Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Како да се справиме со бурниот поток

28.07.2010

Прашање: Секој пат кога јас се обидувам да се приклучам на часот, откривам дека множество на мисли од страна го одвлекуваат моето внимание. Што да правам?


Се произлегува од Создателот, пробудувањето одозгора ( итарута делеела). Ако од влијанието одозгора во мене се пробудуваат добри мисли, но заедно со нив и лоши, - тоа е слично на водена струја која во себе носи многу нечистотија. Кога ти се обидуваш да ја филтрираш, нечистотијата се искачува нагоре. Но тоа е неопходно, за да се исфилтрира "нечистотијата", да почувствуваш што имаш во себе.

Затоа, токму привлекувањето на светлината и враќањето кон Создателот, го предизвикува чувствувањето на "нечистотијата", - покажува колку уште ти треба да исправиш. Тој што започнува да ја изучува науката кабала не разбира зошто тоа се случува, и се наоѓа во забуна: се стреми кон доброто, а добива одвратни состојби. Кај него уште не постојат внатрешни сили за да се справи со нив, не постои разбирање за случувањата. Тогаш зошто му е потребно да ги преживее таквите состојби? Затоа што "не постои поумен од искусниот". Продолжувајки да изучува, тој ќе ја почувствува неопходноста за сите тие осети. И обратно, лошо е ако во човекот не се открива "нечистотијата", туѓи на духовното, желби и мисли. Тоа е знак дека тој не ја привлекува светлината, која враќа кон изворот.

Целата исправувачка светлина пред се ги открива уште неисправените желби, за ти да ги почувствуваш нив како лоши и да ги исправиш. Треба да молиш за нивно исправување, а не за нивно исчезнување.

Затоа, кога ние ги читаме кабалистичките книги и се чувствуваме лошо, - тоа е знак дека ние сме на правилниот пат, дека Тора ни служи нам како "еликсир на животот", бидејки ни ги открива нашите внатрешни болести , за ние да ги исправиме. Наместо, кога би, изучувајки ја Тора ние би добивале добри чувства, увереност, гордост, чувство на надмоќ, - тоа би било знак дека Тора за нас претставува "смртоносен отров", дозволувајки ни спокојно да остануваме во нашиот егоизам и уште повеќе да се гордееме со себеси. Затоа ние треба да се радуваме, дека за време на учењето нашите внатрешни "грешници" се откриваат. Тоа е знак, дека Тора навистина во нас го открива злото и го исправува, како што е речено: "Ја го создадов почетното зло и ја дадов Тора за негово исправување".

Согласно на тоа, човекот може да провери дали напредува во правилната насока – кон откривањето на злото на егоизмот во себе. Колку повеќе ние учиме, толку повеќе разбираме дека злото се наоѓа во нас, и пред се ние имаме што да исправиме, а за останатиот свет ние треба само да молиме тој да се разбуди, а генерално да го оправдуваме ("ладун кољ ехад ле кав зхут").

Стапете во дијалог со Создателот!

Главното побарување од човекот – тоа е негова правилна реакција на обраќањето кон него од Создателот. Создателот е изворен, Тој секогаш започнува, а човекот претставува последица, реакција на влијанието на Создателот врз желбата. Јас – тоа е реакција на желбата на влијанието врз неа од страна на светлината. Вишата светлина ни доаѓа одозгора, преку четири стадиуми 1-2-3-4, АВАЈА (јуд-хеј-вав-хеј). Суштеството нема друга врска со Создателот. Затоа ние треба да се трудиме правилно да реагираме на обраќањето кон нас од страна на Создателот – т.е. на чувствувањето на себеси и светот во секој момент. Ние треба да го препознаваме во нашето постоење постојаниот дијалог со Создателот.

Тој ја создаде врската помеѓу почетната точка на обраќањето кон нас, почетокот на буквата "јуд" (куцо шељ јуд), и последната буква на АВАЈА – "хеј", во која се наоѓаме ние, нашиот свет. Врската помеѓу почетната точка на буквата "јуд" и последната "хеј" може да ги содржи во себе сите 5 светови, 125 скалила – тогаш ние не ја чувствуваме врската со Создателот. Врската се открива веднаш по искачувањето на првото скалило, бр.125 – Малхут на светот Асија. А потоа скалилата 124,123 и т.н. до искачувањето во светот на Бесконечноста, највисокото скалило. И сето тоа – внатре во АВАЈА, помеѓу почетокот на буквата "јуд" и долната буква "хеј". Таа АВАЈА – мојата врска со Создателот, започнува да ми се пројавува се повеќе, како од магла, од скривање, се станува појасно. Јас го достигнувам откривањето на врската, непрестајно насочувајки се себеси кон Создателот, како одговор на Неговото влијание врз мене, обидувајки се сето да го поврзам со Него, на принципот "Не постои никој освен Него".

Како да се реагира максимално правилно и ефективно? – Најефективна реакција, насочена во сите случаи точно кон Создателот – да се трудиш заедно со пријателите да го извршиш заедничкото дејство "обраќање кон Создателот". Меѓутоа, обраќањето е ефективно, ако е насочено назад по АВАЈА. Тоа се постигнува со читањето на вистинските кабалистички изворници. Читајки за случувањата во АВАЈА, ти ја насочуваш Малхут кон Кетер, вашето соединување кон изворот. Ако ние се обединуваме, по мера на обединувањето се наоѓаме во Малхут – само ако се соединуваме заедно. И сите заедно, со читањето на Книгата Зохар, посакуваме да ја пратиме АВАЈА назад – со одразената светлина до нејзиниот почеток, буквата "јуд". Бидејки кабалистичките книги зборуваат само за врската Кетер, "јуд" и Малхут, долната буква "хеј". Затоа (Баал ХаСулам Предговор кон ТЕС, п.155), читајки без откривање и разбирање на врските во АВАЈА, ние ја пробудуваме врз себе оваа врска и го откриваме овој систем.

Од дневната лекција / 28.07.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica