Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Како се чита Зохар 07.03.2010

 

Прашање:Јасно е дека секоја книга влијае на човекот, па дури и ако е за вкусна и здрава храна.

Кога ги читаме статиите на Рабаш за групата или статиите на Баал хаСулам "Дарувањето на Тората" и "Сигурност", нам ни е јасно дека во нив се зборува за обединување.

Читајќи ја книгата Зохар, веруваме дека кабалистите исто така пишувале за обединување, но од самиот текст тоа не се разбира. Како таквиот текст дејствува на човекот?

Постојат книги кои влијаат на осознавањето. Дозволете, ние читаме книга со рецепти за еколошки чиста храна. Разбираме за што станува збор и тоа дејствува на нашиот разум.

И книгата Зохар е напишана така, таа не се обраќа на нашиот земен разум доколку ние сме способни да разбереме за шти станува збор. Ние не сме создадени со духовен разум и треба да го достигнеме тој степен. А во мене сега го нема.

Затоа ние не можеме да разбереме за што пишуваат авторите на Зохарот. Ние треба да се издигнеме на нивото на нивниот разум и чувство.

Понекогаш вие веќе чувствувате такви промени, кога ти го восприемаш тоа што порано не си можел да го уловиш. Ненадејно ти гледаш дека тоа е сосема друг агол на гледање, кој го нема во овој свет, повеќе внатрешен.

Тоа веќе се случува во нас во намерата "ло лишма" (поради примање). Покасно, кога ќе разберете што значи "лишма" (поради давање) и ги добиете духовниот разум и чувство, тоа ќе биде слично на суштество од друга планета кое не постои во овој свет.

За да се доближеме до тоа, Зохарот е напишан во два слоја. Едниот слој е кога ти читаш раскази за нешто од тој свет, напишани во многу чудна форма, за Скинии, животни, пустината Синај и друго.

Вториот слој е повеќе внатрешен, во кабалистичките термини – ЗА, Малхут, три линии, подеми, падови, Аба ве Има итн.

Ти немаш никаква врска ни со едниот слој, ни со другиот. Во суштина, тоа не се два слоја, туку два јазика кои зборуваат за една и таа иста појава.

Поблискиот слој до мене, кој раскажува за нешто од тој свет, јас уште можам да си претставам во себе – шатор, Скинија, луѓе, некакви дејствија кои се одвиваат.

Вториот слој исто така јас можам да си го замислам – десна и лева линија, врв, дно, поминувањето на светлината, подеми и падови (парцуфим).

Неопходно е да се вложуват повеќе сили за да си ги замислиш тие два слоја како едно цело, тоа се сè наоѓа во мене и станува збор за мојата врска со силите на давањето. Се е тоа – силите на давањето и ништо освен нив.

Каде е Скинија, каде е Шатор Собранието, каде е ЗА, каде е Малхут? – Сите се внатре. Јас треба и кон едниот и кон другиот да се однесувам како кон своите внатрешни духовни особини. Јас сакам да ги извлечам од себе надвор, да ги почувствувам. Тоа се нарекува "да се открие книгата", да ја откриеш.

Во книгата Зохар нема "перење на мозокот", нема насилство, нема ништо. "Сгула" во неа работи само по моја желба. Затоа мојата желба треба да биде многу силна за да Зохарот истовремено да дејствува на мене и ми се откри духовното.

(Нишки) за намерите

Може да се покаже дека е попријатно да се чита Зохарот спокојно, не вложувајќи никакви сили. Но нам ни е потребно да во секој збор бараме цел, а тоа не е едноставно. Јас треба да не се согласувам само со тоа да се чита и да се пропуштаа зборовите преку ушите, туку во секој збор да видам можност да навлезам во текстот, слично на тој влез.

Јас читам и секој збор кој го среќавам на својот пат, ми служи за нишка за намерите, соединувањето, врските. Јас гледам дека секој збор може да се додаде на тоа. Само така треба да се чита Зохарот. И тогаш ќе дојде светлината, која ќе ги соедини двете спротивставени особини: Авраам и Исак и се што е заклучено меќу нив, во една особина на средната линија, која се нарекува Јаков или Израел.

Чудесната особина на книгата Зохар е во средната линија, благодарение на која сето добор и зло се соединуваат заедно и во нивното правилно соединување го откриваме Создателот – изворот на сè.

Дозволете ми да бидам заедно со сите!

Науката кабала е многу барана, затоа што поинаку човекот не може да живее во овој свет, каде сега се открива целосната глобалност во сè. Немаме желби кои би се предале на тој свет, кој сега се открива.

Што прави книгата Зохар? Нејзината светлина носи и во нас создава чувство и разбирање на глобалното единство, соединувањето. И ти знаеш како да го земеш системот, кој се состои од три линии – соединувајќи ги заедно спротивставените материи, кои се дополнуваат една со друга. И тогаш ти добиваш можност да го разбереш тој свет! Ти почнуваш да го гледаш вистински низ таа решетка, која ти ја создава светот.

Јас сакам, за да силата на природата, станувајќи глобален свет, кој сега ни се открива, подејствува исто и на мене и да ме направи сличен на неа, за да мојот внатрешен систем биде сличен на неговиот систем. Така дејствува светлината, која се враќа кон изворот.

Секогаш ми се кажуваше дека јас сум повеќе од природата и дека управувам со неа. Но сега разбирам дека тоа не е така и сакам да се обединам со таа за мене внатрешна природа, која е глобална, интегрална, огромна, целна и совршена. Јас сакам да ја искористам нејзината интегрална сила, нејзиното единство. Јас гледам дека не сум само јас еден во редот и единствениот не интегрален нејзин дел. Само моето его ме отделува од природата. Ако силата на природата ја отфрли мојата себичност ќе ми дозволи да бидам заедно со сите! Во тоа го гледам мојот спас!

Системот на врски со глобалната природа

Прашање:Каква е врската меѓу книгата Зохар и глобалната природа?

Книгата Зохар објаснува како да с еповрзеш со глобалната, совршена природа и како да бараш да ја извлечеш таа лична, обединуачка сила, за да дејствува на мене.

Книгата Зохар е сврзувачкото звоно меѓу мене и глобалната природа, со која инаку кај човекот во овој свет не би имало врска. Сега покажувам дека природата е глобална, дека целиот свет е глобално село, сите се поврзани заедно и јас зависам од сите.

Ако јас зависам од сите, сакам да бидам меѓу нив како што се тие, да бидам со сите пријател, да се однесувам со сите со добро, за да секој човек се однесува така и со мене. Како тоа да го направам?

За тоа ми е потребно некаква инструкција за врската. Јас треба да знам како да се поврзам со нив. Односно, тоа е група на луѓе. Треба да знам како да ја потврдам врската со нив, како да дојдам до нив, како да разговарам, каква потреба имаат од мене и каква потреба имам јас од нив.

Целиот тој систем, наречен "Книга Зохар" е систем на врски меѓу човекот и природата, за да природата (или Создателот) дејствува на човекот и да го направи интегрален дел од природата.

Преку Зохарот до соединување со Создателот

Прашање: Изучувајќи го Зохарот, јас дали ќе знам како да дојдам до врската со глобалната природа?

Не, ти нема ништо да дознаеш. Но ќе предизвикаш некоја сила, која ќе дејствува на тебе, ќе те промени и ќе ги соедини во тебе сите можни особини слични со природата/

Во мера на тоа како ќе станеш интегрален дел од природата, ќе станеш сличен со неа, ќе соединиш со неа, ти ќе разбереш сè. Разбирањето доаѓа после сè како резултат на сите промени и соединувања, кои што ќе ги достигнеш.

А едноставно од читањето на книгата Зохар ти неможеш ништо да разбереш. Ти треба да го читаш Зохарот со цел, за да те направи интегрален дел од природата, во единство со целата реалност.

Во мера на тоа како ќе се обединиш со неа, ќе почнеш да се чувствуваш како дел од едно цело и тоа едно цело, а од тоа чувство ќе почнеш да разбораш. Тоа се нарекува достигнување, последна етапа која ја достигнуваш како резултат на соединувањето. Тоа соединување се нарекува "Соединување со Создателот".

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica