Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Користење на опкружувањето како извор на Вишата сила

Трите услови на молитвата се условите кои ни овозможуваат да се соединиме со наредниот степен: Г“Е од нижото со АХАП од Вишото. Ја демонстрираат лојалноста која се бара од душата и разочарувањето во сопствените сили, посветеност на Вишиот, верба во големината на повисокиот степен на Вишиот, кој целосно зависи од влијанието на групата. Човекот не може да го постигне ова сам. Потребата за Вишиот зависи само од групата бидејќи човекот не може да се развие и мора самиот да дава. Ова е апстрактна цел која ѝ противречи на неговата природа, и затоа тоа може да дојде само од групата која владее врз него.

Само групата може да ми ја даде силата која ќе ми овозможи да се издигнам над моето тело и да одлучам дека смртта е подобра од живот без квалитетот на давање, без духовно чувство, за да се согласам да давам наместо да примам, престанувајќи да посакувам да живеам во мојот егоизам. Способноста да се извршат овие три услови зависи од лојалноста на човекот кон неговата група, и од способноста на групата да го убеди за овие вредности. Не може сам да развие став, и дури и ако ментално и логично сфаќа дека дека во книгите е напишано дека такви се условите на духовниот свет, тој сепак нема да може да им се приближи. На групата ѝ е дадена моќта да влијае врз нас со цел да ни помогне да го постигнеме совршениот систем, квалитетот на давање, да излеземе од себеси и да се поврземе со другите скршени души.

Познат е фактот дека кога влегува во погрешно друштво, детето кое порано било добро и со добри манири, за кратко време станува криминалец, дури станува најлош од сите нив, бидејќи го користи образованието кое го стекнал за најлошото. И обратно, добрата средина може да го поправи поранешниот престапник, дури и ако ова е потешко за изведување. Околината се стреми кон духовна цел и поврзување затоа што Светлината од повисок степен  ѝ помага. Го извршува самото дело – нè крева од рамнината во која сега постоиме.

Сакаме да се поврземе за да станеме како повисокиот степен, и затоа ја привлекуваме Светлината која поправа. Сличноста со повисок степен претставува големо поврзување меѓу нас, кога посакуваме да се поврземе со намера да го задоволиме Создателот, да ја материјализираме Неговата желба да се открие Себеси пред созданијата, и нашето поврзување добива неприродни моќи од повисокиот степен. Оваа моќ зависи од нашиот нагон да се поврземе и покрај фактот што не сме способни да го постигнеме тоа. Во секојдневниот живот, многу е лесно да е поврземе заради егоистичка цел. Има целосно обединување и лојалност во криминалната мафија, но ние не сме способни да го постигнеме тоа, и природно, нема да можеме да го направиме тоа сè додека не нè поправи Светлината. Меѓутоа, Светлината која поправа ја привлекуваме само со една единствена желба за постигнување. Групата станува изворот на Вишата сила, што има индиректен ефект како опкружувачката Светлина. Ова сé уште не е директната Светлина на духовниот степен, но по некое време, кога опкружувачката Светлина влијае врз нас како реакција на нашите обиди да се поврземе, ни помага малку по малку, постепено градејќи го нашето поврзување. На овој начин, преку нашите заеднички напори кога делуваме од долу а Светлината делува од Вишото, конечно го остваруваме првиот контакт со Него. Оваа Светлина го облекува нашиот сад, и го откриваме нашиот прв духовен степен.

Од вториот дел на утринската лекција 23.09.2012, според статијата Шамати, бр. 209

на Каб.Тв

Три услови во молитва

Баал ХаСулам, Шамати, бр. 209: „Три услови во молитва: Има три услови во молитва:

1. Верба дека Тој може да го спаси бидејќи ги има најлошите услови од сите негови современици, сепак дали се намалува моќта на раката Господова кога ќе го спаси? Ако не, тогаш „Господарот не може да ги спаси Неговите садови.“

2. Веќе нема никаков совет, веќе направил сé што може, но не нашол лек за оваа незгода.

3. Aко не му помогне, подобро ќе биде да е мртов отколку жив.

Овие три услови се основа на многу други услови, кои човекот мора да ги собере во него за да постигне вистинска молитва, да врисне. Врисокот е желбата во срцето. Тој врисок се раѓа во моментот кога постигнуваме желба која е приспособена на откривањето на духовниот свет, откривањето на атрибутот на давање, моментот кога сме подготвени за тоа, иако сме на оваа страна од Максом (бариерата), што значи дека очекуваме некаков исход од ова откритие.

Уште не е чиста молба и не може да биде чиста бидејќи има раздор меѓу нивоата. Секогаш се молиме во Ло Лишма (не за Нејзиното име), за себеси, и од тоа постигнуваме Лишма (за Нејзиното име), давањето. Кажано е: „Се трудев и најдов.“ Но сепак, нашата желба мора да биде приспособена на нивото кон кое се стремиме. Невозможно е да се издигнеме до него без да ги одржуваме трите услови. Да претпоставиме дека сум одржал два услови и сфаќам дека сум направил сè во моја моќ, но спас нема. Како можам да одредам дека сум направил сè во моја моќ? Дури и ако наеднаш одлучам дека тоа е така, тоа е само за краток момент, и јас веќе почнувам да барам нешто друго да правам. На крајот на краиштата, како да бидам сигурен дека сум се обидел со сè?

Тука е третиот услов „подобро мртов отколку жив“. Човекот достигнува целосен очај и не може да продолжи по својот пат. Тогаш третиот услов го зголемува вториот услов со тоа што го носи човекот на такво екстремно ниво што тој не може повеќе да чека да провери и види што друго може да направи, но низ плач извикува молитва. Ако не го добијам тоа што го сакам тогаш подобро е да сум мртов отколку жив. Тогаш вториот услов ми помага, бидејќи ние дејствуваме во два системи: умот и срцето. Па секогаш можам да си кажам во умот дека не сум направил доволно во срцето. Емотивно секогаш можам да признаам дека не сум го постигнам неопходното испитување и разјаснување на моите чувства во умот. Па на крајот, сите услови им се додаваат на овие три, кои се сумираат во еден услов: една молитва, кревање на МАН.

Од првиот дел на утринската лекција 23.09.2012, по статијата Шамати,бр. 209

На Каб.Тв

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica