Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

МАН ,кој има се`

 

06.06.2010
Прашање: Ние треба да го кренеме МАН ( молитвата).Тоа е дејство во желбата?


МАН означува дека јас ја барам силата на давање. Од Малхут се обраќам кон Бина и ја барам од Бина способноста да давам. Но јас морам да ја достигнам таа состојба кога се исполнувам со таа молитва (МАН) и тоа ми е доволно, се радувам дека сум способен да ја кренам МАН.

Како таа состојба е опишана во Тора? Ти излегуваш на светлината на денот. Денот за тебе е -кога ништо немаш, одиш по пустина, бараш МАН – желбата за давање – и кога го наоѓаш, тој те оживува давајки му вкус на се. Се што посакуваш го има во него. Но каков вкус е тоа? Од каде е? Што претставува МАН? Тој доаѓа кај тебе од Бина и тогаш ти е доволна само можноста да бараш од Создателот:" Јас имам со Него врска.Јас можам да барам од Него. Повеќе од тоа не ми е потребно".


Но нели јас посакувам да ја имам желбата во која ќе го откријам Создателот? Не. Јас се задоволувам и со самиот стремеж кон Него. Тоа за мене сега значи наполнување. Врската со Создателот преку групата ме исполнува. Но каква врска? Зарем ти имаш нешто? – Ништо немаш. Но може ли тогаш да се обратам кон Него? – Да, тоа е доволно. Тоа се нарекува "одење по пустината", здобивање со особината "хафец хесед" ( тој што ништо не посакува). Затоа што во пустината ти немаш ништо, и навистина ништо не посакуваш за себе. Но тоа е добивање на исправувањето со особината на давање- сличност со Создателот, и во тоа се состои твоето наполнување.


Од точката – до Малхут на Бесконечноста


Не постои светлина без сад, нема наполнување без желба. Вишата светлина се наоѓа во апсолутно мирување, таа ја исполнува и опкружува сета вселена. Се зависи само од нашата желба, нашите келим. Ако нашата желба ќе се стреми токму кон тоа наполнување, ние тоа наполнување ќе го осетиме. Ако пак, желбата не е соодветна на особината на наполнување, т.е. помеѓу желбата и наполнувањето нема сличност во особините, тогаш ние не го чувствуваме наполнувањето, како што честопати се случува во нашиот свет.


Ние мораме нашата желба да ја доведеме до вишата светлина за таа да ја наполни. А желбата мора да биде соодветна на светлината, т.е. да се наоѓа во состојба на давање. Од каде да се земе силата за давање? Кабалистите велат дека силата на давање постои во секој човек, само што е многу мала, и внатре во самиот човек таква и ќе остане. Таа може да порасне само ако човекот се здружи, соедини со другите. Ако тој сака да го достигне давањето и подготвен е да направи се, за да ја добие од групата, од пријателите нивната желба за давање, во тој случај ќе се здобие од нив со многу такви желби- во таа мера, во која ќе се преклони себе си и ќе ги воздигне пријателите во своите очи.

Така тој од нив ќе добие поголема желба за давање – и по количина и по квалитет. А ако ја има желбата за давање, тогаш во текот на читањето на Книгата Зохар светлината ќе може да делува врз него, ќе почне да ја организира, средува во него таа желба, и да ја наполнува.
Затоа подготовката кон читањето на Книгата Зохар треба да се одвива во групата, во заемно вклучување еден во друг, за да се формира силна желба. И тогаш ќе постигнеме успех.

Ние можеме да го забрзаме времето, да го скратиме, да не заглибуваме во долготрајни физички страдања, туку да ги претвориме во страдања од љубов – страдања дека не поседуваме особина на давање, желба за давање, и ние сме обврзани да го достигнеме тоа. Ние можеме да делуваме во односот кон пријателите во групата, и на таков начин да се здобиеме со таа желба.


Изгледа дека се` е во наши раце. Ние можеме да го скратиме времето навистина до нула. Создателот ја создал само точката " нешто од ништо". Сето останато Тој ни го даде нам, за ние да ја зголемиме нашата желба од мала точка во срцето до големината Малхут на светот на Бесконечноста. Тоа е можно само на сметка на обединувањето. Затоа ние имаме само една можност да ја достигнеме желбата за светлина – да се потрудиме да бидеме заедно во нашите мали желби за давање.


Времето допрва ќе дојде..


Ние не можеме дури ни да замислиме, колку опкружувањето во кое сме растеле не оформи за цел живот. Ние постојано добивавме примери за тоа, како да добиеме корист во својата егоистична желба. Затоа што така се однесувале сите останати, и ние тоа од нив го научивме. Никогаш не сме добивале примери за тоа, како да да го исполниме дејството на давање!

Дури кога не учеа "добро"да се однесуваме, ни објаснуваа дека тоа е во наш интерес. Т.е. ние постојано добивавме егоистични примери, во нас едноставно " ја вградиле" програмата за добивање, насочена кон тоа да постојано остануваме во егоистична добивка. А потоа навиката станала дел од нашата природа, и јас веќе не можам поинаку да го гледам и разбирам светот.

Сосема е можно, дека ќе ми изгледаше сосема поинаков, кога би го гледал во светлината на давањето, а не во примањето. Кој знае, можеби ќе видев во него сосема други работи, кои сега не можам да си согледам. Едноставно така пораснав и станав таков, каков што сум. И сигурно дека сега е потребна огромна работа за да се промени мојата природа. Но сигурно ќе дојде време кога децата ќе растат на друг начин, во средина на такви учители, родители, блиски и целото општество, во кое луѓето меѓусебно ќе дејствуваат поинаку, алтруистички, а со тоа да влијаат врз децата.


Невозможно е да патуваш сам


Ако јас, барем и за еден момент, останам без поддршка на опкружувањето, веднаш ќе се најдам во паѓање. Самиот јас немам немам никаква потпора, нема за што да се фатам во духовното – за Создателот, давањето.

Јас можам да се наоѓам само внатре во своето кли кога сум поврзан со другите и добивам поддршка од нив, или надвор од него. Само што ја губам нивната поддршка, веднаш паѓам. Сам невозможно е да напредуваш и нешто да достигнеш. Не ќе можеш ниту за момент да се задржиш себе си во духовното.


Ако на човекот му се чини дека може да напредува сам: самостојно да ги чита кабалистичките книги, да исполнува некакви дејства и така да се задржи на духовниот пат – тоа е измама. Тој самиот ќе се лаже и бадијала ќе се надева дека може да напредува. Без учество во група и врската, која се нарекува заемна заложба, гаранција, ние немаме никакви шанси да се задржиме во духовното ниту за момент. И да бидеш во духовно опкружување не значи да се наоѓаш во него физички. Најважното е – во која мера ти сакаш да бидеш под влијание на тоа опкружување.


Затоа што ти сакаш да се ставиш под влијание на вишата сила, Создателот. Но ако јас самостојно ги читам кабалистичките книги, јас нема да потпаднам под Негово влијание, затоа што сето прочитано ќе помине преку мојот егоистички филтер. Јас ќе ја доживеам книгата така, како што ја разбирам, чувствувам, како што јас сакам да ја видам!

И само во случај кога прочитаното доаѓа до мене преку опкружувањето, тогаш јас ќе се наоѓам под влијание на Создателот, кој се "наоѓа меѓу својот народ"- внатре во групата, собирот на душите, се наоѓа вишиот свет, Создателот. А поединечно немаме никаква шанса да напреднеме. Треба навистина да разбереме дека само обединувањето е средство, инструмент за откривање на Создателот.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica