02.12.2010
Човек не може да го избегне влијанието на опкружувањето, кое или го возвишува или го спушта. Со тоа не е можно да се бориш, ако си важен самиот на себе. Ако сакам да сум имун на тоа мислење, морам да изградам околу себе друга слика, која ќе ми биде важна. Тогаш сето ќе си го претставувам во однос на неа: дали мé караат или мé пофалуваат – најнапред ќе гледам дали е тоа корисно за мојата слика или е штетно. И тогаш нека ме караат, и ако тоа е во корист на таа слика и ми помага да ја достигнам, да се приближиме еден на друг, тогаш јас се насладувам.
Ако ме караат луѓе, кои имаат големо значење за мене, тогаш нивното мислење е вредно за мене. Но ако ги сметам за мои противници, тогаш колку повеќе тие ме караат, толку повеќе се убедувам во својата исправност. Се радувам, дека тие го критикуваат мојот пат. И тогаш најстрашните клетви можат да се воспримаат како благослови. Да речеме, те кара Фараонот – тоа е одлично, зошто тој е спротивен на Создателот!
Сé зависи под чие влијание се наоѓаш. Затоа јас морам да се наоѓам само под влијание на своето опкружување, кое го избрав за духовен развој. И кон него морам да се однесувам многу внимателно, бидејќи преку него ќе можам да се насочам во правилна насока. Откако влезам во такво општество, неговото мислење мора за мене да биде свето. Јас ги преземам сите негови вредности и живеам согласно со нив – наместо сето, што постоело во мене самиот.
Ако сакам наместо мојот разум да го добијам разумот на вишиот, Создателот, тогаш во главата на групата, во нивните желби јас го откривам целиот свој иден свет. Јас немам веќе ништо: сите тие се токму тоа кли, во кое јас го добивам идниот свет. Затоа заедничкото мислење на групата, нејзините вредности – стануваат за мене поважни од моите. Во себеси јас никогаш не ќе можам да откријам ниту најмало делче од духовниот свет – само ако излезам од себе и ја заменам мојата глава со заедничката глава и срцето на групата. Во тоа се состои мојот единствен избор и единствената шанса да го достигнам духовното.
Треба да се биде внимателен кон нивниот разум и срцето и да се обидуваш да пронајдеш внатре, што значи вистинско опкружување. И наеднаш ќе разбереш, дека сето тоа постои во нив, иако тие самите не знаат за тоа. Токму во однос на таа внатрешна група треба да се поништиш себеси – таму ќе го најдеш целиот свет на Бесконечноста.