Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Корисна вежба

02.02.2011

Книгата Зохар ги опишува духовните состојби кои ги чувствуваат тие кои го постигнуваат Вишиот свет. Но раскажува за духовните ликови со наши овоземни зборови. Тие зборови нè потсетуваат на овоземни ликови. Тие зборови формираат на нашата "желба за примање" – егоистичниот екран, со нашите овоземни особини – овоземни ликови.

За опишување на Вишиот свет, кабалистите ги земале зборовите од овој свет, бидејќи во духовното не постојат зборови, постојат само чувства, - и ги нарекле со тие зборови духовните особини кои ги достигнале во своето постигнување. Затоа читајќи ја Книгата Зохар ние треба да се трудиме да ги распознаваме Вишите духовни сили, состојби, односи, одделени од материјалните ликови кои сме навикнале да ги чувствуваме зад овие овоземни зборови. Тоа е многу добра и корисна вежба.

Да речеме ние ги читаме во текстот зборовите: "чело", "очи", "уши", "коса". Неопходно е веднаш да се обидеме да мислиме барем на сефирот – Кетер, Хохма, Бина, Зеир Анпин, Малхут, кои одговараат на деловите на парцуфот – "чело", "очи", "уши", "нос", "уста", Гаљгаљта Енаим и АХАП. "Коса" (сеарот) – е вишок на Одразената Светлина, во која не може да се преслекува Директната Светлина.

Затоа таа Одразена Светлина се излива надвор, формирајќи ја "косата" на парцуфот. Тоа се Светлини, кои на таков начин се распространуваат одозгора надолу во Вишиот систем, во Рош на Арих Анпин, а потоа во З'А, и преку сите тие пацуфим до нас доаѓаат сили за да нè разбудат, да нè поправат и да нè наполнат. Затоа во Книгата Зохар ние го изучуваме целиот тој систем на поправка на душите.

Одиме на конфликтот на спротивности

Целта на создавањето е да се донесе добро на суштествата. Затоа суштеството треба да се наоѓа надвор од Создателот, надвор од желбата за давање – во желба да прима насладувања. Од друга страна пак, за да достигне совршенство, суштеството мора да се поистовети со Создателот. На таков начин тоа треба да се состои од две спротивни сили: желбата за насладување и намерата поради давање. Чудно како во еден човек се граничат две спротивности. Меѓутоа всушност тоа се само зачетоци.

Ако човекот сака тие да пораснат од минималното ниво, тогаш е потребно да изгради меѓу нив правилен заемен однос. Инаку тој нема да созрее, останувајќи со црната точка на желбата – од Малхут и со минималната искричка на особината на давање – од Бина. Растежот почнува од споредбата на тие две сили од страна на човекот, од нивното распоредување.

Со самото тоа, тој му овозможува на Создателот да го расне, а тој самиот ја формира нивната комбинација, заемното учество на Бина и Малхут – Бина секогаш да биде над Малхут. Речено е: " Секогаш човекот ќе го спротивставува почетното добро на почетното зло". Тоа значи дека тој самиот треба да ја води таа војна: да ги издвојува и да ги судира во себе спротивностите, а не да ги замачкува. Да ги користи за да се изградува себеси.

Тука се крие проблем: не сакајќи да иницираме проблем ние бегаме од анализирањето, се обидуваме да ги прикриеме внатрешните конфликти наместо да најдеме сили заедно со Создателот, кој претставува нивен извор, да ја победиме секој пат силата на примање со силата на давање. Но ако човекот сфаќа дека сé доаѓа од Создателот и предизвикува во себе судири, тогаш тој наоѓа начин да стави ред.

Тој сфаќа дека сите проблеми, и воопшто секое негово чувствување се состои од две поларни сили кои тој треба да ги спореди и среди. А тоа е можно само ако човекот ги доведува до вистинско дејство во околината.

На крај сето тоа што тој го чувствува треба да го насочува на љубов кон ближниот. Ако тоа не е случај, значи тој сé уште не ја достигнал поправката, не создал правилна врска меѓу желбата за насладувања и искрата на давањето. Само пополнувајќи ја таа врска на љубов кон ближниот тој ќе се поистовети со Создателот според особините.

Од утринската лекција 02.02.2011   на  Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica