Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Како два и два !

 

29.04.2011

Кабалата, пред сè, е наука. А наука не се совладува набрзина, навечер лежејќи на кревет, со книгата во раце. Се разбира, и тоа не е малку, но науката бара проучување.

Затоа отвараме посебни курсеви за човек да ги добие најнеопходните познавања за неколку месеци. Во прв ред, тој треба да сфати што е науката кабала. Ние не вршиме притисок врз него, тој не мора да работи на себе, да се поправа – за почеток тој доаѓа и добива определена количина информации, без кои што не може да разбере каде се наоѓа.

Му се објаснува каков е нашиот свет, каков е духовниот свет, која е врската меѓу световите, како се преминува во духовното, што е тоа Виша власт, каде се наоѓа коренот на душата и како да стигне до неа, што е „среќа" (мазел) – Светлини кои „течат" кон нас (нозел), каков е односот на кабалата кон религиите, верувањата, науката и останатите работи кои означуваат сфаќања за времето, просторот и движењата, кој е правилниот пристап за восприемање на реалноста, што е слободна волја и многу друго.

Сево ова човекот мора да го научи кратко, едноставно и јасно, задавајќи прашања на компетентен наставник, кој самиот учел многу години кај нас, ги поминал неопходните курсеви и ги положил испитите. Нашите наставници се професионалци во својата работа. За кратко време ќе ви ги пренесат со сите основни познавања – јас лично ви го гарантирам тоа.

Ако човек го занемарува правилниот редослед на учењето, тој секогаш ќе има пропусти. Исто како што и мрзливиот дипломец нема да може да најде работа ако не ја знае таблицата за множење. Затоа препорачувам да се посетуваат курсевите. Тие се состојат од три семестри: на првите два се добиваат основни познавања, а третиот нуди цел спектар од дополнителни можности и е наменет за долготрајно учење. Некои не сакаат да го завршат, па го продолжуваат учењето неколку години. Со среќа!

Заедничко и лично достигнување

Ние постоиме со чувството на животот кој се нарекува „овој свет". Тоа е најнискиот, најмалиот и најлошиот свет од сите, но, сепак, е некаков живот и ние генерално го знаеме тоа.

Но како да проникнеме во одделните, односно Вишите светови и како низ нив да се издигаме? Ова е можно само ако сакаме да се издигаме меѓу нивоата на световите со цел да Го вознесеме и славиме Создателот.

Овие светови за тоа и ни се потребни, со нив да го оствариме своето давање и љубов кон ближниот. И тогаш ќе можеме да навлеземе во сите детали, наместо општиот, површниот изглед на човекот кој го чувствуваме во „овој свет" и да се издигнеме по 125-те скалила на личното духовно достигнување. Секој детал кој што сакаш да го почувствуваш, да го достигнеш, да го видиш во овие духовни светови бара правилно насочување на твоите напори и откритието кое ќе го добиеш на крај треба да биде за добро на ближниот или Создателот (што е едно исто).

Инаку, зошто ти е да се задлабочуваш во сите овие детали, за лично задоволство? Тоа е невозможно, затоа што духовната наслада е наслада од давањето, а не од егоистичкото примање! Затоа, преминот од општото кон деталното достигнување во овој свет означува поголемо воодушевување и можност за поголемо сопствено исполнување, да се воочи нешто интересно не од далечина, туку лично вклучување и учествување во некој процес.

Се разбира, разликата е голема од тоа да се биде набљудувач од страна или самиот да се наоѓа во центарот на случувањето, што носи многу поголема наслада. Така и во личното, духовно достигнување, имаш можност за големо давање и според тоа колку си спремен за него, толку ќе ти се отвори ова лично достигнување.

Затоа човекот кој сака да ја види не само општата слика, „овој свет", туку и сите делчиња, сите најситни детали од созданието и дејствата на Создателот треба, пред сè, да се вооружи со намера „за давање".

Да се почувстува што значи да се биде Создателот

Кога влегуваме во духовниот простор, се вклучуваме во други души. Поинаку јас едноставно не можам да влезам во духовниот свет, затоа што тоа не е некое место оградено со ограда, каде што се влегува низ врата. Тоа го можам само ако се соединам со другите во еден систем и ја почувствувам реалноста, не само лично и индивидуално, туку како заеднички животен систем, каде што се соединуваме јас и другарите, стануваме еден човек со едно срце, тогаш почнувам да воочувам повеќе детали од него преку дополнителните органи за восприемање, покрај сопствените. И најважно, го чувствувам преку нашата заедничка желба, заедничкиот духовен сад кој го градиме заеднички и кој нè вклучува сите нас.

Тоа не е само збир од нашите желби, туку сосема ново својство кое се нарекува својство за давање и всушност преку него почнувам да чувствувам друга димензија – Виша, духовна. Тоа не се некакви дополнителни детали кои секој од нас може да ги види поинаку и не е размена на лични впечатоци. Тоа е еден заеднички впечаток кој произлегува од давањето, од чувството на дејствување на Создателот.

Ние извршуваме дејствија за давање, односно ги повторуваме Неговите дејствија! Затоа духовното достигнување воопшто не е слично со материјалното, зашто ти почнуваш да чувствуваш што значи да се биде Создателот. Иако системот изграден од тебе не е „божествен", туку собран од нашите души, тој има посебна направа, а тоа е соединувањето на душите во љубов, заемна грижа и гаранција над нивното почетно его, лошата природа, омраза, отфрлања. Разликата меѓу првите и вторите својства ќе направи величина, нов простор, во кој ќе почнеме да чувствуваме дејствија кои се нарекуваат „давање".

Со други зборови, ти во себе, во своите желби и својства, си изградил сличност на Создателот и според неа можеш да сфатиш каков е Тој. Претходно си гледал на овој свет и си видел некако создание, кое не си го разбирал. Но сега, кога се приближуваш до Него, откриваш дека во тоа создание е Создателот, бидејќи го составуваш Неговиот лик од своите делови, од сите души.

Како резултат на ова, дознаваш за таква голема количина детали, што го откриваш она што било скриено во овој свет. Гледаш дека таму се криеле дејствијата на Создателот. Така се задлабочуваш сè подлабоко, толку – колку што можеш кон својот систем да присоединиш поголема бројка на делови/души и посилно да ги сплотиш. Сè додека сите души, со своите лични погледи на светот не се соединат во една душа, една желба која се нарекува Малхут на светот на Бесконечноста. А таму, во своето соединување еден со друг, во сите негови најситни детали, се открива личното чувство и достигнување, сосема еднакво на Вишата Сила, коренот, создаденото достигнување од самиот почеток, од каде што и сме го почнале својот пат.

Излегува дека по пат на соединувањето на голема количина делови, ти преоѓаш од општото достигнување кон невообичаено детално и подробно. Низ секоја душа и низ сите нив, соединети меѓусебно, ти го достигнуваш Создателот, духовниот свет. Ти сам Го градиш, затоа што нема Создател без создание! Затоа Тој така и се нарекува „Создател" (Боре) – „дојди и ќе видиш" (Бо-ре).

Всушност, главното овде е работата на системот. Го градиме од „материјалот" кој ни е даден, од тулите од души кои секој од нас ги присоединува кон заедничкиот систем, издигнувајќи се над својата омраза, егоизам, одбивање и зачувувајќи ги своите единствени својства. А со тоа создаваме многу силен систем на своето лично достигнување.

Секое ниво почнува од нула

Прашање: Ако добиваме духовно достигнување со тоа што од општото восприемање на овој свет преоѓаме кон сè подлабоко и подетално, тогаш зошто е кажано дека овој свет е имагинарен? Излегува дека ние едноставно ја зголемуваме дозволената способност (Зумираме)?

Но, овие детали кои ние ги достигнуваме, суштествено се разликуваат од нашето претходно восприемање, бидејќи ги откриваме елементите на давањето, Силата скриена во нашиот материјал. Не го разделуваме постоечкиот материјал на поситни делови, молекули, атоми, милијарди врски кои ги соединуваат. Ние ја достигнуваме Силата која постои внатре во тој материјал – Силата на давање.

Се движиме од општото кон деловите, но разликата меѓу нив не е во количината на деталите, туку во нивниот квалитет. Нам ни е дадено ова временски ограничено чувство за постоење – ние се наоѓаме во „бессознание". А кога ќе почнеме да го откриваме духовното, ќе ги достигнеме своите корени, во целост базирани на давање.

Нашиот свет кој постои врз основа на егоизмот, примање, е имагинарен, затоа што примањето воопшто не постои само по себе. Тоа е создадено само за тоа, од него, од таа нам својствена илузија, да се почне да се гради вистинската реалност која може навистина да постои. Токму затоа ние живееме во реалноста на овој свет, ако може тоа да се нарече живот.

Односно, нашиот свет навистина е имагинарен и постои само како наша халуцинација од загубената свест. Но, во оној момент, кога ќе дојдеме до чувството, ќе разбереме каква е силата на имагинацијата која ни ја црта сликата на овој свет и со каква цел го прави тоа. Таа ни дава можност да се искачуваме по сите 125 духовни скалила и да се качиме дури и на највисокото, последно скалило сосема независно, слободно, бидејќи секој пат ние почнуваме од илузијата.

Секое скалило започнува со сознанието за недостаток на познавање на самото тоа скалило – од сознанието за лошото. Тогаш почнуваме да го исправаме него и го достигнуваме својството на давање на самото тоа скалило. Ние дејствуваме сосема независно бидејќи сè уште не се наоѓаме во духовното и тоа нас со ништо не нè обврзува. Затоа можеме да почнеме со целосна одделеност од него, од неосознаена состојба. И така, по свој слободен избор можеме да се издигаме од скалило на скалило.

„И во неговите ноздри му вдахна живот"

Прашање: Како во себе градиме сличност со Создателот?

Слично на тоа како што радиото се мести на одредена фреквенција. Колку што ќе можеш во себе да произведеш определен духовен „бран", толку и ќе го разбереш однадвор, согласно законот за соодветност на својствата.

Нам не ни е познато каков е Создателот. Вишата Светлина нема никаква форма и се наоѓа во апсолутен мир, тоа е едноставна, апстрактна Светлина. Тоа е општата сила на давањето, која јас не можам да ја разликувам, бидејќи секогаш воспримам само конкретни форми. Но колку повеќе форми на давање ќе успеам да изградам во себе, во некој момент тие ќе почнат да оживуваат!

Исто како што ако земам пластелин за да направам зајаче и ако го лепам правилно, со сите детали, тоа одеднаш ќе оживее! Потоа правам уште некоја форма, на пример, жирафа. Лепам, лепам, на крај и таа ќе оживее!

Односно, потребно ми е да направам духовен сад, и во тој момент кога ќе биде готов, едноставна Светлина која чека надвор, ќе го наполни садот со животен дух. Така почнувам да достигнувам, да чувствувам, да сфаќам каков е Создателот, преку сите тие форми.

Јас ги градам во себе – тоа се делови од мојата душа која почнувам да ја собирам, научувајќи се уште повеќе да давам, уште повеќе да сакам и да не мислам само за себе. Сега се обидуваме да го изградиме своето прво духовно скалило, пружаме напори и не знаеме како да го собереме и зошто не ни успева.

Но во тој момент, кога ќе завршиш со градењето на првата форма, ќе почувствуваш дека си се родил! Односно, во тебе веќе има некаков духовен лик и тој почнал да живее! Внатре во таа школка која си ја изградил со сите нејзини правилни форми сега има Светлина. Така постепено, етапа по етапа во градиме ликот на Создателот. Од сите детали кои ги собираш од сите другари кои се соединуваат со нив низ целиот свет, ти градиш сличност со Создателот, односно твоја вистинска душа.

Од утринската лекција - 29.04.2011   следете на  Каб.тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica