Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Како да се стане духовен супермен?

25.11.2010

Прашање: Место да добијам супермоќи, од ден на ден се чувствувам се послаб. Како да станам духовен супермен кој се издигнува над своето его?

Одговор: Пред се треба се да ти биде засновано врз факти. Нема причина да се плашиме од фактите бидејќи се` ни доаѓа од Создателот, кој ни дава процес како начин да научиме нешто. Горната Светлина влијае на нашите внатрешни Решимот, создавајќи ги во нив сликите кои се појавуваат пред нас. Тој зема информации (Решимот) од нас, ги проектира на нашиот внатрешен екран, и така се перцепираме себеси дека сме во одредена состојба.

Сите тие состојби мораат да ни се случат на патот. И што е проблемот? Дали е тоа што понекогаш се чувствувам лошо а понекогаш добро, и немам никаква власт врз себе? На крај, сепак со мене владее Светлината. Сега добивам објаснување за тоа како Светлината влијае на мене.

Но кој сум јас? Јас само го гледам ова дело. Затоа се вика дело на Создателот. Го гледаме отстрана и треба да го искористиме за да научиме што се случува. Дали е непријатно да се знае дека Тој ме управува мене? Што ако го погледнам својот пријател кој одеднаш плаче или е среќен, понекогаш спие а некогаш брза некаде; тоа би било нормално бидејќи би ги видел постапките на Светлината како раководат со некој друг. Но мене не ми е драго да видам како сето тоа ми се случува мене. Од една страна, тоа е точно. Од друга, ако почнете да се поистоветувате со тие постапки, со Создателот, и ако сакате да го оправдате, тогаш нема да ви е гајле што ќе ве снајде. Се поистоветувате со Оној што оперира со вас и се гледате себеси како материјал на кој Тој работи.

Можете ли да се одвоите од тој материјал? Да кажете, „Ова воопшто не сум јас. Ако се движам, правам нешто, мислам или посакувам нешто, ништо од тоа не сум јас. Јас се поистоветувам со Создателот кој прави што сака со овој материјал." Тогаш веќе можете да се видите себеси од страна. Сега се јавува прашање: Можам ли да го замолам Создателот да изврши други цели со намера? Можно е тоа да се случи, па да пробаме. Какви постапки ќе бидат тоа? И за што? Што ќе чуе? Што ќе сака Тој да направи? Не сакам да го молам за нешто суетно. Ако веќе сум стигнал до состојба каде делувам заедно со Него во однос на моето тело, како што правеше Мојсие против Фараонот, тогаш да побарам нешто вистинско. Така човек почува со целиов процес.

 

Овој живот е сон

Прашање: Како да стигнеме до откровение за да го видиме духовниот свет исто толку реално како што сега ја гледаме нашата стварност?

Одговор: Не знам дали нештата што ги гледам сега се стварност или не. Што ако сонувам и не можам да се разбудам? Ми се чини дека сега сум во одредена стварност, но како навистина да знам дали или не оваа стварност е само сон во споредба со следната стварност? Можеби таму ме чека такво ниво на будност што се што сум чувствувал во минатото ќе ми изгледа како сон? Во мојата сегашна стварност исто така има периоди кога се исклучувам од неа и одам да спијам. Затоа, како да знам: Можеби и сега спијам?

Со други зборови, морам да разлучам како да одам од една состојба до друга и да стекнам нова свест. И затоа кабалистите ни дале средство. Додека не ја стекнете таа нова свесност, ќе останете во сон и нема дури ни да откриете дека е возможно да се разбудите и да почнете да живеете! Сите сфаќаме што значи да се сонува. Спиев, се разбудив, и сега се сметам за буден. И тоа е баш онака како што постоиме во однос на духовниот свет, светот кој ќе дојде. Има многу вакви состојби, една над друга. Кабалата ни дава начин да продолжиме да се воздигнуваме од една до друга состојба. Ако правилно ги користите средствата што ви се дадени во сегашната состојба, ќе можете да се искачите до состојба која се нарекува „живот" во однос на вашата сегашна состојба, а тоа како се чувствувате денес ќе го викате „сон". Напишано е, „Бевме како во сон."

Скокнете над својата глава

Прашање: Како да ја стекнеме способноста да напредуваме „над разумот"?

Одговор: „Над разумот" е над нашата „материја", желбата за уживање; со други зборови, „над разумот" е во одликата на давање. Ние самите не можеме да се издигнеме над нашиот егоизам. Тоа е возможно само со помош на Горната Светлина, Ор Макиф. „Разум" значи мојата желба. Во мојата желба можам да чувстувам, гледам, и да пресметувам во однос на веројатната корист или штета, или на тоа дали вреди да користам одредена желба или не. Како резултат на таквите пресметки доаѓам до одредени заклучоци и потоа ги остварувам моите желби. Во врска со тоа немам никаков проблем. Така живеам во овој свет. Сигурен сум во врска со дел од овие пресметки и се сомневам во друг дел од нив. Во нашите земни науки ја користиме и теоријата на веројатноста секогаш кога немаме сигурна информација. Меѓутоа, во секој случај имаме на што да се потпреме.

Од друга страна, „вера над разумот" или „над знаењето" е кога немам никакви инструменти или средства за перцепција. Покрај тоа, не ни знам што е „повисоко." Да беше едноставно спротивно од разумот, би можел да пресметам како треба да делувам според мојот разум и потоа би постапил на сосема спротивен начин. Сепак, и тоа би била рационална пресметка. Меѓутоа, немам никаква идеја за тоа што е „вера над разумот"; не знам каков разум следи, какво чувствување и пресметки опфаќа, и во одност на што. Тоа е одреден пристап, склоност, или парадигма која не постои во мене. Затоа, само Светлината може да дојде и да ни го даде тој пристап бидејќи „над разумот" значи „за давање", што значи не според пресметката во Кли, желбата за уживање. Но ако не е во желбата, тогаш не знам што е. Како да откријам? Не знам. А во која желба?

Кабалистите велат: Ако почнете да ја перцепирате желбата на ближниот како своја, ако можете да направите пресметка во врска со неговата желба, онаква што е за негово добро, тогаш тоа ќе биде над вашето сегашно знаење. Меѓутоа, за да го сторам тоа морам да добијам супермоќи кои ги немам. Ако ги примам, ќе можам да одам „над разумот." Но за сега, не можете да скокнете повисоко од себе.

Само Светлината која не создала може да не промени. Затоа мораме да користиме „чудотворни средства" (Сегулот) и да вршиме разни постапки кои ја будат Светлината за да влијае врз нас. Така ќе се мери нашиот успех. Умот и чувствата што ги собирате во вашата желба за уживање за сега не можат да ви помогнат. Можат да ви помогнат само во спротивниот облик. Ако правите секојдневна проценка што сте постигнале во духовноста, ќе видите дека всушност не сте постигнале ништо иако вложувате толку напор. А истото ќе се случи и утре. Ден потоа, на сето згора ќе бидете и збунети. Уште еден ден потоа одеднаш ќе почувствувате дека сте станале паметни. И така натаму. Секој ден додавате се повеќе негативни појави поради тоа што живеете во желбата да уживате самите за себе и мислите дека само Светлината може да ви помогне, но не доаѓа и не ви помага. И што да правите? Почнете да водите војна против разумот, како што пишува во врска со прогонството од Египет.

Од првиот дел од Дневната лекција од Кабалата 11/25/10, Зохар

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica