Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Надвор од времето

Прашање: Кој го создал Создателот?

Одговор: Постоиме во свет со почеток и крај, време, граници, и ширење, подобро кажано: промени. Духовниот свет, дури и на најниското ниво, е целовит. Не се менува целоста; не може да биде дека целовитоста има почеток и крај. Затоа, прашањето за тоа што се случува во духовниот свет, а да не се спомне Создателот, е сосема нелогично. Гледаш дека за тебе, таму ништо не се менува. Сè се менува единствено во нашиот свет и тоа се менува од првата до последната точка, од бесконечната состојба во која ние сме како ембрион, до таа состојба во бесконечниот свет во која сме целосно поправени. Во целосната духовна преобразба единствено најситните парченца на овој пат, само нашиот свет е подложен на промени. Во сите останати светови, во нивното владеење, вечноста и целовитоста, времето не постои. Психолозите и физичарите веќе имаат говорено за ова. Затоа, нема причина да дискутираме кој го создал Создателот, дали имало нешто пред Него или не.

Се надевам дека во блиска иднина ние ќе ги направиме потребните напори и ти ќе почувствуваме што е „надвор од времето“ она што го учиме во „Вовед во Книгата Зохар“. Тоа е опишано пред повеќе од две илјади години. Уште тогаш кабалистите отворено пишувале дека времето не постои, дека духовниот свет е откриен надвор од времето. И дека сегашната споредба на нашата стварност е лажна. Во суштина светот се наоѓа во „матрикс“, во целосно различна димензија, спротивно на онаа каде што нема време, простор и движење. Тоа што мене ми наликува како надвор од мене, во суштина се наоѓа во мене. Ќе пораснеме и ќе го видиме сето ова.

Од вечерата пред Европскаиот конгрес во Германија 21.03.2013

Сликајќи ја севкупната духовна слика

Прашање: Како правилно да работиме со следниот степен ? Што е следниот степен? Како да му се доближиме, да го пронајдеме, видиме, откриеме? Во што е разликата меѓу самиот степен и она што се открива во него?

Одговор: Нашиот свет се сетилата на нашите егоистични подвоености, на заедничката одбивност. Сè во оваа состојба разбираме како заедничката подвоеност: еден од друг, од мртвата, растителната, и животинската природа. Таквата состојба е наречена „нашиот свет“. Со други зборови, бидејќи влечеме сè кон нас, во егоистична смисла, само за лично задоволство, ние ја одвојуваме единствената духовна Светлина на занемарливи порции и нив ги разбираме како предмети на мртвата, растителната, животинската и човечката природа од нашиот свет. Но, напротив, ако почнеме да ги поврзуваме овие предмети заедно, и да се однесуваме кон нив како кон единечна целина, тогаш почнуваме да го чувствуваме следниот степен, Вишиот Свет.

Групата ни е дадена да откриеме како да го разбереме просторот, кој што нè опкружува, во друг, поправен облик. На самиот крај следува дека, откако ќе се поврземе едни со други, обидувајќи да се соединиме емоционално, замислувајќи ја поврзаноста на нашите желби  и мисли, како едно срце и една мисла, тогаш ние го сликаме духовниот свет пред нас, и се стремиме кон него. На ист начин, детето посакува да биде возрасно. Низ оваа желба ние ја повикуваме врз нас Вишата Светлина (Ор Макиф), и таа го поправа егото, кое нас нè одвојува и на тој начин го формира следниот ниво, врската меѓу нас, АХаП на повисикиот степен. На тој начин се поврзуваме со повисокиот степен, само низ заедничката соработка меѓу нас. И потоа почнуваме да го чувствуваме полето, енергијата, бранот, кој тече меѓу нас. Проблемите меѓу нас и понатаму ќе растат сè повеќе и повеќе, силите на одбивност ќе бидат откривани сè повеќе и повеќе, додека да дојдеме до спротивното: да се кренеме над нив и да се поврземе меѓу себе. Така се движиме сè додека негативните сили на спротивноста кои што одбиваат, од една страна, и силите на нашата заедничка поврзаност, од другата страна, не ја добијат положбата на нашиот прв духовен степен. Потоа тој ќе биде откриен во средната линија. Со тоа што, духовниот свет ќе биде откриен низ поврзаноста меѓу нас, ние ќе се кренеме над силите што одбиваат, работејќи со трпение и со сигурност на поврзаноста сè додека не се кренеме до положбата на првиот духовен степен. Овие насобрани степени, додека неуморно се обидуваме да се поврземе и покрај непрекинатите проблеми меѓу нас во групата, се истовремено внатрешниот развиток на ембрионот низ кој ние мораме да поминеме. И тогаш сме родени. Што велат кога новородениот ќе пристигне на светот? „Со среќа“!

Од вечерата пред Европскиот Конгрес во Германија, 21.03.2013

Со цел да се стане возрасен

Прашање: Вие говоревте за нашата одговорност во светот. Како да дејствуваме во тој правец?

Одговор: Со цел да се крене до следното ниво, мора да се поврземе за да му го пренесеме овој модел на  светот. Не смееме да постоиме сами за себе. Тоа би значело дека сме одвоени од другите нивоа. Ако делуваме само за себе, тогаш ќе останеме во состојбата на малите. Ништо повеќе нема да има во тоа освен тоа што го разбираме и чувствуваме, сега. Со цел да прејдеме во следната состојба, мораме да пораснеме. Во духовноста можеме да станеме возрасни само цо цел да дадеме раѓање на друг и да го исполниме другиот. Па така, ако се соединиме со цел да ги исполниме другите, со цел да им дадеме нешто од нас на другите, тогаш ние ќе ја воспримиме Вишата Светлина. Не се работи само за нашата должност кон светот. Таа нам ни е потребна, за да го воспримиме откровението на Создателот, откровението од Вишата Сила, системот на Вишата Промисла, влезот во следното ниво, до следната димензија. Сè додека тоа не го сториме за другите, нема да откриеме ништо. Ние сме преносен систем, секој од нас, целата група, сите ние заедно.

Од Европскиот Конгрес во Германија 22.03.2013, 1-ва лекција

Неверојатен напредок     

Прашање: Ако ги вклучам сите 600 000 души во мојот квалитет дали обичните луѓе ја чувствуваат мојата голема моќ кога ќе комуницират со мене? Дали на некој начин ќе влијаам на нив?

Одговор: 600 000 души не се делови што се одвоени еден од друг. Се работи за конвенционално кабалистичко име на нивото до кое треба да се расте. Ова значи дека ако јас сега почувствувам и најмало поврзување со останатите, тогаш тоа е наречено едно. Кога започнувам да се искачувам по духовните скалила, и да речеме, се вклучам себеси во Зеир Анпин. Тоа значи дека јас вклучувам 10 души во себе. Ако се вклучен во ИШСУТ- тоа се 1000 души, во Аба ве Има - 10 000 и.т.н. Дополнително, ова се множи со 60, бидејќи Зеир Анпин се состои од шест дела. Кога се кревам до Арих Анпин тоа се претвора како да се множам себе со 600 000. Тоа значи дека моето достигнување денес се зголемува за 600 000 пати. Ова е само конвенционално име, бидејќи не разбираме што значат 600 000 души. Тоа  е неверојатен напредок. Не е праволиниски, туку повеќе ширење во бесконечниот степен.

Од Европскиот Конгрес во Германија, 22.03.2013.

Кој ја уништива глобалната економија?

Прашање: Пред 10-12 години, кога започнавме да работиме со мудроста кабала, имаше само неколку групи, и во светот  постоеја само неколку проблеми. Сега има многу групи и многу проблеми. Дали има поврзаност меѓу нив? Или сето тоа е бидејќи се соединуваме за да ја уништиме глобалната економија?

Одговор: Не, ние не ја уништуваме глобалната економија. Вистината е во тоа што економијата е конкретна бидејќи светот не знае како да се справи, и ние сега тоа го гледаме. Сега гледаме како луѓето кои што студираа напорно, тие што толку многу знаат за овој свет, за економијата, финансиите, тие кои што контролираат сè, едноставно ги кренаа рацете и не прават ништо. Тие не можат ништо да сторат бидејќи системот е променет! Светот се движи кон друга мрежа на поврзаност, предходната мрежа во која што тие знаеа кој конец да го повлечат и што да прават, не функционира повеќе. Не знаат што следно да сторат затоа и сè останува како што било. Никој не се справува со кризата! Ако треба да печатиме пари, ќе испечатиме. Имаме долг од 15 билиони евра, нека бидат 30 или 100 билиони. Па што? И онака нема каде да се оди. Сегашната стапка на невработеност е 10%, а ќе достигне и до 50%. Како ќе ги прехраниме невработените? Не е важно, ќе ги прехраниме бидејќи лесно е да го прехраниме целиот свет денеска. Еве како сè се решава.

Зошто? Бидејки никој нема решение за проблемите. Семејствата се распаѓаат! Нека се распаднат, што може да направиме? Бројот на постари граѓани расте многу порапидно отколку бројот на луѓето што работат, па што, не е важно. Ова значи дека сè е запоставено, и никој повеќе не се противи. Фактот дека различни политички водачи се појавуваат пред нас и тоа е едноставно игра, театар.  Во секој случај, секој знае дека не знаеме што треба да сториме, па така си седиме со скрстени раце, без никаква намера да сториме било што! Ова е најдоброто решение. Па така не ја уништуваме економијата.

Напротив, мора да му покажеме на светот дека треба да се поврземе, но не економски. Економски сме исто така поврзани на еден ужасен начин. Погледајте што се случува во Кипар сега! Ова е само еден мал пример за тоа како сме заемно поврзани. Мора да му покажеме на светот како да ја започнеме нашата заедничка соработка правилно. Тоа не е на економски план, туку единствено на планот на интегралното образование и ништо повеќе од тоа! Па ајде да започнеме.

Од Европскиот Конгрес во Германија, 22.03.2013, 1-ва лекција

Дисеминацијата е еликсир на животот

Прашање: Би сакал да прашам за ситуацијата што може да се појави во групата во врска со дисеменацијата и изучувањето на интегралното општество. Да претпоставиме дека има група од петмина луѓе кои го прифатиле статутот на групата, и се обидуваат да се придржуваат до него, пројавуваат љубов, и.т.н., и тука сум и јас, темелна, образована, интелегентна личност која што го има завршено интегралното предавање и интегралното образование и веќе можам да им предавам на останатите. Јас немам време да бидам вклучен во групата; Сакам да дисеминирам, но групата не ме подржува. Испаѓа дека тие ме спречуваат. Што треба да сторам во ваков случај?

Одговор:  Целата работа е во тоа што, пред да започне глобалната криза не говорев воопште за интегралното образование. Баал ХаСулам доста пишува за ова и тоа говори доста сериозно за оваа тема. Тој истакнува дека откровението на Создателот не може да се случи ако светот не тежнее кон тоа, и двата дела, делот од човештвото кој што ја има точката во срцето и делот кај кој не е  сеуште разбудена точката во срцето. Така да се` зависи од дисиминацијата. Приметив истотака, дека  на почетокот на моите ученици не им беше многу јасна оваа идеја,  но вршев притисок врз нив, и на крајот почнаа да разбираат дека како прво, немаме избор и дека ова е од голема важност, и како второ, тоа е вистината. Што би можел да правам на твое место? Има многу групи во светот и некои разбираат дека мора да дисеменираме, а некој не. Истите работи се случуваат во секоја група каде што има некои луѓе кој ја разбираат оваа тема и некои кои не ја разбираат. Во секој случај, членовите на групата треба да живеат во мир и да им дозволат на тие што сакаат да десиминираат, воедно да признаат колку е важно да се прави тоа. Тие кои што сеуште не разбираат треба да почекаат додека не разберат; самите ќе увидат дека дека сите групи се справуваат со тоа и со тек на време и самите ќе почуствуваат дека не само дека се и самите заинтересирани за тоа, туку исто така и за потребата од дисеминација. Поентата е дека кога започнуваш да работиш за општата јавност, ти чуствуваш голема енергија; ја чуствуваш смислата на животот. Тоа е исто како кога стануваш родител,  бидејки имаме деца, чуствуваме нов потик за живот: Повеќе не живееш за себе туку за нив. Па така, групата која што што дисеменира е секогаш по жива. Излегува дека дисеминацијата  првенствено е важна за самата група. Да се надеваме дека секој постепено ќе го разбере ова.

Од Европскиот конгрес во Германија 22.3.2013, Лекција бр.2

Исполнувајќи ги емоционалните празнини со Светлина

Прашање: Луѓето кај кои точката во срцето веќе е откриена имаат слободна волја, додека 99% од луѓето се чувствуваат депресивни. Излегува дека сите сме едно големо семејство, кое што има цел во животот, и затоа сме среќни.

Одговор: Се разбира дека сме едно семејство. На почетокот бил создаден еден сад, една желба. Потоа таа била распарчена на милјарди лични желби. Па така денес има седум милјарди луѓе на планетата. Сега треба повторно да се поврземе, но овој пат со нашите заеднички напори. Ова, се разбира, се случува под влијание на Вишата Светлина, бидејки ние самите не можеме тоа да го сториме. Светлината прави сè, но, ние треба да го земеме сиот овој систем преку заедничко поврзување, со значење дека треба да повторно да бидеме една единствена целина. Што се случува? Првин, ние сме биле една единствена целина. Потоа под влијание на Вишата Светлина, ние сме се чувствувале егоистично, одбивно еден од друг, и нашиот сад се скршил. Ова значи дека Светлината ги вметнала нејзините спротивни особини во нас, и сега постојат пукнатини меѓу нас, емоционални далечини. Не можам да го поднесам другиот и тој и јас не може да живееме заедно, зошто? Тоа е поради тоа што Светлината вметнала егоизам во нас, отпор меѓу нас, темнина. Ако сега ги поништиме овие спротиставени особини, барајќи од Светлината да влијаее врз нас, тогаш Таа ќе осветли повторно во нас, но спрема нашата желба, да се кренеме над нашето его. Па така, ако порано Светлината нас нè осветлувала на нивото на Светлината од Нефеш, која што е многу бледа Светлина, сега нас нè осветлува на степенот на Светлината од Јехида, која што е големата вечна Светлина. Ова е сета наша добивка. Со други зборови, одбивноста што ја чувствуваме, сите празнини и места меѓу нас, мора да бидат исполнети со Светлина.  

Од Европскиот Конгрес во Германија 22.03.2013, Лекција бр.2

Како да се соедини континентот?

Кабалистите пред стотици години говореле за престојната општа криза на човештвото, која што се јавува денеска во Европа, со посебно остра жестина. На почетокот на 20-от век Баал ХаСулам напишал дека на крајот на столетието, попрецизно од 1995-та година, ќе започне целосно нов стадиум, вистинска развојна ера за човештвото. Во основа, овој период беше и роден тие денови, но секогаш е потребно време додека процесот не ја достигне својата реализација меѓу масите. Од друга страна, овие промени се слични на оние промени кои се случуваат во групата. И така од организација на мали групи, ние може да научиме што ќе се случи во поголемите блокови како во ситуацијата на целиот европски континент. Од материјалот за учење, ние знаеме дека моментот во кој луѓето се стремат за соединување, тие веднаш откриваат ново ниво на егоизам. Зошто ова се случува? Бидејќи кога ќе се најдеме во некоја фаза на развој и треба да се кренеме до следното ниво, ова може да го сториме единствено ако го надминеме нашето его. Следната фаза на развиток е поголемата поврзаност помеѓу луѓето. Ако се поврземе меѓусебно со сила каква што е оваа, да организираме посилно и посолидарно општество во кое Вишата Светлина, тогаш ќе ни биде откриена силата која што делува на нас и влијае врз нас надворешно (Обкружувачката Светлина). За ова да се случи потребно е ние да станеме егоисти меѓу нас во нашето сегашно ниво, така што сето овоа его ќе биде разоткриено меѓу нас. Потоа во спротивност на него, ние ќе се поврземе заедно, така ние ќе направиме екран над нас, и сета Светлина која допира до нас нема да влезе во нас на егоистичен начин, туку ќе остане надвор од нас, над нас, во облик на заедница, во облик на завет. И потоа ние ќе ја почувствуваме заедничката Светлина со заедничка желба која што ќе нè поврзе. Тоа ќе биде нашата прва духовна Светлина, која што ја нарекуваме „Нефеш (Светлината на Нефеш).

Егото нè расцепува и нè турка одвнатре. Спротивно на тоа, особено кога работиме на него, ние самите се присилуваме да се поврземе. И покрај тоа што сите ние сме егоисти, ние сепак се соединуваме. Нашата соединувачка состојба е составена од две спротивни сили: егоистичната сила што нè одвојува преку одбојност, омраза, недостаток на разбирање; и над тоа, ние се креваме до поврзаноста меѓу нас. Кога овие две спротиставени сили, на една страна негативната сила и позитивната сила на друга страна, ќе достигнат одредена тензија меѓу нив, тогаш во еден миг, во облик на скок, Вишата Сила, Светлината, се открива таму. Таа ни дава чувство на соработка, чувство на поврзаност, и заедно со тоа и чувството на постоење во апсолутно различен простор, во друга состојба, наречена „вишиот свет“. Ние почнуваме да се чувствуваме себе надвор од времето, надвор од материјата, надвор од движењето, внатре во светот на силите кои што го движат овој материјален свет. Треба заедно да излеземе надвор до ваквото ниво. Да стигнеме до него е нашата задачa.

Во групата ние гледаме дека во истиот момент кога започнуваме да се поврзуваме со општата заедничка желба, во еден посебен миг, ние сме погодени. Одедднаш се јавува чувство на одвоеност, оладување, недостаток на значење: „Не ни е потребно сето ова“. Многумина од нашите пријатели си одат; некои пак, откако го преживеале овој процес на одбивање и оладување, подоцна повторно се будат и ја остваруваат желбата за поврзување. При искачувањето ние треба да минеме низ многу фази, како овие. Не може веднаш да ги надминеме и да минеме низ сето ова од еднаш. Да претпоставиме дека побаруваме 150 фази (само во произволен број) додека не стигнеме до таа точка во која нашата потенцијална волја се изедначи со Светлината на Нефеш. Така во нас ги откриваме овие два потенцијали, негативниот и позитивниот; во следниов вид на разлики меѓу нив ја откриваме Светлината. Оваа материја нам ни е позната од електрониката, од физиката и од останатите науки. На пример, лампата се вклучува кога постои доволно сила за неа. Ако таму постои потенцијална разлика, тогаш Светлината се открива, Светлината на Нефеш. Ова е тоа што треба да го посакуваме во групата. Исти работи се случуваат денес на целиот континент, и подоцна ќе се рашири низ планетата.

Во Европа, спрема знаците од озгора, во релација со програмата на создавањето, тие започнаа со соединување. Секако, сите луѓе претпоставуваат дека ова ќе биде корисно за нив од економска гледна точка; инаку би било неможно да се привлечат луѓето на овој начин. Ние исто така влегуваме во група бидејќи некое идно исполнување нè привлекува кон неа. Итстата работа ја имаме и тука: Луѓето чувствуваат дека тие можат да бидат заедно, да бидат посилни, дека ова ќе биде повредно за нив, и така започнуваат со соединување. Но во процесот на унификацијата, тие одненадеж откриваат дека постојат бројни скриени пречки и проблеми. Цела Европа сега се наоѓа во оваа состојба. Природно, ако европските народи беа свесни за тоа што навистина им се случува, дека посебно сега треба да посакаат да да се соединат и поврзат, тие ќе го стореа тоа што ние се обидуваме да го направиме како група, што значи, и покрај условите, тие некако ќе се стремат кон соединувањето. Исто така, тие веќе гледаат дека не можат да се поделат и да се одвојат едни од други.

Со групата се случува малку различен процес, ние сме подделени и повторно се поврзуваме. Нови луѓе пристигнуваат, едни заминуваат, друѓи пристигнуваат и слично. Едноставно некои заминуваат на неколку денови или недели (постои ваква состојба), или се наоѓаат во група, но како да не се нашле до точката во која се искачуваат. Но во Европа, луѓето кои ги управуваат финансиските и економските поврзаности гледаат дека сето ова е невозможно, дека е невозможно да се одвојуваме понатаму. Ова го гледаме низ примерот на Кипар, и пред тоа преку примерот на Грција. И ова ќе продолжи. Нема бегање. Трансформацијата е неопходна, поврзувањето мора дасе интензивира сè повеќе и повеќе. Но тука се јавуваат и проблемите, бидејќи без да се разбере што треба да се стори, ова ќе биде ќор сокак. Во главно, спрема аналогијата на групата, неопходно е да се направи напор на заемно вклучување, заедничко соединување, заедничко поврзување. Тогаш исто како и во групата, целиот континент ќе го пронајде излезот, следен од сиот свет кревајќи се до следната фаза до Вишите Светови. Тука не се случува ништо посебно, ова е навистина процес на консолидација и поврзување.  

Од Европскиот конгрес во Германија 22.03.2013.

Помагајќи Европа да се соедини

Прашање: Во главно, што треба ние посебно да сториме за да им помогнеме на европските групи да се обединат?

Одговор: Да им се помогне на европските групи да се обединат ние треба да се обединиме со нив: да се поврземе со нив, да ги поттурнеме, да им помогнеме, и да учествуваме заедно со нив во нивното соединување. Не треба да стоиме на страна и да гледаме: „Што се случува, таму, во Европа?“ Потребно е повеќе да учествуваме во овој напор за соединување. Треба да бидеме свесни за тоа што се случува во сите европски групи, да живееме со нив. Ние не создаваме само европска група на овој конгрес; ние ја создаваме општата светска група. Треба да почувствуваме дека сите ние сме едно тело. Инаку, нема да можеме да напредуваме. Ќе бидеме во иста состојба, растурајќи се и собирајќи се повторно некако, и сето ова ќе продолжи со години. Ние немаме време за тоа. Треба да се соединиме и да работиме заедно, толку многу што, ќе се гледаме и чувствуваме еден со друг како што тоа го правиме сега, на овој конгрес. Имаме потреба од еден центар за дисеминација за интегралното образование и еден управител за цела европска група. Центарот на светската група се наоѓа кај нас. И потоа ние ќе започнеме да ги консолидираме сите во една обединета група.

Од Европскиот Kонгрес во Германија, 22.03.2013, Лекција бр.3

Помеѓу плусот и минусот

Прашање: Постојат две сили во создавањето: плусот и минусот, желбата да се прими и желбата да се дава, машката сила и женската сила. Можеби поврзаноста помеѓу машките и женските сили недостасува со цел да се открие една сила која што е наречена „Еден?“ Ако тоа е вистина, тогаш како може да се поврземе?

Одговор:  Единствено со вклучување на Создателот, не постои друг начин! Единствено Тој може да создава хармонија меѓу плусот и минусот. „Мажот и жената, се вели, и Шхина (Божественоста) е меѓу нив.“ Мажот и жената, плусот и минусот, овие две спротиставени сили никогаш нема да можат да се спојат без откровението на Создателот. Во природата мора секогаш да има отпор помеѓу плусот и минусот, во кои заедничката енергија меѓу нив станува истакната, и Создателот е тој кој ја игра таа улога. Одпрвин Тој се открива Себе во облик на его, отпорот меѓу плусот и минусот, потоа Тој поврзува сè во еден систем, и потоа на врвотот, Неговото откровение станува обелоденето и ние започнуваме да го чувствуваме Него. Ние всушност не можеми да го почувствуваме Него. Тој се насетува во нашите желби, во нашите садови, во отпорот што го создаваме помеѓу плусот и минусот. Да претпоставиме дека ова е нашиот отпорник, плусот или минусот, нашето его. Ако таму постои „струја“ која течење низ него, значи дека ние се поврзуваме и покрај егото, тогаш на врвот од отпорникот ние почнуваме да го откриваме Создателот. Создателот е спротивен од нашето его, бидејки Тој ја создал темнината од Светлината. Создателот е спротивен од нашето его, така ние го откриваме Создателот. Тој „инструмент“ е нашиот Масах ( Екран ).

Од Европскиот конгрес во Германија, 22.03.2013 Лекција бр.3

Правото да се надминат границите на стварноста

Во сите созданија, од светот на Бесконечноста и сите повисоки светови, Адам Кадмон, Ацилут, Брија, Јецира, Асија, и сите Парцуфим и Сефирот – овој свет е тој што е последен и најнизок, и во него е вклучена сета вселена, мртвата, растителната, животинската природа и луѓето на земјата, каде што единствено човекот има слободна волја. Од сите луѓето се единствено тие кај кои е разбудено прашањето. „Кое е значењето на овој живот?“.

Ако некој одненадеж почувствува потреба да дознае зошто живее, тоа значи дека заедно со ова прашање се појавуваат шансите да го поправи неговиот живот и да го исполни со значење. Самото прашање покажува дека кај него има извесна поврзаност со изворот на животот. Ова значи дека тој има шанси да го поправи својот однос, неговиот однос со изворот. Ова прашање денес се буди кај многу луѓе. И така забележуваме дека депресијата е на широко распространета. Ако ние можеме да утврдиме каде нестостасува комуникацијата меѓу нас, во што е неуспехот на поврзаноста, тогаш ние може да се поправиме самите. Ние можеме да го приклучиме лошиот систем и добриот систем во нас, па да видиме која врска е прекината а која е недопрена. Но, тоа не може да го направиме, бидејќи човекот е создаден единствено со зла сила. Не чувствувам било што освен желбата за уживање. Не разбирам ништо и не можам да размислувам за ништо друго. Тоа е мојот внатрешен програм. Сè што гледам, сè што забележувам и чувствувам, сè со што се поврзувам, сето мое свесно и несвесно однесување, секој ден од мојот живот е насочен единствено на едно прашање: „Како да уживам на сметка на секој момент и секоја можност“. Та е направен човекот и тој не може да го прекине овој круг. Ако јас сакам да направам нешто добро за некого, причината е мојот посебен однос со тојчовек, затоа што се чувствувам близок до него. Моите добри чуства зависат од неговите добри чуства. Не само човекот туку исто така и сета мртва, растителна, животонска природа работи на овој принцип. Може да го видиме овој принцип насекаде: од најситните елементарни честички до гигантските предмети, дури и самите галаксии. Во сè постои само една желба -да го зграпчам она што е добро за мене и да го одбијам она што е штетно.

Егоистичката желба да се ужива на неживото, растителното, животинското и говорното ниво во природата работи единствено на овој начин. Но на говорното ниво ние исто така восприемаме посебен облик на слобода на избор. Човекот се развива од животинскиот степен, од мајмунот, и на одреден стадиум тој почнува да се запрашува: „Зошто живеам, што е значењето на животот, што е изворот на животот, дали има намена?“ Низ развитокот, како резултат на ударите и сè низ што тој минува, човекот постепено започнува да ја гледа општата слика. Потоа прашањето за значењето на животот го принудува да ја потврди неговата желба, тој мора да разбере зошто живее. Па дури ако неговиот живот е убав, се поставува прашањето дали тој има цел и што може да постигне во овој живот. Некој се свртува кон верата и таа му дава на некого оддредена надеж бидејќи таа му ветува дека работите ќе бидат подобри. Но, тоа не е решение, бидејќи со ова човекот всушност не го добива одговорот на неговото прашање. Тој единствено се смирува себеси со приказните на другите луѓе.

Мудроста кабала му нуди на човека вистинска шанса да ја види стварноста позади границите на физичката смрт. Таа вели: „Ти ќе го видиш твојот свет за време на твојот живот“. Тоа значи дека поради промената на однесувањето, некој започнува да ја гледа спротивната стварност, која што постои  надвор од него. Тој постои како сам во надворешниот свет, тоа е како тој да се препознава себеси со надворешниот свет. На тој начин го напушта неговото тело, животинското ниво, и се здобива со нови сетила и нови особини наречени човечки особини. Некој се поистоветува и се поврзува со сета природа што е надвор од него. И така се здобива со вон телесно искуство, духовен живот. Ние мора тоа да го сториме тука, во овој свет, во овој живот, и потоа ќе преминеме до следната реалност. Најпосле, ние сме во животинската фаза на сегашната стварноста. Во нашиот свет сè уште постојат мртвата, растителната, и животинската природа, и ние му припаѓаме на животинското ниво, но сме поразвиени од останатите животни. Мора да се движиме кон човечкиот ниво, степенот на Адам, што значи „сличен“ (Доме, на хебрејски) кон Вишите Сили. Силите на љубов и давање. Кога некој постои само за себе, тој почнува да гледа и да ја чувствува оваа различна стварност. Тој започнува да чувствува живот надвор од телото, како заеничкиот матрикс постои надвор од материјата. Овој специфичен вид на постоење е наречен човечко ниво. Го здобиваме повикувајќи ја силата на давање која што постои во природата, додавајќи ја на силата за воспримање, силата на егото што ја имаме, и потоа почнуваме да ја поправаме, променувајќи ја во давање. На овој начин ние стигнуваме до духовното ниво. Денес сме во преминување од едно ниво кон друго и во блиска иднина ние ќе видиме како сиот свет ќе мора да премине кон следната фаза на нашата еволуија.

Од Европскиот Конгрес во Германија 23.03.2013, Лекција бр.4

Ако сакаш, ти ќе бидеш слушнат

Прашање: Ако погледаме кон себе низ очите на физичкиот свет, ние гледаме како сме слаби економски, друштвено и политички. Ни недостасува бараната положба во светот. На основа на ова, како може да дисеминираме нешто?

Одговор: Јас не знам каква положба треба да постои во светот кога некој сака да дисеминира нешто. Оди на интернет и ќе видиш дека ова е ингегрален систем во кој ти можеш да направиш што сакаш. Тој е создаден токму за дисеминација. Сè зависи од тебе. Ако се обидеш исправно да го понудиш твојот метод, со сето срце, спрема тоа што луѓето сакаат да го слушнат од тебе, тие ќе те слушнат. До самите нас е да научиме како да го правиме тоа. Не е потребна никаква позиција за ова да се направи. Во 1995, отворив веб страна за кабала и тогаш почнав да дисеминирам без да побарам дозвола од никој. Ги издадов моите три книги во 1983 додека бев сè уште со Рабаш, тогаш немав ниту еден студент. А денес, имаме два телевизиски канали и печатиме весници за време на сите празници. Токму затоа сега не е потребна никаква посебна позиција.

Од Европскиот конгрес во Германија, 23.03.2013, Лекција бр.4

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica