08.07.2010
Прашање: Како да си ги претставиме процесите кои се случуваат во духовните светови, кои ние ги изчуваме во науката кабала? Каде и кога сето тоа се случува или веќе се случило?
Сите овие процеси веќе се случиле во нашите корења, а ние ги откриваме, искачувајки се одоздола нагоре и доближувајки им се. Но сето тоа "веќе се случило".
Времето во духовното – е последица на причинско-последователните дејства. Создателот ја создал желбата да се наслади, потоа таа желба добила светлина, потоа го доживеала срамот, направи скратување, донесе одлука за анти-егоистично примање ( екранот – намерата) и почнала да прима поради давање во мерата на својата способност, и т.н. Т.е. ние ја изучуваме последователната низа на дејствата, кои се случиле уште пред ние да започнеме да се осеќаме себеси. Но ете јас се раѓам - и од тој момент почнувам да се осеќам себеси. Велат, дека пред моето раѓање живееле луѓе – но јас не знам што значи тоа "пред мене". Од моментот кога јас се родив – јас почнувам да ја воспримам реалноста.
И тогаш јас можам да кажам, дека "согласно на моето воспримање на реалноста" мене ми се чини, дека тука постојат луѓе, кои се родиле пред мене и дури такви, кои живееле и веќе умреле. Но сето тоа постои само во мојата реалност, во која јас се родив и живеам. Тие - тоа е тоа што јас го осеќам како постоечко, ликови во мојата глава. Ние работиме само со својата внатрешна желба – и токму неа треба да ја пројасниме. Затоа, мојата реалност започнува со моето раѓање. А се, што наводно се случувало пред него, јас го сметам за подготовка кон моето чувствување – т.е. тоа се однесува на Создателот, Неговите дејства, кои Тој ги направил во мене како подготовка, за да од моментот кога ќе се родам, јас почнам да го чувствувам околу себе таквиот мир и таквата реалност.
Но кои се таткото и мајката и сите луѓе што ме опкружуваат, и зошто тие така функционираат? Тоа Создателот ми подготвил таков систем, кој се грижи за мене. Целиот свет кој го гледам пред себе е подготвен од Создателот за мојата работа. Затоа целиот наш живот е поврзан со овие духовни процеси и е наменет за да не доведе до духовното пробудување и откривањето на нови осети. А ти си помисли дека во твојот живот постои барем еден момент без цел?
Не пренебрегнувајте го Создателот!
Прашање: напишано е во Книгата Зохар (гл.Ваеце, п.370): "Не треба човекот да пренебрегнува со никаков човек". Што значи "пренебрегнување" во мојата духовна работа?
Пренебрегнување – тоа е недостаток на осет за потенцијално соединување. Тоа значи, дека сега јас можам да најдам правилно соединување помеѓу десната и левата линија, желбата за насладување и намерата поради давање, - и не правам за тоа никакви напори. Тоа е пренебрегнување. Ти не обрнуваш внимание на можностите, кои ти се даваат секоја минута, ги пренебрегнуваш. Ти не чувствуваш и не разбираш. Ти мислиш дека тоа не зависи од тебе. Но токму тоа се нарекува пренебрегнување. Бидејки ние престојуваме во светот на Бесконечноста. Сите скалила, сите светови, сите највисоки и совршени состојби се наоѓаат во нас. Секој миг во нас се пробудуваат решимот. Создателот секоја секунда му дава на човекот можност да напредува, да се искачува на ново скалило. Тоа се нарекува дека Тој не оживува.
За жал, од сите тие можности ние обрнуваме внимание и го регистрираме во најдобар случај само илјадитиот дел. И тоа се нарекува пренебрегнување – ние пренебрегнуваме со Неговиот однос кон нас. Неговиот однос е непроменлив – цело време да не обучува и да не придвижува, а ние тоа не го посакуваме. И така поминува времето... За тоа е речено, дека Создателот го заменува едниот ангел со друг, ако човекот не може да ја воспостави правилната врска со пратеното за него одозгора. Тоа е проблем. Ние не можеме правилно да ги протолкуваме напите обични, тековни состојби.
Тоа зависи од мојата чувствителност. Може да се случи јас да ја почувствувам мојата сегашна состојба како огромна трагедија. Речено е: "На праведниците им се чини почетното зло на човекот големо и силно, како огромна планина, а на грешниците – како тенка нишка". Се зависи од твојата чувствителност – колку ти обрнуваш внимание и не пренебрегнуваш со ситниците. Во тоа се состои нашата работа – да се биде повнимателен, да се пробудуваш себеси, главно со помош на групата, која би ми дала на знаење, дека секој момент кај мене постои можноста да напредувам. Тоа не значи дека тие ми држат морално предавање. Но ако сите тие во целина се наоѓааат во постојана напнатост, тогаш и јас ги добивам од нив тие вибрации и во мене завладува вознемиреност, за да не ги испуштам дадените за мене можности да напредувам секој миг.