24.12.2010
Желбата му го дава вкусот на наполнувањето. Секоја голтка вода е болно измачувачка кога ме мачи жедта. Иако наполнувањето е само делумно, сепак желбата е голема - и јазот меѓу нив го буди чувството на живот. Значи животот не се оценува според желбата и насладувањето како такво, туку по нивната конфронтација. Колку е повисока тензијата, разликата помеѓу нив, толку има повеќе во мене живот, енергија. Лошо е кога мојот сад е празен, но исто така и кога е полн. Работата е да се соединат празниот сад со наполнувањето и да се фати моментот на нивната средба.
Како да се задржи тој миг? Зошто дури и најголемите насладувања од храната, сексот, славата достигнувајќи го својот врв слабеат и се гасат? Јас живеам од миг до миг, мојот живот одвај трепери откинувајќи се од ништожноста и повторно тонејќи во неа.
Како што се пее во песната, "постои само миг меѓу минатото и иднината" – меѓу Светлината што блесна пред мене и мракот, кој само што не ја проголтал. И пред завршувањето на тековното задоволство јас морам да си подготвувам следно – за да не го изгубам чувството на живот. Меѓутоа желбите постојано растат и со светот завладува очајот. Пред луѓето веќе не блеска идното насладување, минливите насладувања не го засенуваат надвиснатиот мрак, и животот станува бесмислен.
Нашиот живот згаснува зошто ние не можеме да го задржиме краткиот миг на насладувањето. На тоа треба да се учиме – да научиме да бидеме над својот егоизам, да работиме против него. Тогаш човекот поминува преку "десет египетски казни", ги остава своите желби и излегува кон "планината Синај", т.е. кон Светлината која може да му даде екран.
Духовното постигнување е изградено врз посебнен сад, кли, кој овозможува да се задржуваш над желбата, во давање. Изградувајќи давачко кли човекот добива можност постојано да биде во контакт со насладувањето и во исто време да не ја гаси желбата – бидејќи не се наполнува таа самата, туку намерата воздигнатата над неа - заради давање. Човекот се здобива со совршенство кога дава, кога излегува од самиот себе и живее во насладување, кое го враќа на другите. Неговиот живот, вечниот живот – не се во личната желба, туку во Одразената Светлина, која ги наполнува нивните желби и Му причинува радост на Создателот.
Мојата свеќа
Кога би се погледнале однадвор, надвор од границите на овој свет, тогаш би забележале, дека "животот" во него – не е живот. Ние сосема сме отсечени од вистинкото сфаќање на животот. Духовно сме мртви, а нашата реалност е илузија во бесвест, краткотрајна искра која е доволна за цел овој свет.
Човекот вистински живее тогаш кога добива Светлина и ја држи над себе не дозволувајќи тоа насладување да згасне и во исто време не пуштајќи го директно во желбата. Светлината и желбата не се гасат една со друга, и притоа не ја губат врската. Тие се како свеќа, како масло и оган поврзани со фитиљ. Маслото е нашиот материјал, желбата. Фитиљот - е екран (масах), а пламенот на свеќата – е Светлината. Јас го држам огнот над себе, повлекувам граница меѓу него и желбата. така да не ја оттурнам целосно Светлината, туку да ја задржам поради давање. Јас постојано правам пресметка колку масло теба да дотурам, колку желба да додадам за пламенот да гори на најдобар начин. И тогаш мојата свеќа не се гаси. Ако тоа ни успева – ние го чувствуваме животот, вечен и совршен. И таа можност е пред нас.