоа како бебе во светов прави напори и расте без да разбира како расте. Сепак, постепено созрева и станува човек. Но без разлика колку зборуваме за ова, тоа пак не ја објаснува суштината на чудото што се случува.
Можам да замислувам дека сум веќе во духовниот свет и едноставно да не го чувствувам тоа. Можам да замислувам дека стварноста е единечна и дека јас ја терам да влијае на мене како бебе кое не знае што прави. Сепак, постојат врски и влијанија врз мене кои не можат да се пренесат со зборови. Се што ни останува е да го земеме ова како лек.
Пишано е дека Создателот создал егоистичка желба во човека и ја создал Тората како „зачин" (Тавлин) за неа. Тората е средство да се поправи егоистичката желба бидејќи Светлината во неа реформира. Зачините како солта, пиперот, и синапот сами по себе се непријатни по вкус, но кога ќе се искомбинираат со нашата егоистичка желба, нашата природа, даваат пријатно исполнување.
Слично, невозможно е да ја користиме нашата егоистична природа бидејќи место пријатно исполнување ни носи горчина. Затоа мораме да ја поврземе желбата со намерата; тогаш нашиот живот ќе стане вечен и совршен, во светлото на Тората.
Се додека не можеме правилно да ги искористиме овие две состојки заедно, ќе страдаме од нашиот егоизам и од „зачинот" за него. Таа состојба се нарекува Ло Лишма (не за атер на давањето); тоа е време на подготовки, пред храната и зачините да се поврзат во нас правилно, пријатно и доволно. Постојано и додаваме зачини на храната и потоа ја пробуваме да видиме колку е пријатна; така, во средната линија можеме да јадеме и да уживаме.
Меѓутоа, се додека не сме го достигнале тој чудесен резултат, мораме трпеливо да чекаме „храната" да се зготви и да се помеша со „зачинот." Тогаш ќе почувствуваме пријатен вкус од учењето. Така, во Зохарот се работи за навистина вкусна и здрава „храна."
Зохарот нема да ни дозволи да се залажуваме себеси
Кога го читаме Зохарот, сфаќаме дека зборува за одлики, облици и слики кои сеуште не ги перцепираме. Токму тоа чувство на неразбирање не турка нанапред и не тера да ја оформиме правилната перцепција.
Ако читаме други кабалистички книги, би можеле се да гледаме на чисто механички начин, со умот, или во вид на материјални слики. Тогаш ќе бидеме задоволни со перцепцијата која сите концепти ги спушта на ниво на нашиот свет, без разбирањето дека се сите замислени. Или пак би можеле да ги сметаме за духовни, но пак чисто теоретски.
Како контраст, Зохарот со коментарот на Баал ХаСулам не присилува да трагаме по нова перцепција и да ги обединиме тие две слики. Тоа доведува до појава на вистинската слика на стварноста. Човек не разбира како се случува, но книгата делува врз него и тој постепено добива нова перцепција.