Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Квантна неопределеност на неисправената душа

26.10.2010
Од статијата на Баал Ха Сулам "600.00 души": постојат три периоди на духовниот раст на човекот;
1) искра на душата, која те пламнува, те згаснува,

2) одделна душа – кога тој се чувствува себеси, како дел од 600 илјади души, заедничката душа,

3) приближување кон совршенството, кон заедничката душа, бидејки целосно се исправила целата негова егоистичка желба и повеќе не претставува препрека, дозволувајки му целосно да се спои со заедничката душа Адам.

Тука постои момент, кој е тежок за објаснување, сличен на принципот на неопределеност во квантната физика. Работата е во тоа, што не постојат "многу творби" – постои само едно единствено суштество. Секој, кој се чувствува себеси како суштество – и е тоа суштество, а сите останати во однос на него – не се самостојни суштества, туку делови на неговата сопствена душа. Затоа, иако ни се чини, дека постојат многу милијарди суштества, во духовното човекот ги присоединува сите тие делови кон себе и во однос на неговиот личен избор, сите тие се наоѓаат на крајот на исправувањето. А тој претставува единствен дел, кој од страна може да се нарече како постоечки. Но токму во таква одделена форма тој се смета за непостоечки и мора да се присоедини себеси кон духовното, кон заедничката душа! А сите останати, божемно "туѓи" за него делови, тој мора да ги восприма како веќе да се наоѓаат во духовниот свет. Разбирајки, дека "секој просудува во мера на сопствената неисправност", и тие се наоѓаат во конечна исправена состојба, и само уште тој – не е. Кого тогаш можеме да го наречеме суштество, единствено постоечко од сите?

Токму тој, кој сеуште "не е создаден" и има потреба во исправување. Кога ние ќе се здобиеме со духовен поглед, ние ќе го видиме светот како таков. Баал Ха Сулам опишува тука многу висока состојба. Кога се вели, дека постои само една душа – тоа значи дека не само едноставно сите се соединуваат во заедничка душа, туку се мисли, дека во реалноста воопшто не постојат некакви посебни души...Тоа е наша привремена илузија, последица на трите оски на координатниот систем (времето, движењето и просторот), во кои така се прекршува сликата на светот. Кога тие ќе исчезнат, и ние ќе престанеме да бидеме зависни од оските на координатите и времето, кога ние ќе се искачиме над нив, тогаш ќе ја видиме реалноста, во која постои само едно суштество. Затоа ни е потребно да ја исправиме својата егоистичка желба, која во нас ја предизвикува таа илузија на постоењето на реалноста во времето, движењето и просторот – на скалилото на нашиот свет.

Од утринската лекција / 26.10.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica