27.05.2010
Прашање: Како да ја спроведеме својата точка во срцето преку групата која работи како засилувач?
Постојат надворешни средства кои ние ги користиме: книги, група, учител, нашиот систем на обучување и поврзување во целиот свет. Таквите услови ги определија за нас кабалистите. Ако ние ги реализираме, градејки за себе надворешни рамки и ја внесеме нашата желба за духовното внатре во тој систем, таа желба почнува да расте.
Јас за почеток поседувам само една моја точка во срцето и ја предавам на моите пријатели, добивајки ги од нив сите точки што ги поседуваат тие! И тој систем на поврзување помеѓу нас, душите веќе постои. Се` е подготвено однапред при слегувањето на световите одозгора надолу за нашето искачување од нашиот свет до самиот свет на Бесконечноста. Јас треба само да умеам да се вклучам во тој систем: да се понижам себе си, да ги видам сите останати исправени и да посакам преку нив да ја добијам светлината на исправувањето.
И тогаш јас ќе ги добијам од останатите нивните желби за давање, кои ќе ја зголемат мојата желба. Иако од почеток кај мене постоеше само мала точка во срцето, па и таа неизвесно кон што беше насочена. Но јас вложував во групата, сакав да влезам во неа, т.е. вршев дејство на давање! И како одговор добив од другите вистинска сила, вистинска желба да давам!
Наеднаш согледуваш дека навистина тоа го сакаш и цениш. И тогаш те фаќа страв:,,Ќе можам ли да го постигнам давањето на Создателот или животот ќе ми заврши без да го достигнам тоа?" Тоа се се уште егоистични мисли, но тие веќе се однесуваат на начинот како да се достигне давање!
Тоа се нарекува "ло лишма": а) да се стремиш да даваш и б) да расмислуваш за користта. Излегува дека од групата добиваш веќе повнатрешна насока – кон Создателот. А кога ти се насочуваш кон Создателот, со тоа се доближуваш до вербата – почнуваш да ја привлекуваш врз себе си друга светлина што не опкружува. Не дека се променила светлината – ти си станал поинаков, и затоа светлината поинаку делува врз тебе. Сега таа може да ти ја предаде особината на давање. А кога ќе ја поседуваш особината на давање, тогаш ќе почнеш да се искачуваш над својот егоизам.
Токму тоа и си го посакувал да го достигнеш од самиот почеток, но светлината направи тоа да се случи не насила, туку по твоја сопствена желба. И наеднаш чувствуваш како те исполнува особината на вербата, т.е. особината на давање, затоа што вербата е - давање, Бина. Таа те ослободува од твоето его! И не значи дека потполно те ослободува од твојот егоизам, туку ти дава сила да се кренеш над него – тоа е веќе повисоко од махсомот
.
Само да се држиме заедно!
Светлината дејствува врз нашата желба, која е слична на неа. Тој критериум, мерило на сличноста на желбата со светлината се нарекува верба. Ако јас ги читам кабалистичките извори со само егоистична желба- тие нема да имаат дејство врз мене. Точката во срцето – тоа е точка после разделувањето, таа го влече човекот кон духовното, но сега се уште поради тоа што му е лошо. Тој се уште не се стреми кон "Доброто што создава добро", кон давање и љубов.
Незадоволството од овоземниот живот, мрачната иднина, живот без смисла – сето тоа го тера да бара егоистично исполнување " во духовното". Но светлината де може да влијае на таквата желба дури ни од далечина. Таа делува на желбата во зависност од големината на вербата, што се содржи во таа желба,т.е. стремежот кон давање. Вербата се проверува со посветеноста на човекот на патот и целта, добронамерноста да се постигне особината на давање. Самата верба, особина на давање, човекот ја добива одозгора како награда за своите напори, и тогаш " ноќта" ќе заврши и ќе му се овозможи да ја види " светлината на денот".
Ако пак човекот ја употребува Тора за свое егоистично исполнување, таа за него постанува смртоносна дрога. Поточно тој не е само "духовно мртов", туку се наоѓа во "дрогата на смртта" поради тоа што мисли дека тоа е духовниот живот! Тој се повеќе го расне својот егоизам и не може да поверува дека сам се лаже себе си. Излезот кон вистината : ако ние правиме се заеднички, тогаш секој од нас добива од останатите такви сили да може многу лесно да го бара влијанието на опкружувачката светлина – и патот за него ќе стане интересна авантура. Само да се држиме сите заедно!