Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Карл Маркс и кабалата

Од лекциите во Берлин

Карл Маркс доста добро ги чувствувал сите кабалистички заклучоци и ги образложувал доста отворено, но истовремено и неразбирливо за малите луѓе како Ленин и неговите соработници. За тоа пишува Баал ХаСулам. Како што се гледа од оригиналните текстови на неговите дела, Карл Маркс претпоставувал дека кога луѓето ќе почнат да работат со својот егоизам, тие ќе почувствуваат дека тоа е невозможно. Во принцип токму тоа го почувствувале во Русија, кога после револуцијата почнале да го градат социјализмот. Но тие тргнале по патот кој Карл Маркс сигурно не го предвидел – по патот на насилството.

Ако како услов ја ставаш "љубовта кон ближниот", тогаш не можеш тој услов, тој закон да го спроведуваш со насилство. Тоа е само руски изум. Такво нешто не може да постои! Но болшевиците го направиле тоа на таков начин и на крај сé претвориле во терор, погубиле 40 милиони луѓе. Но сепак тоа не доведе до ништо. Не можеш да ја промениш природата на човекот на вештачки начин, на свој начин, уште помалку на насилен, - тоа е невозможно. Ако тоа е Природа, зар можеш да сториш нешто против неа?!

И сé до последните години од советската власт додека луѓето целосно не се разочарале во сè, насилно се спроведувала оваа идеологија на божемна љубов кон ближниот. Таа убаво звучела однадвор, но ние сфаќаме дека внатре тоа бил едноставно терор.

Карл Маркс претпоставувал дека луѓето ќе ја откријат потребата за меѓусебно зближување, исто така ќе сфатат дека експлоатацијата не смее да постои, дека капитализмот е погрешен, дека потребна е социјализација на средствата и резултатите од трудот. Ние сепак до тоа ќе дојдеме. Бидејќи кон тоа води целата глобална криза. Од тоа нема бегање!

Карл Маркс ги подредил овие кабалистички услови како економски закони: секој треба да го добива од својот труд само неопходното за егзистенција во овој свет. Под неопходно се подразбира сé што е потребно за нормална егзистенција на секој човек. Стан, работа, семејство, одмор, пензија, здравствена заштита, воспитување на децата, сé што е потребно на ниво на нашиот свет во нашето обично човечко општество – тоа секој мора да го има.

Но сé што е над неопходното – е општествена сопственост. И тоа треба да биде искористено само за добро на општеството и само во обем што е неопходен за тоа општество. Само тогаш ние ќе бидеме во рамнотежа со Природата!

Русија и Европа: на патот кон духовното

Да се биде во рамнотежа со природата, треба да се троши мудро, до потребен степен; во зависност од потребите на секој. Баал ХаСулам пишува за тоа во статијата "Мир во светот" и во другите статии. Но да се спроведува со терор таквата пракса е невозможно. Само со воспитување на луѓето!

Во еден момент руските револуционери тргнале по друг пат, отфрлувајќи го принципот на воспитувањето. Освен тоа, тоа се случувало во најзаостанатата земја, со најзаостанато население, кое до денешен ден навикнало да живее практично во феудални услови. И денес народот во Русија, љубезен и добар сам по себе, со прекрасно срце – се согласува на тие феудални услови во кои до денешен ден престојува Русија. Тоа не е капиталистичка, туку феудална држава, со нејзините темели, со нејзиниот систем, со нејзината корупција, со сите нејзини општествени односи. Тоа е феудализам. Иако ни се чини: " Како тоа може да биде?! Во современо општество?! Тоа веќе одамна поминало.

На запад веќе 300 години не постои феудализам". На запад не постои веќе 300 години, но во Русија тој постои и денес. Односно на тоа сé уште се согласува секој човек. Тој не е уште развиен повисоко од тоа ниво. Само мал слој од 10-20 проценти од населението не може да се помири со тие услови. Додека сите други се согласни да живеат во нив. Не им е важно дека кај нив стопанот – е господин; дека тие треба да се потчинуваат некому без судење, дека сé се купува и продава; дека кој е побогат, тој е посилен и кај него е вистината. Луѓето се согласни! Тоа се нарекува уште феудално ниво на развојот на општеството.

Маркс воопшто не претпоставувал дека таква земја ќе се занимава со реализација на неговата идеја. Тој всушност ја испишал кабалата во форма на економски закони.

Што се однесува на егоизмот, во пост-советскиот простор тој е сосема поинаков. Тој егоизам е феудален, уште неподготвен за сериозен развој. Но кога ние се занимаваме со секој човек поодделно или со нашите групи во Русија, забележуваме голем резултат, зошто кај луѓето постојат точки во срцето, тие се многу љубезни, имаат јасна цел пред нив.

Прашањето е дали општеството ќе може да сфати дека треба да се обединува не според законите по кои го воспитувала социјалистичката власт, туку според законите согласно со кои сите треба да бидат еднакви, свесни, свесно обединувајќи се.Свесно тие не се навикнати да се обединуваат. Дали ќе дојдат до тоа, ќе успеат ли да го сторат? Тоа е прашање.

Затоа многу ги цениме нашите групи во Русија. Јас лично добро го познавам тој народ, сум пораснал меѓу него. Мојот мајчин јазик е рускиот. Но дали може да се гледа Русија како земја во која може лесно да се реализираат кабалистичките принципи – тоа јас не го знам.

Истовремено во Европа без оглед на тоа дека луѓето многу се разликуваат од руската слика, потребно е само да се совлада некој внатрешен отпор, некоја лушпа, обвивка. И тогаш, штом во мислите на луѓето ќе навлезе оваа идеја, тие ќе ја сфатат оваа вистина и ќе можат внатре во себе со својот развој да ја реализираат. Во Русија постои доста лесно зближување со индивидуалците. Во Европа е многу посложено!

Но мене ми се чини дека ако во Европа успееме да продреме внатре во тие индивидууми, тие ќе најдат во себе сили и можности за соединување. Кај нив ќе се создаде тој свесен колективизам. Додека во Русија без оглед на тоа, нема да се создаде колективизам. Таму општеството не е колективно развиено. Јас мислам дека тоа сé уште не е способно за тоа. Но и покрај сите претпоставки, ние треба да ја развиваме и шириме кабалата насекаде. Сигурно дека постои голема препрека во бившите социјалистички земји. Но тоа не треба да нè запира.

Ние не треба воопшто да размислуваме за тоа каде е полесно а каде е потешко, зошто и како. Треба да се работи – и толку. Јас во никој случај не правам никакви пресметки. Не знаеме што е подобро а што полошо; и како сé ќе се одвива.

Напредок како договор во пакетот со егоизмот

Целиот напредок на човештвото постигнат за неколку илјадници години сигурно оди на штета на Природата, на наша штета. Тој намерно е "направен" така за да нè доведе до осознавање на нашето зло.Постојано фокусирајќи се во себе ние со тоа само дознаваме дека сето тоа е погрешно, не чини. За да излеземе надвор. Зошто тогаш ни бил потребен целиот историски развој? Зошто ми се илјадници години од генерација во генерација за да се враќам во овој свет и да страдам во него?

Па ние со вас веќе многу пати сме биле во овој свет, многу пати сме го живееле овој живот. Зошто? За да ја осознаеме оваа конечна состојба? Зар само на таков начин сме можеле да бидеме доведени до разочарување? Или постои и друга можност? Факт е дека работата не е во тоа. Сé што сме поминале и сме доживеале во текот на илјадниците години од нашите животи во овој свет, било неопходно.

Дури сега со тој егоизам според искуството од неговите горки "случувања" ние почнуваме да се поткреваме, да излегуваме од себеси. Нам ни е неопходна "црната дамка" на егоизмот. Таа би требало да се манифестира преку сите наши проблеми. Колку труд потрошивме обидувајќи се да го наполниме тој егоизам, а тој исчезнувал следниот ден и повторно било потребно да се трудиме за овој живот, за негово наполнување, за секакви вредности и т.н.

Меѓутоа сите наши дејства се складираат во огромната егоистична меморија која ние дури потоа почнуваме постепено да ја одвиткуваме во обратна насока. Тогаш напорите потрошени за наше наполнување се враќаат назад и со нивна помош ние како да ја одвиткуваме надвор од себе целата историја која сме ја поминале. Не може само да се земе и да се започне од егоистичниот развој – алтруистичкото, другото насочено нанадвор.

Не може без подготовка да се излезе во чувствување на духовниот свет. Тоа е остварливо само откога човекот целосно ја помине целата своја егоистична суштина, целосно се открие себеси, целосно сфати дека се наоѓа внатре во таа природа, дека сé – е во него, дека сé тој складира во себе, истовремено од тука произлегува и условот за нашето распространување. Ние никому не ја наметнуваме кабалата, туку само и ја нудиме на тие луѓе кои веќе чувствуваат: "Готово, крај, јас морам да излезам на следното ниво". Само така. Зошто ако човекот не е подготвен за тоа, кабалата нема да му даде ништо. Во таков случај тој треба уште да проживее во овој свет одредено време за да го заврши целиот свој егоистичен "пакет".

Да се живее во другите

Прашање: Која е улогата на пријателот во заедничкиот систем?

Улогата на пријателот е огромна, непроценлива. Колку секој од нас им помага на другите да се соединат, толку самиот тој се искачува. Човекот никогаш не работи директно за себе, тој секогаш работи преку другите – за себе.

Во нашиот свет јас секогаш ја следам својата цел: ги поставувам на свои места себеси и другите, и потоа пресметувам што ќе биде најдобро за мене. Нека се и преку десет луѓе, но на крај сé мора да ми се врати мене.
Во духовниот свет не се случува така. Таму јас правам пресметка: колку можам да вложам во другите, за тоа да остане во нив, а не во мене. Зошто моето егоистично "јас" постепено изумира. Но, тоа што сум вложил во другите како во банка, но не на својата сметка, - останува. На крај кога јас се искачувам над своето "јас" сé што било од мене вложено во другите - станува мое.

Јас небаре живеам во нив, слично на мајката која живее во децата за кои се грижи. Духовниот свет е изграден врз таква мајчинска особина – давање, љубов, движењето од себеси нанадвор. Тогаш ние почнуваме да се чувствуваме како постоечки во другите, и таа состојба се чувствува како вечна, совршена. Таа не зависи од мојата лична состојба, вклучително и моето тело.

Телото може да умре, но "Јас" веќе постојам во други желби, во други особини.

Душата е тоа што сум го дал

Излегувајќи од своите чувствувања и обидувајќи се да бидам во некој, јас притоа не влегувам во неговите егоистични особини, туку контактирам со тоа што тој сé уште не е – со неговата душа, со неговиот духовен потенцијал. Јас не го наполнувам неговиот егоистичен овоземен дел, туку го формирам во него својот духовен лик. Всушност мојата душа е сé што јас можам да исполнам во другите, душата не постои внатре во човекот.

"Душа" се нарекува желбата, а желбата е нематеријална, не може да се измери на вага. Тоа е поле, сила – сила на желбата која јас ја насочувам кон другите, која се вклучува во другите и останува во нив, во снимка, во таа информација која јас ја внесувам во нив, сакајќи да ги наполнам.

Мојата желба се распределува по сите души, според личните или заедничките желби на луѓето. Отпрвин јас дури и не го знам тоа, туку подоцна на високоте скалила преминувам кон активно наполнување. Значи тој стремеж нанадвор ја формира човековата душа. Телото умира, тоа е само животински организам, во него нема ништо.

Важно е тоа колку сум успеал за време на својот живот да пренесам од себе во другите преку своите желби. Тука не се потребни дејства, јас морам да му пренесам на другиот не пари, не сили, туку токму желби. Зошто желбата – е најголема сила во светот. Само во тоа се состои влијанието на човекот врз човек. И затоа улогата на пријателите во групата се одредува според тоа што секој ќе вложува во другите. Сакал јас или не, вложеното од другите почнува да работи во мене.

Глобалната криза ја открива нашата егоистична меѓусебна зависност – исто така сме поврзани и со нашите души. Душата генерално е нешто заедничко. Постои една душа, еден човек, еден Адам. А ние, неговите делчиња сé уште не сфаќаме, дека сме целосно поврзани еден со друг како делови од неговиот духовен огранизам, духовниот систем. Така што влијанието на секој врз сите е директно, голо, босо – од едниот директно врз другиот.

Ако ние тоа го сфаќаме, добиваме неверојатна можност селективно да влијаеме врз луѓето, еден врз друг, да ги влечеме, туркаме и креваме сите, да им помагаме на сите. Доколку само би го усвоиле овој принцип, би се устремиле напред. Ако секој член од групата – маж или жена – го сфаќа тоа, тогаш со своите внатрешни стремежи тие можат сега да нè кренат сите нас. Тоа зависи само од нашите внатрешни желби – поточно од намерата. Намерата е сé уште неисполнета, неостварена желба. И таа е најмоќна сила во универзумот.

Според нашиот свет ние забележуваме: колку е помоќна физичката сила, толку е понеостварлива. Кој може да ги почувствува силата на атомските интеракции? И сепак преку неа од килограм супстанција може да се случи експлозија со огромна моќ. Нематеријалните бранови и зрачења имаат огромна улога во нашиот живот. Но, силата на мислата, силата на желбата – е над сите. Затоа најважни на нашиот пат се намерите: колку правилно можеме да ги оформиме и меѓусебно да ги обединиме. Тоа значи дека секој од нас се обидува да живее во другите, да излезе од себеси, од своето тело и да влезе во чувствување на душата.

Тоа е неверојатно чувство, кога човекот не се поврзува себеси со материјалното тело. Излегувајќи од него тој почнува да се однесува кон него како кон "животинска придружба": коњ, магаре, крава, куче и т.н. Тој веќе чувствува дека животот тече надвор од него – во големото силово поле на Вишиот разум.

Заеднички проблем на седумте милијарди

Нам ни се чини дека секој од нас има свои прашања, свои проблеми. "Јас сакам да го достигнам духовното, додека за целиот свет не ми е грижа. Понекогаш јас мислам за него, но всушност каква е разликата? Каде е светот, а каде сум јас?" Се разбира тоа е обично егоистично чувство. Но што да се прави?

Може да се стори само едно: добро да се размисли за тоа како сме поврзани еден со друг. Кабалата зборува за тоа дека целото човештво е меѓусебно поврзано. Тоа ние то чувствуваме, тоа денес колку-толку го разбираме. Навистина резултатите сé уште ги нема. Ние гледаме дека и владите и поединците, дури и умните, сепак не можат да се променат и сé уште престојуваат во внатрешна лична егоистична обвивка. А проблемот всушност е глобален и се решава само во наша меѓусебна поврзаност.

Науката кабала вели дека сите ние сме посебни личности и сме поврзани меѓусебно преку различни соединенија. Тоа е е огромна, сериозна, многу сложена и многу различна шема на седум милијарди меѓусебно поврзани делови. Во неа може да се чувствува своето "Јас" внатре во себе – и тогаш јас го чувствувам нашиот свет. Или пак јас можам да го чувствувам тоа што е надвор од мене – другите делови, врските меѓу мене и сите други. И тогаш јас ќе го чувствувам Вишиот Свет надвор од мене. Тој се нарекува Виш затоа што со мене раководи тоа што доаѓа кон мене од сите други. Сé што се случува во мене се случува затоа што кон мене се протегаат врските од сите седум милијарди делови.

Како тогаш да се реши денешниот проблем кој ни го наметнува Природата? Зошто ние мораме да најдеме добра врска меѓу нас? Бидејќи токму од заедничкиот ситем до нас стигнуваат сите лоши сигнали. Затоа е потребно да се излезе од себеси и да се започне да се чувствува околниот простор. А надвор од мене се наоѓа светот на Бесконечноста. На таков начин сите ние треба да излеземе надвор и да го почувствуваме тоа поле кое постои меѓу нас. Ниту еден човек не ќе може да го почувствува во себе.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica