05.05.2010
Прашање: Се наоѓаме во пресрет на конгресот во Њујорк, светски конгрес. Како гледате на овој конгрес, што очекувате да постигнете на него?
Рав: Очекувам дека ќе се создаде силно, особено кли и дека вкупниот притисок помеѓу другарите ќе биде толку голем.Дека тоа ќе може да експлодира во заедничко големо светење и во него ќе почувствуваме духовна сила, духовно ниво и ние ќе се протнеме низ него.
П: Кажете ве молам, како вие самиот се подготвувате за таков еден конгрес?
Рав: Пред се јас одамна сум се концентрирал, мислам, се насочувам кон тоа. Не е тајна дека пред такви настани јас секогаш боледувам - тоа веќе е познато. Се чувствувам лошо - но тоа е таква концентрирана сила, внатрешна концентрација. Чувствувам таква тензија, таков притисок, како пред скок. Тој се подготвува, се свиткува и се насочува така за да погоди точно, да не пропушти. Јас навистина ве советувам да се подготвите за нашата средба.Да видите однапред што се случува таму, што ќе се случи, да го изучите овој материјал за кој таму ќе зборуваме на собирите, на семинарите. Дури и пеењето со помош на кариоки.
Човек мора да знае кон што тој се движи и тоа е најглавното во неговата подготовка. Целиот наш живот, целата наша историја е подготовка за крајната исправка. Имаме сé, освен подготовка.Ако не се подготвиме доволно, тогаш ништо нема да се добие во духовното, а таму, на самото место веќе ќе биде доцна. Затоа сме должни уште сега, што е можно побрзо, што е можно во поголем степен да се подготвиме за иднината состојба. Се надевам дека сте дознале колку е важно тоа и дека вреди да се вложат сили во тоа, внимание и подготовка. Потребно е да бидеме во добро расположение, со големи и добри надежи. Сите се собираме со чувство и увереност во ова, дека сите ние ќе можеме да го оствариме.
Прашање: Веќе се е кажано за конгресот и за тоа како треба да биде таму, но сепак: Вашето резиме?
Рав: Во улогата на резиме: главното - тоа е врската помеѓу срцата.Па нели тоа е она што треба да го исправиме, и тоа треба да биде навистина главното! Не тоа дека јас треба да слушнам нешто за што тие зборувале, но не сум чул и видел сé. Има такви кои не можат да опфатат сé и има такви што не разбираат сé, но тоа не е важно. Важно е моето срце и јас сум должен да се погрижам за тоа, тоа да биде некако соединето.Тоа се однесува на сите, кои заедно со нас влегуваат во овој светски конгрес.
Ова не е американски конгрес, тој е светски.Од тука ќе се врши транслацијата до целиот свет, таму ќе се соберат над илјада луѓе, а во целиот свет ќе бидат над милион. Тоа чекаме! Нека сите овие срца посакаат да бидат во соединение за да ја достигнат состојбата Адам Ришон, системот Адам Ришон и таму ќе се открие Вишата сила. Ова сега е пораката на денот, инаку не би зборувал така. Така не сум зборувал во изминатите години, не сум зборувал така за љубовта, за обединувањето. Тогаш немаше време за тоа. Но сега, вкупната состојба на душата го бара тоа. Ќе се придвижиме напред со надеж за успех.