Квалитетот е многу поважен од квантитетот. Во светот има безброј видови растенија, но значењето на еден цвет е еднакво на сета неподвижна материја во целиот универзум. Едно животно е еднакво на сите растенија во светот. А еден човек е еднаков на сета останата природа заедно. Толку се разликуваат нивоата; разделени се со провалија.
Кога би ги собрале сите камења во целиот универзум, би било невозможно од нив да израсне макар еден цвет, бидејќи цветот содржи живот. Тој расте, што е одлика која ја нема кај неподвижното ниво на материјата. Развојот на човек е сосема уникатен и не може да се сфати со проста анализа. Би изгледало дека секој човек има многу мала сила, додека во стварност, таа сила има многу голем квалитет.
Затоа, настан како Конгресот на кој се обединуваме произведува многу моќна сила. Сите ѕвезди во универзумот се практично безвредни во споредба со вредноста на човечката мисла. Денес научниците откриваат дека нашите мисли влијаат на физичките процеси, како однесувањето на елементарните честички во големиот акцелератор на атомски честички.
Во стварноста, нашите мисли ги контролираат сите ѕвезди, како и се што е на вегетативните и подвижните нивоа на природата. Сето тоа е резултат на човековиот став, мисли и желби. Затоа е напишано дека сите делови од природата се во човекот, и нема што да се поправа освен нашите мисли. Така го поправаме целиот свет.
Светлината доаѓа во овој свет преку систем наречен „човек," бидејќи тој систем е повисок од сите други, а Светлината се шири одозгора надолу. До онаа мера во која овој систем е обединет или раздвоен, што значи поправен или не, до таа мера Светлината ќе стигне до сите други делови од природата (неподвижниот, вегетативниот и подвижниот), и тоа одредува како го гледаме светот.
Затоа, пишано е дека сета природа е во човекот и се качува или слегува заедно со него. Ако се возвишам, достигнувам поголема врска со другите, и така ја поправам заедничката душа. Преку мене, целата природа добива поголема Светлина, и така и природата се поврзува и достигнува поголема хармонија.
Јас сум центарот на сета природа. Опкружен сум со неподвижното, вегетативното и подвижното ниво, но јас сум тој што го одредува нивното исправање. Кога ќе завршам со моето исправање, тие нивоа исчезнуваат и стануваат дел од мене, бидејќи всушност се дел од мене и мој одраз.