Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Како да се проверува правилноста на патот

30.08.2010
Да се определи, дали е духовен патот, може многу едноставно: се' со што ние се согласуваме – не се однесува на духовното! Но на него се однесуваат токму спротивните работи, кои не се прифаќаат со нашиот разум и чувства, непожелни се и омразени. Токму врз нив ние треба да работиме. Ако јас не чувствувам корист од некоја состојба, ниту во чувствата, ниту во разумот, тогаш токму искачувајки се над таа состојба, јас ќе можам да почнам да го градам духовното. Бидејки е сигурно, дека јас нема да бидам поткупен и ќе барам моја лична корист, а за да се искачам над него, јас ќе имам потреба од помошта на Создателот.

Односно јас цело време се проверувам себеси: во која мера моето тело се противи на мојата работа. И тоа за мене е знак за моето правилно напредување. А понатаму треба да се види, поради што јас тоа го правам. Можеби јас сакам да се искачам над себеси и следам некои свои лични цели. А можеби јас сакам да ја најдам љубовта на Создателот, која и е одвратна на нашето "тело" – на егоистичкото чувство и разумот. И јас ја барам љубовта, која целата е изградена врз омразата кон егоистичките мисли и желбите за самиот себе.

Но честопати, ние не се обидуваме да се кренеме над нашето тело, туку жалиме, дека не можеме да работиме согласно на разумот и чувството, содржано во телото. Наместо да се бара состојбата, која е над чувството и разумот, и да се посакува да се престојува во неа. Пред се, треба да се оттурне телото надолу, со сето негово чувство и разум, и да се биде над нив – да не се земаат предвид. Односно јас ги земам предвид – но само за да се искачам над нив. Тогаш тоа се нарекува вера над знаењето. А наместо тоа, јас жалам – зошто мене не ми се открива се во разумот, за јас да постапувам како разумен човек, и да знам, дека имам ум и сопствени сили за правилен напредок...

Пешак, излезен од точката А во точката Б

Прашање: Дали е можно цело време да се оди со верата над знаењето?

Се разбира дека не е можно. Но кабалистите не дискутираат: можеме ние или не можеме така да се движиме. Ние сме едноставно обврзани! А кога не можеме – молиме за помош, и Создателот ја врши оваа работа за нас! Целата работа – е работа на Создателот, а не на човекот, но ние мораме да Го замолиме да ја изврши таа работа. Човекот е обврзан да дојде до крај во обидите да ја изврши! Иако од почеток му е јасно, дека на крајот го чека неуспех, со сопствените сили да ја достигне целта.

Но среќата е во тоа, дека открива, дека тоа ќе го направи Создателот, и знае како да Го замоли. Јас секогаш се наоѓам во таков процес, движејки се по права линија помеѓу почетната ( тековна) точка и конечната цел, до која јас неминовно морам да стигнам. Конечната точка – тоа е давање, љубов кон Создателот и суштествата, верата над знаењето, давањето над примањето. И излегувајки од почетната точка јас морам да стигнам до конечната. А по патот јас имам:

Прв дел: прави се, што е во твоите сили! Тоа е пред се.

Втор дел: целосно разочарување во свопствените сили.

Трет дел: разбирање, дека само Создателот може мене да ме спаси.

Четврт дел: каде што јас почнувам да работам со Него заедно во давањето (хафец хесед) и љубовта.

Но, наоѓајки се на самиот почеток, јас морам да знам, дека неминовно ќе стигнам до крајот, и да се надевам на сопствените сили! Јас не можам да кренам раце и да чекам дејство одозгора. Ако јас не одработам максимално во првата фаза, ако не направам се што е можно, што можам со сопствените сили – јас никогаш нема да стигнам до очајот, до сфаќањето на својата беспомошност, а значи, никогаш нема да спознаам, дека имам потреба во помошта од Создателот. А како тогаш јас ќе ја предизвикам светлината, која враќа кон изворот? Едната фаза се отвора после другата, ја одредува и ја гради следната состојба. Човекот не знае точно каде се наоѓа и што го чека во следната фаза, следниот момент. Но целото напредување се остварува се помош на неговиот притисок.

Чувствувањето на гревот – тоа е веќе покајување

Во статијата " Кога на човекот му е познато, што е тоа трепет пред Создателот" Рабаш пишува, дека гревот се случува токму за време на подемот, кога човекот се удостојува од љубовта од Создателот и одлучува да ја земе како основа за работата, исфрлувајки ја верата. И кога мисли, дека повеќе никогаш нема да падне, бидејки ќе се движи согласно здравиот разум. Но повторно паѓа во љубов кон самиот себе – како казна поради тоа, што ја изгубил верата. И таа казна – е исправување, кое му помага да се врати на правиот пат на искачувањето по духовното скалило.

Токму така ние треба да ги воспримаме своите состојби. Состојбата, каде нам ни се чини дека се наоѓаме во паѓање и добивме казна – фактички е дадено за нашето исправување. Да се чувствува својот грев – тоа значи, дека веќе не се греши. Грев – е тоа што ние сме го сториле пред тоа! А чувствувањето на сторениот грев – тоа е веќе исправување.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica