Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

"Капитал": враќајќи се кон неискажаното

09.09.2011
Баал ХаСулам, весник "Народ": Закон за етапен развој... се распространува низ целиот универзум и врз основа на него се изградени сите природни системи, како неорганските, така и органските, до самиот човечки род со сите него својства, како духовни, така и материјални.
Станува збор за основата на која се базира доктрината на Карл Маркс. Во суштина, тој ги проучувал силите кои дејствуваат во природата, затоа што економијата е сликата на нашиот егоизам.
Нас нè поврзуваат најразлични меѓусебни односи и ние сакаме да ги измериме, да ги споредиме. Кажано е во Тора: „Одете и заработувајте еден од друг". За да се обезбедиме себеси, меѓу нас си организираме најразлични видови врски, а тие се мерат со науката под име „економија". Нејзин критериум е – колку ми даваш ти мене, а колку јас тебе. „Не се мери сè според парите", - велиме ние со презир. Но, друго мерило немаме. Како да провериме колку се сакаме или мразиме еден со друг? Доколку можевме да го измериме својот однос во злато, сребро или во национална валута, во ампери или килограми, тоа би било прекрасно. Тогаш би знаеле како да го градиме општеството, давајќи им точна карактеристика на личните односи на секого и глобалните односи во општеството. Проблемот е што ваквите пресметки се невозможни и денес тоа се покажува.

Човештвото отсекогаш барало критериуми според кои би било можно да се оценуваат чувствата и разумот, љубовта и омразата, односите кон децата, кон соседите, кон непознатите... Ние сме во мрежа од сили, таа е желбата која постојано се дели меѓу нас на илјадници вектори и насоки. Со ова се занимаваат различни дисциплини, на пример психологијата, социологијата и иако тие имаат основа за нешто, јасни критериуми сепак немаме и затоа многу страдаме во животот. Навистина, не се мери сè според парите, но ако нешто може да се измери, тоа е добро и корисно, помага да се оценат силите и способностите на човекот. Дури и без оглед на егоистичките извртувања, во тоа има здраво зрно. На пример, американците велат: „Овој човек вреди три милиони долари". Како мерило нека бидат и парите, но тоа веќе е мерка и тие не треба да се потценуваат.

Во човековото општество многу е важна можноста да се дава оценка. Затоа во трудовите на Маркс се крие длабока филозофија. Тој не пишувал едноставно за „капиталот". Кога индустрискиот развој ги повлекол луѓето од селата во градовите, кога се зацврстиле меѓусебните врски, кога фабрикантите пристапиле кон развој на индустриски технологии, кога широката трговија земала замав, тогаш се појавила можност да се измерат меѓусебните односи. Маркс направил многу сериозна работа во таа насока. Каде згрешил, тоа е друго прашање, но неговиот приод е многу сериозен и длабок. Како да се измерат нашите меѓусебни односи – ова прашање лежи во основата на економската наука.

Треба да сфатиме како се обезбедуваме себеси и другите со средства за живот, како се поврзуваме за да се „исполниме" еден со друг заради сопствено исполнување, како се плете мрежата на нашата меѓусебна поврзаност. Кога таа ќе почне да се разгранува, тоа значи дека бргу во неа ќе се развие голема егоистичка грешка која ние ќе треба да ја поправиме.

Така и се случило. Илјадници години секој се грижел за себе и за своите најблиски, без некоја посебна врска со останатите. Но, потоа заедничката меѓусебна врска почнала да станува посилна, особено со помош на еврејскиот народ кој бил протеран во прогон. Расфрлен низ сите делови на светот, тој го чувал својот јазик и поддржувал контакти меѓу различни заедници, ширејќи нови врски низ целиот свет.

На крај, пред околу три века започнала Индустриската револуција, раширувајќи ја трговијата на меѓународно ниво. Овој процес е насочен кон поправање – да станеме една целина и да го откриеме духовниот свет во правилна поврзаност меѓу нас. Но, најпрвин треба да ја демаскираме нејзината штетност на сегашната етапа. Ќе ја откриеме меѓу себе варварската состојба на скршениот парцуф Адам Ришон – глобалната погубна меѓусебна врска која нè води кон пропаст. Така и во древните времиња Адам прв го открил тоа, а по дваесет поколенија, во Вавилон, човештвото за прв пат ги распознало страшните окови во кои било фатено.

Маркс сакал да ни го прикаже степенот на нашата меѓусебна поврзаност и да ја измери. Тој бил буквално во изворот на развојот на современата индустрија и трговија, во почетокот на процесот на глобализација кој нè претвори во едно глобално „село". Неслучајно „Капиталот" повторно е популарен и денес – ние се враќаме кон неискажаното и ја преоценуваме улогата на Маркс. Нека бидат тоа пресметки на текстилните продавници од 19-ти век, кои за него станале еден вид „лабораторија", но сепак тој точно ја разбрал тенденцијата која денес добива многу лоши форми.

Свртување кон светот

Прашање: Во весникот „Народ" гледаме дека не ограничувајќи се на кабалистичките трудови, Баал ХаСулам направил остро свртување на страна на народот и светот. Всушност, и ние денес одиме по неговите стапки?

Пред сè, кабалистот треба да ја врши основната работа за да има со што да излезе надвор. Баал ХаСулам го напишал „Учение на Десет Сфироти" и толкувањето „Сулам" на Книгата Зохар, но и други материјали од основен карактер. Меѓутоа, на крај науката кабала треба да се претвори во живот, да се реализира, за да се открие она за што зборува таа. Работата се извршува само меѓу нас. Сега во своите меѓусебни егоистички односи ние меѓу себе ја откриваме денешната реалност, а во алтруистичките меѓусебни односи ќе го откриеме духовниот свет. Тој не е некаде зад облаците, туку во врската меѓу нас. Прилагодувајќи ја врската, спротивна на денешната, откриваме духовен свет спротивен на овој свет. Тогаш стапуваме во таа внатрешна врска, во вечниот свет, надвор од зависноста на телото и од материјалните настани.

Нам ни е тешко да го разбереме ова, но сепак тоа се остварува по пат на поправање на меѓусебните односи на луѓето во реалноста на денешниот ден.

Кажано е: „Јас создадов лош почеток и создадов методика за негово поправање, бидејќи во неа се крие Светлината која го враќа човекот кон Изворот". Кабалистичката методика е потреба за да го поправиме во себе лошиот однос кон другите на добар и да го засакаме ближниот како самиот себе. Зошто е потребно ова? Затоа што благодарение на ова, Го откривам Создателот. Во својата врска во ближниот, во љубовта кон него го откривам Создателот. Тогаш се соединувам со Него по својствата, преминувајќи во повисока димензија, која не се наоѓа каде било, туку во добрата меѓусебна врска кај нас. За да им се помогне на луѓето на овој пат, денес ни се открива лошата врска, кризата. Тоа е прекрасна состојба, „бисер" во историскиот развој – ние нераздвојно сме поврзани еден со друг и нашата врска е лоша. Нема да успееме да ја прекинеме, колку и да се трудиме. Таа само ќе станува посилна, откривајќи сè повеќе и повеќе зло кое ќе нè натера да ја поправиме ситуацијата.

Значи, напред нè влече прекрасна тенденција кон откривање на злото. Едната страна од паричката веќе се појавува. Затоа на кабалистот кој го завршил „теоретскиот" дел му треба пракса. Секако дека Баал ХаСулам почнал да пишува статии како да се реализира кабалистичката методика во пракса. Неговиот син и следбеник Рабаш исто така напишал многу статии за работата во група. Други можности едноставно нема. Решението се наоѓа токму во поправање на меѓусебната врска на луѓето – во најодбивната и најомразената работа за нас. Што и да направиме, таа ќе донесе корист.

Љубов во пригодно пакување?

Прашање: Во весник прочитав дека чувството на љубов е предизвикано од три хемиски материи кои, во принцип, може да се примаат и како таблети. Не треба ли да се снабдиме со пакетче љубов кое лесно го собира во џебот?

Тоа е можно ако станува збор за сексуална привлечност или за фармаколошко смирување, кое со измама и на сила ќе го натера човекот да поверува дека тој љуби. Општо земено, љубовта може да биде различна. Да речеме, јас сакам пржена риба, а ти можеби риба во вид на чорба.
Но, „љубов" е всушност кога ја чувствувам желбата на ближниот која се наоѓа во него, а не во мене. Затоа најпрвин јас правам скратување на сопствените желби, благодарение на што јас имам својство на давање, Бина, која дозволува да се чувствуваат другите. Тогаш можам да ја соединам желбата на ближниот со својата и да ја исполнам неговата желба со помош на мојата. Тоа е љубовта. На патот до неа нè чека цел процес.

Пред сè, јас и ти треба да направиме Прво скратување (Ц"А – цимцум алеф), отстранувајќи секакво лично учество и издигнувајќи се над сите свои желби. Тие сега молчат и не работат ништо во мене. Тогаш јас излегувам од самиот себе кон тебе за да ги видам, да ги добијам, да ги почувствувам твоите желби. Сакам да ги примам твоите желби, да ги викнам кај мене за да бидат во мене заедно со моите сопствени желби. Притоа, моите желби ќе бидат горе, слично како главата на парцуфот, а твоите ќе бидат како телото на парцуфот и јас ќе можам да ги исполнам. Постојано ќе се грижам само за тоа.

Тоа и е работата на Бина. Во мене постојат две нивоа: Бина и ЗОН, односно „деца". Сам по себе јас живеам само во Галгалт ве-Ејнаим (Г"Э), каде што ништо не ми е потребно, освен минимумот (min). Потоа јас те издигам тебе кон мене и ти добиваш сè што сакаш. Јас те исполнувам тебе во себе, во својата „утроба", во АХАП. Тоа значи „да се љуби" – да се служи другиот, согласно неговите желби. Ако постојат такви таблети, јас би ги фрлил во пречистителните станици за вода, од каде што водата оди во водоводот.

Но, такви таблети нема и нема ни да има, затоа што овде се бараат напори, треба да се вложуваат сили. Би се рекло, зошто Создателот не предвидел таблети? Зарем Тој се насладува, гледајќи ги нашите страдања? Работата е тоа што ние самите треба да го откриеме негативното во себе и да го најдеме патот за поправање. На тој пат секогаш ќе бараме сили за анализи, сили за поправање и сили за исполнување од Создателот. Такви етапи има три, без кои не можеме. Дејствувајќи на тој начин, јас всушност почнувам да сфаќам што создал Тој. Ја постигнувам Неговата замисла, Неговата програма и станувам сличен на Него по статусот, по нивото. Ја добивам и сфаќам целата реалност, ја прободувам со поглед целосно, на целата ширина и длабочина, низ целиот обем.

Тоа е невозможно да се добие првично како реалност, затоа што битието веќе се наоѓало во светот на Бесконечноста, било исполнето со Светлина, но се чувствувало себеси како ништожна капка во нејзиниот океан. Јас треба да ја откријам во себе желбата да се издигнам во Бесконечноста, да се снајдам во неа, да ја почувствувам, да ја добијам под свое раководство. Таблетите овде се немоќни.

Лесно можеме да се вратиме

Читајќи за денешната состојба во светот, нашето напредување ќе биде брзо. Гледате на вести како расте темпото. Бргу ќе го поминеме овој период, затоа што и на светот му е потребен нашиот напредок. Затоа треба да се држиме со сите сили и да не се тргаме од патот. Многу е важна сега работата насекаде, масовното распространување. Ако воспоставуваш врска со некого за да му извршиш давање, низ тебе бргу ќе протечат сите неопходни етапи. Се обраќам до сите наши групи во Израел и силно препорачувам да се врши работата со распространувањето.

За тоа пишува Баал ХаСулам, за тоа пишуваат сите кабалисти. Но, ние и без нив гледаме дека друг пат нема. Само така ќе ја откриеме Вишата реалност. Поправањето на 613-те желби од примање на давање е нашата работа. Сето останато е обвивка, обичаи кои биле потребни во периодот на прогон. Меѓутоа, пошироката методика, која ја применуваме од почеток е внатрешното поправање. Ние веќе сме го вршеле, додека не сме паднале од нивото на братска љубов во беспричинска омраза во времето на раби Акива. Ние имаме решимот – духовни гени кои останале од тој период и лесно ќе се вратиме.

Затоа имаат барања кон нас, затоа целиот свет притиска врз нас. Тој и самиот не знае што е работата, но чувствува дека проблемот се крие токму во нас, така што, треба да се дејствува колку што е можно побргу, бидејќи со самото тоа ќе ги оттргнеме од себе сите несреќи. Сите соседи ќе дојдат да ни помогнат, наместо да нè стрелаат со ракети. Сè е токму така и кабалистите пишуваат за тоа. Во суштина, непријателите се „потпора за исправање", тие притискаат врз нас за да се замислиме за животот. Не треба да се заборава дека сè доаѓа од една Сила, дека нема никој освен Него. Според тоа ние треба да реагираме на она што се случува. Каква е користа од викање и да се прават поделби? Каде е поправањето во тоа? Единственото наше поправање е да се обединиме и да станеме „Светлина за народите", да му го покажеме на целиот свет патот до поправањето, затоа што целиот свет денес е немоќен, најдобрите умови не знаат што да прават.

Токму сега настапува нашето време. Извршувајќи ја нашата работа, ние ќе заслужиме општа почит и благодарност. Затоа ние треба повеќе да распространуваме, повеќе да објаснуваме и самите да даваме правилни примери. Ние стапуваме во период на практична кабала, чија суштина е поправање на човекот.

Во барањата на излез од себе

Прашање: Како е можно да се излезе од себе надвор за да се почувствува желбата на другиот човек?

Тоа само се нарекува „излез надвор", но ти никаде не излегуваш. Остануваш во своето тело, никаде не треба да излегуваш. „Да се излезе надвор" значи да се почувствува дека желбата на другиот за мене е поважна од моите сопствени желби. Сега сите мои желби ми се потребни само за да и служам на неговата желба.

Тоа се нарекува „да се излезе од себе во него" или „да го соединиш него во себе". Како мајка спрема своето дете, затоа што таа ги користи сите свои способности само да се грижи за него. Тоа значи дека таа се вклучува во него, а тоа се вклучува во неа.


Од утринската лекција - 09.09.2011       Следете на Каб.Тв
 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica