05.05.2011
Д-р Ицхак Орион: На материјата и претходи просторот. Според теоријата на Ајнштајн, тој се карактеризира со максимална граница на брзината на светлината, општ релативитет, односно преплетување на категориите простор и време, а исто така и нивната еластичност. Како резултат на своите истражувања и мерења човекот открива дека сè се сведува на него, во него, или произлегува од него. Како го третира ова науката кабала?
Д-р Михаел Лајтман: На почетокот се развивал нашиот свет, а потоа во него почнал да се развива човекот. Тој поминал пет нивоа на егоизмот кој растел само количински. Според овој процес човекот го воспримал светот во категориите време, движење и простор, кои биле „столбови" за чувствување на неговата желба.
Но, како што егоизмот го достигнува последниот стадиум, човекот чувствува дека е обврзан со сите свои делови да се присоедини кон интегралниот систем. Во предворјето на тоа чувство почнуваат нарушувања во неговите погледи на светот. Затоа што станува збор за премин кон сосема поинаква прцепција - воспримање на светот и реалноста.
Порано човекот на светот гледал преку своето Јас, а на следното ниво ќе го восприма преку другите или заедно со нив. Нашата желба станува сè позависна од другите.
Тој процес се случува веќе неколку стотици години, почнувајќи од средниот век, од времето на Ари. Затоа и така се вика „Машиах, син на Јосеф", а после него светот почнал да се спојува во затворен систем. Со самото тоа се поврзани откривањата на новите континенти, технолошкиот развој, Индустриската револуција итн.
Нашите желби сè посилно се спојуваат една со друга и ние почнуваме да го чувствуваме светот во единството меѓу нас, уште не сознавајќи го тоа. Затоа времето, движењето и просторот ги губат своите претходни јасни оцртувања, сега сè зависи од степенот на нашите спојувања. Како последица, науката открива влијание на набљудувачот врз експериментот.
Излегува дека невозможно е да се определи било што без зависност од човекот. Нема свет кој објективно постои надвор од човековите чувства. Ние сме обединети со своите желби и слично на Ајнштајн потсвесно претпоставуваме за постоење на друг свет, кој не го воспримам само лично кај мене, туку и во врската со другите луѓе.
На крај, просторот, времето и движењето добиваат релативна форма. И сето тоа само заради тоа што светот станува интегрален.
Вистината да не се гледа еден по еден
Д-р И. Орион: Физиката се базира на космолошкиот принцип, според кој физичките закони ќе останат непроменети од кој било аспект, без разлика кој го врши тоа набљудување. Докази за тоа нема, станува збор за концепти на својот род, погледи на светот.
Д-р М. Лајтман: Со други зборови, тоа не е научен факт, туку согласност меѓу нас. Науката кабала за тоа го вели следново: соединувајќи се, доаѓаме до заедничкото чувство, какво што е, и тоа е вистина. Вишата Светлина секој лично ја достигнува.
Меѓутоа, со помош на соединувањето, ние ја достигаме Светлината во нејзиниот корен и тогаш наместо разлики, безусловно добиваме заедничко достигнување. Сега веќе не сме разединети, заедно сме. Тоа е поголемата слика. Но, дотогаш ние не можеме да ги споредуваме нашите чувства и дури нашите мерки не се поголеми од согласувањата меѓу нас.
Противречност надвор – противречност внатре
Д-р И. Орион: Светлината има својства и на бран и на тело. Како го објаснува овој дуализам науката кабала?
Д- р М. Лајтман: Дуализмот е својствен за нас самите, па затоа го откриваме во светот. Мерењето може да се направи на два начина:
- лично, индивидуално;
-глобално, со помош на соединување.
Овие два приода се однесуваат на набљудувачот, на нас, а не на Светлината. Ние воопшто не знаеме какви појави се случуваат надвор од нас.
Но, во последните децении физиката открива секакви погранични појави. Ова е предизвикано од тоа што ние самите, стапувајќи во улога на набљудувачи се менуваме. Затоа што појавите за кои учиме во реалноста не се надвор од нас, ние ги перцепираме -воспримаме и ги мериме внатре.Односно, ние ги чувствуваме, а потоа ги анализираме со својот ум. Така и се менуваме.
Порано тоа бил количински процес: илјадници години ние само трупавме информации. А денес се менуваме квалитативно, се поврзуваме внатрешно меѓу себе. Затоа, поврзувајќи се сè повеќе, ние можеме да ги откриваме новите појави, сосема спротивни од претходните откритија кои сме ги правеле, бидејќи сме биле индивидуалисти. Но, проблемот е во тоа дали ќе можеме да си ги објасниме новите појави, да ги разбереме?
Додека физичарите не „се стекнат со дух", т.е. не се обидат да се соединат со другите за да ги пронајдат во чувствата и умот правилните инструменти за восприемање, нема да откријат нешто големо. Затоа двојната природа на бран и на тело на Светлината таква и ќе остане. Брановите и честичките во физичарите нема да се спојат во некоја единствена појава.
Од науката кабала знаеме дека во неисправна состојба внатрешниот и светот кој нè опкружува се спротивни еден на друг. Во отсуство на поправка, сликата на светот засекогаш ќе остане спротивна, бидејќи сè зависи од набљудувачот.
Кој да се смета на набљудувач?
Д-р И. Орион: Еве повеќе од сто години научниците се обидуваат да соединат едни или други области на физиката. Понекогаш им успева. Најголем успех е соединувањето на електрицитетот и магнетизмот во електромагнетно заемно дејствие. Понатаму Ајнштајн направи експеримент и електромагнетизмот се соедини со интрајадрената сила. Денес во природата се разликуваат четири видови на заемно дејствие, а цел е откривањето на единствен закон, единствена сила, единствена формула која ќе ги опише овие појави.
Д-р М. Лајтман: Но како да се изведе? Ајнштајн мечтаел да открие едно поле во кое ќе се вклучат сите сили. Но, како научниците можат да го достигнат тоа, ако не разбираат дека принципот на зависност од набљудувачот се шири и на нив самите?
Проблемот е: кој да се смета за набљудувач: некој апстрактен лик, условно пуштен на различни брзини или внатрешно место каде што човек чувствува, открива една или друга појава? На физичарите ова уште не им е јасно.
Тие мислат дека појавата се открива додека да влезе во нив. Мислат дека го истражуваат надворешниот свет. Всушност, сите појави се случуваат во внатрешниот свет на човекот, а кај набљудувачот се јавува желба. Токму неа треба да ја пуштам со брзината на светлината и да ја изложам на разни други операции.
Физичарите остануваат на претставите за надворешно набљудување. Тие уште не го прифаќаат фактот дека целата реалност се наоѓа во набљудувачот.
Материјата е пројавување на желба
Д-р И. Орион: Како кабалата го третира сфаќањето за материјата и нејзиниот развој?
Д-р М. Лајтман: Материјата е пројавување на желба. Колку повеќе детали чувствува нашата желба, толку подобро ја чувствува материјата. Во неа се случуваат разни појави коишто таа може да ги мери, додека не се развие до тој степен за да може да ги апсорбира промените во себе. Тогаш материјата се покажува во растителен вид, а потоа во животински... Сè зависи од желбата.
Со други зборови, сè зависи од тоа колку набљудувачот внатрешно е развиен во својата желба. Согласно со тоа, тој открива сè посложена материја. Всушност, таа сложеност на материјата заедно со сите нејзини меѓусебни врски и моќ, точно таа многуобразност која човекот ја открива согласно со своето ниво на развој му помага да ја распознае едниствената Сила која дејствува внатре.
Тоа и се обидуваме денес да го направиме со нашиот хаотичен свет – да ја откриеме единствената Сила, единствената цел, единствената замисла.
Нерамномерен развој
Д-р И. Орион: Проучувајќи ја врската на квантите, тие „порции Светлина" и материјата, на пример на внатрешно ниво на атомите, научниците отркиваат „скала" на неделливи величини. Излегува дека честичката не може да се движи произволно – мора да помине по скалилата на таа „скала". Зошто материјата е поврзана со Светлината на скалест начин?
Д-р М. Лајтман: Сè произлегува од четирите стадиуми на распространување на директната Светлина. Придвижувањето секогаш оди нерамномерно. Ние акумулираме мали делови на енергија, додека не собереме колку што ни треба – и тогаш се случува голем скок. Потоа, одново натрупување на внатрешни одѕиви до моментот кога повеќе не можеме да останеме на исто место и – вонреден скок на ново ниво. Јас сум принуден да преминам од неиздржливата состојба во следната, иако на почеток таа ми се чинеше неиздржлива. Затоа сега е посакувана.
АХАП на повисокото, почетокот на следното ниво ми се покажува на прв поглед како нешто мрачно и одбивно. Но постепено тековната состојба се влошува, почнуваат војни и други проблеми, светот станува ужасен и темнината однапред станува подобра. За време на трагедијата на кулите – близначки, луѓето скокаа низ прозорците во сигурна смрт. Во тој момент останувањето внатре за нив било полошо. Така преминуваме од состојба во состојба, а тоа се скалилата на скалата.
На почеток тековната состојба изгледа прекрасна, а следната – мрачна. Потоа надоаѓаат темни облаци и ми станува толку лошо што следното скалило одеднаш се осветлува и почнува да ме повикува кон себе. И тогаш јас преминувам на него. Испуштањето на енергија при премин од ниво на ниво, кога електронот во атомот прескокнува на друга орбита е многу драматична работа.
Кога би можеле подлабоко да ги истражуваме тие појави, особено областа на ласерско зрачење, би откриле многу љубопитни појави...
Енергијата на моите напори
Д-р И. Орион: Квантната област е поврзана со неопределеноста, но не апсолутноста. Се покажува дека во определена состојба не излегува сè на светлина, секогаш по нешто останува за подоцна. Додека пак, набљудувачот ја гледа само делумната реализација, која му се чини случајна и неопределена. Едноставно дел од можностите остануваат нереализирани, како во механизмот на ДНК или во процесот на активација на решимот. Јас не знам што ќе донесе тоа, но ми е јасно дека ќе има резултати. Како работат решимот во материјалниот свет?
Д-р М. Лајтман: Решимо е следното ниво кое треба да го разоткријам. Тоа безусловно постои во мене. Но јас треба да додадам кон решимо сопствени напори кои ќе станат Светлина, енергија која ќе влијае на решимо. Таа енергија по суштина е мојата болка, желбата за пројавување напори, кои ќе дадат нова форма на тековното решимо. Со тоа јас сам го градам следното ниво, својата следна состојба. Иако уште во зачеток ова ниво е вклучено во решимо, тоа се открива целосно во моето воспримање.
Решимо го дава Создателот, а целата негова реализација е оставена на мене. Со помош на Светлината Тој ја создал првата точка, нешто од ништо, а понатамошното симнување до нашиот свет го направила Светлината која има влијание врз таа точка. Добивајќи ја во вид на решимо, јас давам напори и ги исполнувам истите дејствија како и Создателот, за да се вратам во почетната состојба.
И на целиот тој пат јас сум идентичен со Создателот. До самиот крај јас ги извршувам истите дејствија кои Тој ги извршил на почетокот. Со тоа јас Го „менувам", одам со истите чекори. Еве зошто е важна скалата на состојбите. Секое нејзино скалило се состои од решимо и напори и иако решимот веќе се дадени, состојбите ги градам јас. Всушност, јас влегувам во нив и ги чувствувам. Сè произлегува од мене, сè излегува од мене.
Извадоци од “Современата физика и науката кабала“ од 05.05.2011 Следете на Каб.тв