01.11.2010
Ние поминуваме четири прогонства – едно подруго. Тоа произлегува од 4-те фази на развитокот на заедничката душа – АВАЈА (јуд-кеј-вав-кеј). Уште во светот на бесконечноста заедничката желба била создадена во 4 фаза, и затоа целиот развиток се одвива по истите 4 фази. Додека ние ја достигнуваме последната фаза, Малхут, ние треба да поминеме преку редоследно распространување и исчезнување на светлината од желбата, помеѓу скалилата, - и така 4 пати.
Влегувањето на светлината – тоа е спас (од нејзината отсутност, мракот), а излегувањето – прогонство (исчезнување на светлината). Присутството на светлината внатре во садот – се нарекува присутство на Создателот внатре во суштеството или откривање на Создателот. Затоа после спасот (навлегувањето на светлината во садот/душата/желбата), секогаш следува прогонот на светлината, нејзиното излегување. Без тоа развитокот е невозможен! Како што е речено: Наполнувањето со светлината и опустошувањето ја прави желбата соодветна за достигнување на целта ( сличноста со Создателот). Затоа веќе првите кабалисти знаеле, што понатаму ќе се случи со човештвото. Аврам го прашувал Создателот: "Како јас можам да знам, дека моите потомци ќе ја наследат оваа земја?" И кога го добил одговорот, дека тие ќе одат во прогонство, тогаш се смирил, бидејки знаел, дека за 4 прогонства доаѓаат и 4 ослободувања, до конечното исправување. Ние сега се наоѓаме на излегување од последното прогонство, во ситемот на 4-то ниво, кое ги вклучува во себе сите претходни прогонства и ослободувања, и нам ни останува само да го извршиме последното, целосно ослободување ( за цела Малхут), кое веќе наближува.
Но за ослободување неопходно е чувствување на прогонството. Уште пред неговото доаѓање, треба веќе да го присоединуваш во себе, во негативна форма, целосниот облик на тоа идно ослободување, обликот на исправениот свет – т.е. да не мислиш, дека тој ќе дојде само за Исраел, туку и за целото човештво. Првпат во текот на целата историја, Исраел, т.е. нашата светска група, истапува како спроводник на вишата светлина, и ние треба да се обединуваме за да го исправиме целиот свет. А ослободувањето значи – целосно спојување со Создателот, особината на давање.
Притиснато време пред конгресот
Нашата состојба сега, е како пред излегувањето од Египет. И колку поблиску ние се доближуваме до излезот, толку понабиено се притиска времето, исполнето со дејства, настани, случки. И затоа човекот престојува во сомнежи, во него се` се помешало: јас, Фараонот, Мојсеј, египјаните, народот на Израел, внатре во Египет и надвор од него – сите тие се моите внатрешни состојби. Ако јас се наоѓам внатре во своето его – тоа се нарекува Египет. Ако јас сакам да се искачам над егото – тоа значи, дека јас сакам да избегам од египетското ропство. Ако со мене владее мојата егоистичка желба, сомнежите – тоа значи со мене владее Фараонот. Ако јас сакам да избегам од него и да го погледнам од страна – значи, јас сум Мојсеј.
Сите овие состојби поминуваат преку човекот, и ако тој осознава, дека се наоѓа под влијание на таквите дејства – тоа е одлично. Тој ќе направи многу брзи и значителни откривања, со добра брзина. За време на конгресот ние потпаѓаме под дејство на заедничкото големо воодушевување, кое поседува огромна сила. Затоа треба само да се продолжи и да не се дозволи состојбата да се смири. Главно, да се престојува во радост – дури ако ни се чини, дека се случува нешто не многу пријатно и немирно. Нека, лошите мисли и сомневањата ги има многу повеќе, отколку добрите мисли и јасноста – но во тоа се состои внатрешната работа, и треба да се напредува. И не треба да се заборава, дека најдлабокиот мрак се чувствува пред самиот продир, пред излегувањето од Египет.
Не треба да се чека овој мрак, треба цело време да се мисли на светлината и на бегството, но истовремено со нашиот стремеж кон светлината, разбирањето, големото чувствување – можна е сосема спротивна тенденција и потонување во темнина, во магла, мешаница. Така треба да биде и ние заедно ќе ги поминеме овие состојби! Дајте да помогнеме еден на друг, покажувајки, како сите состојби ние ги примаме со радост. Радоста – е најмоќната сила, бидејки без оглед на се`, ти се радуваш, дека ја извршуваш работата на Создателот и духовно напредуваш. Неопходно е да се помине преку тешките состојби, за да се ослободиш од своето его и да се кренеш над него. Ви пожелувам успех!
Пловејки во круговите на светлината
Желбата, која работи со екран – се нарекува " линија", а без екран – "круг". Заедничката работа помеѓу линијата и круговите ги преместува желбите/душите. Круг и линија – тоа се две различни форми на однесување: линијата – е личното, а кругот – општото. Круговите се однесуваат кон желбите така, како тие да немаат екран, и затоа тие ги преместуваат небаре во магнетно или гравитационо поле, земајки ја предвид не мерата на исправувањето на самото кли – туку мислата, која дејствува во тој дел на полето. Затоа круговите можат да влијаат и да ги преместуваат желбите, кои немаат екран.
Додека, пак, "линијата" – се желби, кои го поминале скратувањето (Цимцуф Алеф), и затоа се однесуваат на тие, во кои постои тој анти-егоистички екран. Ако пак јас немам екран, врз мене не делува линијата – јас не и припаѓам, бидејки немам со неа никакви заеднички особини. Затоа сега ние се префрлуваме од место на место само со силата на круговите – и тоа се нарекува "опкружување" (свива). Системот на врските помеѓу нашите души им се потчинува на тие закони. Во него дејствуваат "кругови цимцум-алеф", со центар во точките на малхут, и "кругови цимцум-бет", со центар во точките на бина, каде завршуваат примачките желби и почнуваат давачките. Врз секој дел од желбата, секој најситен детал, кој ги содржи во себе двата вида на желби, кои припаѓаат на цимцум-алеф и цимцум-бет – делуваат круговите цимцум-алеф и цимцум-бет.
Да речеме, во мене постојат желби, кои можат да се откријат веќе сега, а постојат такви, кои не се откриваат до крајот на исправувањето, и согласно на тоа врз нив ќе делува едно поле, а нема да делува другото. Но ние се наоѓаме во тие две полиња што не опкружуваат – полето цимцум-алеф и полето цимцум-бет. Во тоа заедничко поле се содржи целата меморија, целиот програм, целата цел и мислата на творбата, сите наши состојби до самиот крај на исправувањето. Нам ни треба само да се доведеме себеси во соодветност со тоа поле. Но како јас тоа да го направам, бидејки не го чувствувам тоа поле? Тоа е опкружувачката светлина – а јас не можам да воспоставам врска со светлината. Затоа јас воспоставувам врска со желбите, со пријателите, со некој дел од заедничкиот систем и се обидувам максимално да и се уподобам, согласно на законите, содржани во светлината.
И на таков начин јас добивам поголемо влијание од светлината. Јас станувам почувствителен кон неа, и затоа таа посилно на мене влијае. Самата светлина не станува посилна, таа е константна. Но јас морам да ги изострам своите чувствувања, и тогаш ќе почувствувам од тоа поле на светлината поголемо влијание. На таков начин јас ќе се преместувам себеси во тоа поле! Колку почувствителен ќе бидам јас кон светлината, толку побргу ќе запловам во тоа силово поле, привлекувајки се од периферијата кон центарот. Во центарот на полето може да постои истовремено и голем мрак, и големо влијание на силите – но за сметка на таа спротивност јас побргу доаѓам до "правото" дејство во "линијата". На таков начин, движејки се "во круговите", јас ја достигнувам "линијата" и се здобивам со анти-егоистички екран.