Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Крајот на развојот на егоизмот

Секогаш сме биле егоистично туркани напред од природата; секогаш тоа слепо сме го следеле; со други зборови, инстинктивно нè туркала напред нашата желба за да се исполнуваме, и како што продолжила да се појавува во нас, сме се стремеле кон богатство, слава, моќ, знаење – сé.

Како резултат, постигнавме одредена заситеност, и нашиот егоизам дојде до ќор сокак; не можеме да кажеме ни дека продолжува да расте. Од една страна, има одреден степен на повторна проценка на нашите вредности: „Дали е правилно да продолжиме да се стремиме кон стекнувањето слава, знаење, богатство и моќ? Дали е ова значењето на нашиот развој? Од друга страна, гледаме дека нашата зависност еден од друг нè присилува да примениме некои други меѓународни економски формули, кои мора во предвид да ја земат нашата меѓусебна зависност, со други зборови, јас ќе страдам, и ти ќе страдаш, без разлика колку егоистично тоа изгледа сега. Дури и денес, сé уште се трудам да ја изградам мојата среќа врз газење на другите, ја базирам мојата моќ на тоа да сум посилен од другите, собирајќи повеќе.

Меѓутоа, истата Европа е добар пример за тоа како меѓусебната зависност ги одредува судбините на сите, и е невозможно едноставно да ја исклучиш земјата од ЕУ, без разлика колку некој сака тоа да се случи. Можеби економистите ова не го разбираат целосно. Не можеме да се исклучиме од целиот свет.

Оваа зависност постои во самата природа, во внатрешните врски меѓу нас. И економијата, која ги претставува само нашите надворешни егоистични односи, повеќе не може да ги опишува на ист начин како порано: јас ти давам тебе, ти ми даваш мене, процент за процент, итн. Индустријата, меѓународната трговија и меѓународните односи веќе не може да се развиваат на истиот начин. Мора да го земеме предвид обединувањето на светот. И ако не сме во склад со ова обединување, нема да можеме да го разбереме начинот на кој треба да напредуваме во согласност со светот и природата. Денес го чувствуваме предизвикот на природата, нејзиниот притисок врз нас со единствена цел да нé натера постепено да се менуваме за да станеме како неа. Ова се нема случено никогаш претходно.

Ако гледаме на неа од онтолошка перспектива, ќе видиме дека природата секогаш нè терала кон егоистичен развој. И сега, спротивно на тоа, ни покажува дека егоистичкиот развој престанува; со други зборови, сме го завршиле нашиот развој на неживото, растителното и животинското ниво, кога природата инстинктивно нè туркала напред; затоа ова ниво на човечки развој се нарекува животинско. Но сега треба да почнеме да се развиваме на „човечкото“ ниво, каде што го разбираме и перцепираме светот што нè опкружува до степен каде што ќе се промениме себеси за да одговараме со него. Ни светот ни природата не нè присилуваат инстинктивно да се менуваме, побудувајќи ги овие желби во нас, кои нè терале да градиме општества, економии, технологии итн. Ова денес не постои.

Очигледно е дека следната фаза на нашиот развој е кога природата ќе ни се покаже на нов, интегрален начин, каква што навистина е: Сé е меѓусебно поврзано во неа и тоа е самата природа. Но ние, нејзините составни делови, не соодветствуваме со неа, и мора да дојдеме до истата обединувачка форма во структурата на нашето општество: во политиката, економијата, финансиите – во сé.

Од КабТВ – „Глобалната криза – недостиг на ресурси“ 3/1/12

Општеството за заштита на природата или на душата?

Прашање: Имам три деца, па бев многу загрижена кога рековте дека нашата генерација ги исцрпува сите природни ресурси, не оставајќи ништо за опстанок на нашите деца. Како можеме да ја поправиме оваа ситуација?

Одговор: Нашата општа фамилија брои седум милијарди луѓе и мораме да мислиме на сите со тоа што ќе се грижиме за тоа што ќе ѝ оставиме на следната генерација, и не само за вашите три едца или нашите внуци. Но во меѓувреме, гледам дека уживаме во животот, трошејќи ги виталните ресурси без никаква емоција или размислување, не грижејќи се за оние кои ќе дојдат после нас. Ова е само пример за тоа колку е слепо нашето его, и не сфаќа што прави.

Ако го погледнеме однесувањето на сите земји и сите влади, ќе видиме дека никој не размислува за иднината. Нашата единствена желба е да искористиме што повеќе ресурси од земјата, да произведеме повеќе добра, и да ги фрлиме. Не нè спречува ни фактот што во исто време го загадуваме воздухот и водата. Имам патувано многу низ светот и гледам дека дури и во земјите што не се индустријализирани, околината е ужасно загадена. Скоро не постојат места што се природни и чисти, сé е затруено. Ова е природен процес сé додека сме водени само од силата на егото. Ако нема друга сила за да му се спротистави на егото, силата на дарување која може да го избалансира, егото ќе нè убие. Нема да можеме да го запреме. Само момент пред крајот, немајќи избор, ќе плачеме, „Помош!“ и тогаш ќе бидеме спасени.

Но подобро е да не дојдеме до таа фаза; подобро е да ја шириме мудроста на кабала колку што можеме подалеку,пред да стигнеме до таа состојба. Треба да разбереме дека ако само се бориме против надворешното загадување на природата како општество за да ја заштитиме природата, тоа нема да помогне. Дадени ни се сите еколошки проблеми за да нè турнат во насока на поправање на душата. Ако само се занимаваме со подобрување на околината, правејќи го тоа нема ништо да поправиме. Сега и научниците го согледуваат тоа, велејќи дека ако почнеме да користиме извори за алтернативна енергија да ја зачуваме средината, тоа само ќе доведе до други неочекувани исходи. На пример, генераторите кои работат на енергија од ветерот, се сметаат за добри за екологијата, но всушност имаат големо влијание врз глобалното затоплување, што не ја оправдува енергијата што ја произведуваат. На крајот на краиштата, тие го туркаат воздухот од земјата со голема сила, и со тоа создаваат поголема штета отколку корист.

Постои закон за зачувување на енергијата. Не можеме да произведеме енергија од ништо. Дури и ако користиме сончева енергија, таа има големо негативно влијание врз земјата. Не можеме да ја покриеме целата планета со сончеви панели, нема да ни помогне да ја подобриме средината, туку предизвикува штета. Во природата сé е наредено така што само преку напредување кон целта на создавањето постигнуваме рамнотежа со природата. Сé друго што правиме, без разлика колку се чини дека е добро, предизвикува само штета. Без разлика колку многу се трудиме да ја заштитиме природата, ништо нема да помогне.

Дојдено е до таков степен што можеме да престанеме да мислиме за спасување на околината и природните ресурси на Земјата, ѓубрето што ја загадува, пластиката која ги преполнува морињата и океаните, и наместо тоа треба да се занимаваме само со нашето внатрешно поправање. Тогаш сé наеднаш ќе се доведе во ред бидејќи повисокото ниво ги поправа сите други нивоа кои се под него.

Во Зохарот и во статијата „Предговор кон мудроста на кабалата“ од Баал ХаСулам, кажано е дека сé зависи од поправањето на човекот, бидејќи природните нивоа на неживото, растителното и животинското ќе се издигнат и спуштат со него, без оглед за себе.  Затоа заштитата на екологијата нема да ни помогне. Наместо тоа, душата е главното нешто за кое треба да се грижиме.

Од собирот во Њу Џерси 5/09/12, Шамати #25

Заеднички сили против индивидуалниот егоизам

Прашање: Ја изучувам кабалата неколку години, и оваа недела ќе учествувам на мојот прв собир. Како да ги подготвам срцето и умот за овој настан?

Одговор: Немаме друго место, друг извор, друга шанса да ја примиме духовната сила. Групата, учењето, разговорите, предавањата и дисеминацијата – овие работи се дневните „четива“. Нормално, ова допринесува за нашето обединување, меѓутоа собирот (Кенес) претставува нешто друго, свикување (Кинус) на срца.

Во духовноста се е во заемна врска со обединувањето, каде што ја црпиме нашата сила. Секој ден се обидуваме да зборуваме за тоа и да го сфатиме, градиме намери, имаме собири на пријатели и посебни лекции секоја недела; меѓутоа, овие не се состојби во кои е можно да се прими голема и моќна сила која ќе нè турне напред, како на собирот.

Малхут од светот Ацилут се нарекува „собирот на Израел“ (Кнесет Исраел) бидејќи ги собира и обединува сите наши желби упатени кон духовната цел. Во суштина, собирот е градењето на Малхут од светот Ацилут, создавање на поправен, обединет духовен сад. Нема алтернатива на ова.

И првично заради ова препорачувам секој да учествува во собирот и да се осигура дека ти нема да го пропуштиш. Човек нема друга шанса да ја прими силата за духовен напредок. Згора на тоа, од искуство знаеме дека после собирите следат не толку пријатни времиња, времиња на паѓање. Потребен ти е собирот за да насобереш сила и нежно да го поминеш тој пат како да не постои. Исто како да го изедначуваме притисокот меѓу два столба. Го примаме „плусот“ собирајќи се заедно и давајќи огромна сила еден на друг, и секој од нас го прима „минусот“ поединечно после собирот; оваа негативност нè разделува. Меѓутоа, јас работам на тоа, со помош на заедничката сила која ја примив од сите, и на крајот го поправам.

Немам друга можност да го поправам мојот минус, мојот егоизам, мојот „отров“, мојот „ангел на смртта“, мојата склоност кон злото. Единственото нешто што можам да го направам е да се инспирирам од заедничкото издигнување и да го искористам за да го поправам моето лично паѓање. Истото се случува на лекциите и собирите на пријатели: меѓутоа, собирите се најдобри шанси за влечење сила од пријателите, поправање на личното зло во себе, обединување и подржување на обединето поврзување со сите, обид за да им даруваш. Затоа напредуваме. Имало собири после кои немало падови. Но во последно време почнавме да „паѓаме“, и сега сфаќаме дека тука нема ништо вештачко. Ова е потребно за да преживееме: во спротивно духовно ќе умреме. Дојде времето: сите наши собири се со цел да се собере сила која подоцна ќе ни овозможи да се поправиме. Нема да се забавувам и уживам, да присуствувам на лекции и концерти со моите пријатели. Не, потребно ми е ова единство за веднаш по него да ја поправам мојата склоност кон злото, силите на раздор кои се будат во мене.

Затоа е многу важно да се оди на собирите и исто така многу е важно да се одржи врска на највисоко ниво меѓу нас по завршувањето на собирот, и да се обидеме да ја почувствуваме борбата која ја водиме. Ако после собирот, полн со тензичност и растргнат од противречности, сé уште можам рамномерно да ја поминам оваа фаза, задржувајќи ја силата која ја примив од другите и да се одржам себе си во групата, ако откако го доживеам падот се издигнам над него, тогаш „плусот“ и „минусот“ се спојуваат во една единствена целина: Склоноста кон злото – голема егоистичка желба – се манифестираат во мене, но екранот – моќта на единството која ја стекнав – ќе надвладее. Да се надеваме дека на овој начин ќе ги користиме нашите собири.

Од лекција во Њу Џерси 5/09/12 Шамати #25


Градители на нова реалност

Прашање: Ако Создателот се открие меѓу нас наместо во секоја личност поединечно, како секоја личност го чувствува ова поле на единечна сила?

Одговор: Духовното е дарување. Дарувањето е нешто што се открива надвор од секоја личност, наместо внатре. Внатре во нас можеме само да чувствуваме што чувствуваме во моментот: сликата која ја нарекуваме овој свет. Затоа, ако сакам да откријам нешто надвор од моето телесно постоење, нешто надвор од она што се случува во моето животинско тело, треба да изградам ново, различно тело. Ова тело се нарекува обединување меѓу луѓето. Бидејќи и тие се создадени од животински тела, ќе изградиме ново тело меѓу нас, кое ќе се издигне меѓу нас, и таму ќе ја чувствува вонтелесната реалност. Таа реалност се нарекува духовен свет или виша реалност, бидејќи ги содржи сите сили и квалитети, програмата на создавање и нејзината цел. Сé се наоѓа таму, меѓу нас. Тоа поле, горната сила, не контролира. Се нарекува Светлина, Создател, Елоким, и многу други имиња.

Затоа немаме друг избор освен да изградиме единство меѓу нас. Стремејќи се кон ова единство, дури и егоистично, побудуваме одредено влијание од него врз нас и почнуваме да го чувствуваме до степен наречен Ло Лошма. Тогаш сé повеќе и повеќе влијае врз нас, и почнуваме да го чувствуваме на првиот духовен степен, и тогаш со поголем и поголем интензитет. Моќта на нашето обединување ја одредува моќта на Светлината што преуредува, чувството на дарување што се открива. Меѓутоа, сето ова се открива меѓу нас. Таква е нашата работа. Само треба постојано да се обидуваме да ја замислуваме оваа состојба на поавтентичен и реален начин, да ја присоединиме кон се што знаеме од науката, психологијата и врските меѓу нас. И тогаш ќе видите колку е вистинска. Наеднаш сé ќе се обедини.

Од лекција во Њу Џерси 5/10/12 Шамати



 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica