29.07.2010
Целата природа е поделена на нивоа: неживо, растително, животинско и човечко. И во човештвото постојат истите тие нивоа, истата таа поделба – во секој од нас: четири стадиуми на развитокот на нашата желба да се насладуваме. Нас не води преку овие стадиуми зависта,похотата и честољубието: од желбата за богатство – кон власта, а од власта – кон знаењето, развивајки не` од скалило до скалило. И колку посвисоко се искачува човекот, толку повеќе можности добива од страна на природата – толку се поголеми шансите тој да погреши и да се отргне од вистината. Бидејки на колку повисоко ниво се развива, толку повеќе содржи во себе различни особини, и станува се поранлив и поподложен на влијанијата.
Обичниот народ го загрижува само неговата благосостојба, богаташите – само парите, хероите, желни за власт – веќе зависат од мислењето на опкружувањето, а мудреците кои се стремат кон знаењето, се полни со сомневања и постојано се наоѓаат во потрага и внатрешна незадоволност.
Колку повеќе е развиен човекот, толку повеќе има шанси да се заинтересира со несуштинска идеја, наместо да оди по прав и најкраток пат кон целта, спојувањето со Создателот. Баал ХаСулам пишува во Предговорот кон книгата "Паним Меирот", дека целосната желба на развиените луѓе се разбива – и тие се насочуваат кон парите, власта и славата, заборавајки за главната цел – и со тоа завршува "човекот". И тука може да помогне само среќата и "чување од горе". Ние гледаме, дека постоеле луѓе кои ја имаа вистинската желба – но и тие постепено се гаснеа, потклекнаа под тешкотиите на нашиот свет.
Затоа, расчисти си со себе: навистина ли ти е важна само целта, како да освен неа останатиот свет не постои. Создателот му помага во овој пат на човекот, само ако во него живее тој постојан внатрешен страв и трепет, како да не скршне од патот – со тој страв тој ја привлекува кон себе помошта од горе. Бидејки тогаш тој разбира, дека неговата душа – е целосно во рацете на Создателот...
Како да се спојат сите пирамиди во една
Пирамидата, врз која е основана целата природа, која во себе содржи четири нивоа: неживо, растително, животинско и човечко – се наоѓа внатре во секој човек. И таа е секогаш во него, односно тој секогаш ги соединува во себе сите желби. И затоа тој е должен секогаш да има предвид и да разбира, дека потребно е да ги изгради своите желби во облик на таа пирамида – по големината на приоритетите. Ти не можеш целосно да се отргнеш од реалноста и да се вивнеш во духовното – тоа не е правилно! Тоа значи, дека ти не управуваш со своите желби, не ги гледаш и не ги чувствуваш. А тебе ти е потребно да го гледаш целиот систем и да знаеш на кое ниво се однесува во тебе секоја желба: неживото, растителното, животинското или човечкото.Тоа е моето целосно духовно кли – АВАЈА (јуд-хеј-вев-хеј), и јас работам со ови желби, правејки за секоја свој екран. Со тоа јас ја задржувам душата во своите раце!
Јасно е, дека ми е неопходна помош од опкружувањето и вишата светлина, но целата таа духовна конструкција треба да биде "пред мене". Дури и да се случи дека јас грешам во случајната егоистичка пресметка – јас морам да имам целосна пресметка за тоа што се случува.
Целиот свет е изграден врз база на таа пирамида, исто и секој човек, и преку тие пирамиди на желбите ние се соединуваме едни со други. Ние не ќе можеме ништо да исправиме во овој свет, додека не ги соединиме врвовите на нашите пирамиди, во нивната највисока точка, со спојувањето заедно и со Создателот. И тогаш се ќе се изедначи и ќе се соедини во еден систем. Само во таа највисока точка на спојувањето ние ќе можеме правилно да се соединиме со своите пирамиди на желбите. И ќе откриеме, дека сите наши желби и особини – се добри и неопходни, кога тие се соединуваат заедно, и ние се надополнуваме едни со други во една целина!
Oд дневната лекција / 29.07.2010