Над омразата-кон љубовта
Прашање: ако бездната и омразата во нас остануваат, тогаш што ние исправуваме?
- Над бездната и омразата ние нив ги исправуваме. Ние тоа не го разбираме, затоа што постоиме во еден свет каде што постои или бело или црно, и не може да се спои бело и црно заедно. Ние не сме способни да задржиме во нашата перцепција ништо, што истовремено и одделно и соединето е заедно. За нас постои само еден свет.
Кога ние почнуваме да излегуваме во уште една реалност, и пред нас се појавуваат два света, тогаш наеднаш можеме да видиме дека не постои противречност помеѓу доброто и злото, помеѓу мракот и светлината, дека тие две линии се соединуваат во третата, не црна или бела, како што ја перцепираат во овој свет. Ние се доближуваме кон крајот на егоистичниот развиток и во откривањето на глобализацијата на светот.На квантната физика и се откриваат противречни облици на светот кои што нашиот разум не е во состојба да ги состави заедно во една заедничка слика за светот.
Нашиот разум не се согласува со фактот дека противречностите се поврзани, дека еден објект може да се наоѓа во два облика, на две места итн. Со други зборови, во нас никнуваат веќе нови духовни разбирања за времето, движењето, просторот и постоењето на реалноста-но во нашиот разум нема за нив место. Затоа ние не сме способни да осознаваме, како може да постои откривање на злото и над него без да го уништиме со негово задржување ние го изградуваме доброто. Ние можеме да кажеме дека некако си го замислуваме тоа, но тоа нема да биде вистинската слика, затоа што кај нас се уште не постојат сетила за осознавање на двата света заедно, за омраза и љубов, разделување и соединување истовремено. Ние не сме способни правилно тоа да си го претставиме. Ние можеме да постоиме само во едната од двете спротивни особини.
Затоа ни е потребно само откривање во спознавањето (Кли) и само од неа ние ќе разбереме за што всуштност зборуваат кабалистите. И затоа науката кабала се нарекува „тајна мудрост". Нели јас не сум способен да почувствувам за што тие зборуваат пред да станам подготвен тоа да го почувствувам, пред да дојде светлината и оформи во мене духовно сетило за перцепција? И тогаш, со развитокот на сетилото откриено во желбите за нови особини, јас исто така ќе почнам да разбирам. Кога ќе го достигнам четвртиот, последен стадиум во развитокот на секоја особина, тогаш кај мене веќе ќе постои чувство и разбирање за духовните појави. Но никако порано од тоа.
Да се спознаат тајните на Создателот
Зохар. „Песна над песните", п.482: Мудрост која човекот мора да ја знае: како да постигнува и загледува во тајните на господарот свој, за да се осознае себеси, за да разбере кој е, како е создаден, од каде е дојден и каде ќе замине, како да го исправи своето тело, и како во иднина тој ќе застане пред судот на Владетелот на светот.
Ние мислиме дека тоа се само убави зборови: „Од каде си дојден и каде ќе заминеш?", „Пред чиј суд ќе застанеш во иднината?". Но најважно е- „да се знаат тајните на господарот свој". Токму тоа ние треба да го достигнеме. Создателот сака ние самите да ја откриеме целата Негова работа, целото Негово создавање, целата реалност, создадена од Него, причините за нејзиното создавање, замислата на создавањето, како да се реализира и каква цел треба да постигне целото создание. Да се дознае сето тоа е возможно само под услов да ги исправуваме нашите желби. Тие желби ни се дадени одозгора, а исправувањето се остварува од вишата светлина. Но светлината се појавува само соодветно на нашата подготвеност, нашите напори, нашите желби тоа да се случи. Да дојде светлина и да не исправи. Тоа се нарекува искачување МАН. Човекот треба да се стреми да ја достигне состојбата во која има желба да светлината го изведе над него тоа исправување.