02.05.2010
Прашање: Како овој принцип од статиите на Рабаш може да биде вклучен практично со помош на интернет системот кој сакаме да го изградиме, во однос на корисникот на овој систем?
Рав: Сакаме да изградиме систем кој ќе стане модел на групата за секој од нас. Општествен систем, но не само систем на општеството, на цивилизацијата, туку таква група, која дејствува во однос на секој како инструмент, го обврзува секого да се придвижува. На човек треба да му биде јасно - дали се наоѓа во овој систем или не. Таков систем мора да го обврзува секој да врши такви дејствија што ќе го доведат до менување на состојбата, кон внатрешна промена на човек. Таквите активности треба да му помогнат на човек да препознае кој е тој во очите на групата, како тој се солидаризира со групата, како функционира во согласност со нивните чувства и над својот разум.
Забележете колку можности има во оваа игра, што групата ја поставува пред секој корисник. Се надеваме дека ако го направиме така, ако изградиме таква средина, таква група во однос на секој како игра, тогаш во човекот нема да постои никаква можност да го игнорира тоа. Во него секогаш ќе има можност да се проверува себеси, да биде во тоа, да се придвижува, да врши во оваа игра такви дејствија, кои му овозможуваат на човек да почувствува дека оваа игра е "живот", тој ќе успее да разбере дали оди на патот на духовното или не.
Многу е важно да го ставиме на ваква состојба, при што тој ќе гледа до каков степен другите не се во право и како на него му е потребно да види дека тие се сто проценти прави. Тој мора да види колку тој губи при вршењето на одредени дејствија, но од друга страна колку добива - и тоа не само во тој природен, директен вид. Т.е. мора постојано да го поставуваме во ситуација кога тој е "за" и "против" ваквите чувства: љубов, гордост, почит, ненавист. На тој начин тој постојано ќе се наоѓа во процес на борба и тоа е нешто што всушност го сакаме.