Конгрес во Шпанија "UNIDOS" Од првото предавање, 3-ти јуни 2011 год.
Прашање: Вие рековте дека во текот на историјата нашиот егоизам постојано растел, а денес го имаме постигнато неговото максимално ниво. Дали тоа значи дека не можеме ништо да направиме за негов понатамошен раст?
Ние никогаш не сме придонесувале за растот на егоизмот, затоа што ние не управуваме со него. Човекот не е господар на своите желби. Ако имаме неколку желби, тогаш правиме пресметка: која е поголема, која е помала, која вреди да се оствари, а која да се остави. Ако не можам да остварам одредена желба, се препуштам на друга, на таа што може да се исполни.
Јас не ги создавам желбите, тие се будат во мене според редот решимот, информациските гени, кои кај секого се различни. Не можам да предизвикам промени во желбите/решимот, но можам да ја забрзам нивната појава. Стремејќи се кон побрз развој, влегувам во заедништво кое ја подига важноста на духовниот развој. Тоа заедништво ми дава сила за правилно и брзо остварување на желбите. Ако имам таква сила моите желби се будат побргу. А ако не постои таква сила, тие се развиваат по своето темпо. Затоа оној кој учи кабала се развива многу бргу.
Падот на егоистичкиот развој
Ние сме првото поколение луѓе кои се будат за да ја дознаат смислата на животот, да разберат зошто живеат. Претходните поколенија живееле слично на животните. Имале само егоизам, желба за наслада која постојано ги туркала напред и со нејзина помош се обидувале да се исполнат себеси во вечна трка од едно задоволство кон друго. Меѓутоа никогаш не се исполнувале затоа што насладата е спротивна на нашата желба за примање. Исто како што се спротивни двата пола во електрично поле.
Откако Светлината ќе дојде во допир со садот, посакувајќи да излезе од него, меѓу нив веднаш се случува дематеријализирање, „краток спој" и тие се поништуваат еден со друг. Секогаш кога сакаме да се насладиме од нешто, доволно е само да се допреме до насладата и таа исчезнува. Ние го чувствуваме вкусот на храната, но тој постепено се губи. Гледаме нешто убаво, но магијата се рассејува. Доброто не останува со нас, ние не можеме да си додаваме позитивни чувства секој ден, да ги ставаме во нашата „штедна касичка". На крај гледаме дека нашето поколение оди во очај. Тоа нема со што да се исполни, не го чувствува вкусот, насладата, се дрогира, зема средства за смирување и антидепресиви... Зошто?
Нашата егоистичка желба која растеше во текот на целата историја, престана да расте. Илјадници години таа собираше сила и нам ни се чинеше дека во новите желби ќе откриеме големи наслади. А чувството на наслада е чувство на животот. Но денес нашата желба за примање е заситена и по безизлезноста паѓаме во очај, не наоѓајќи можност да тргнеме уште некаде.
Ова е посебно време, посебна состојба и затоа Баал ХаСулам пишува дека е среќен што се родил во време кога е можно да се објави науката кабала. Зошто ова стана возможно?
„Кабала" значи примање. Таа учи како да се прима мудроста, како да се исполнува до бесконечна наслада и да не се чувствува како таа наслада исчезнува и да не се умира со губењето на сите наслади. На тој начин, науката кабала може да се донесе до незапирлива наслада која што означува вечен живот.
Затоа што заситената желба за примање кај човекот се открива „точка во срцето" (•), уште едно својство, желба за давање. Плусот и минусот, желбата за давање и желбата за наслада се наоѓаат во ист човек и тој добива можност да бира. Сега кај него има две сили и развивајќи ги една против друга, тој почнува да управува со нив, со други зборови, да управува со себе. Тој сам одлучува на која страна ќе се сврти и во колкав степен да ја искористи желбата.
Со тоа тој се развива од трите линии – создава средна линија од десната и левата. Таа средна линија, всушност, се нарекува „човек" (Адам), затоа што тој самиот го направил тоа дело, сам ја оформил својата внатрешна суштина и затоа таа му припаѓа на него. Сè до тогаш во сите циклуси сме се развивале слично на животните кои ги турка егоистичката желба и сме добивале сè повеќе наслади по наредба на желбата. Сега ние уште не ги контролираме своите две желби, затоа што од втората имаме само мала точка.
Затоа се собираме и заедно учиме кабала која ни објаснува како да ја развиеме за да добиеме две големи желби. Тогаш со нас нема да управуваат одозгора само со силата на егоизмот, а наместо тоа ќе ги држиме во раце двете сили и ќе успееме да се издигнеме над овој живот.
Подарок на човештвото
Посебноста на науката кабала е во тоа што таа ни открива како да се владее со двете сили на природата: силата за примање и силата за давање. Целата природа е составена од нив. Ги гледаме насекаде: плус и минус, давање и примање... Нивниот спој ја создава суштината на нашиот живот.
На неживото ниво тие градат атоми и молекули, електрони, кристални решетки итн. На растително ниво спојувањето на плусот и минусот раѓа живот – плусот му дава корисни работи, а минусот извлекува отпадоци, благодарение на што телото живее и се развива.
На животинско ниво плусот и минусот стануваат уште поголеми и со својата поврзаност не предизвикуваат привлекување на корисното и одделување на штетното, туку и движење, размножување, посебен живот на одделно животно. Ова е збирот од двете меѓусебни дејствија.
Меѓутоа, на човечкото ниво, колку и да е тоа парадоксално, до сега дејствуваше само една сила од двете. Како последица од тоа, насладата во истиот момент кога ќе влезеше во нас, се гасеше. Затоа што нашата желба е егоистична и ние немавме никаква можност да и се спротивставиме, да ја внесеме втората сила наспроти неа, за да го оттргнеме штетното од желбите и мислите, од срцето и разумот кои спаѓаат во човечкото ниво. Сега во нас се открива втората сила – точката во срцето наспроти егоизмот. Тоа ни овозможува да се оформиме себеси, да одлучуваме какви мисли и желби да имаме, а какви не.
Како резултат од илјадниците мисли и желби можеме да подготвиме нова структура, во себе да изградиме посебно ниво под име „човек" (Адам) или „душа". Таа се состои од десет сфирот и се нарекува и „парцуф" – духовна градба. Тоа е она што го градиме во себе благодарение на што во нас почнаа да се развиваат двете сили. Стотици илјади години на човечкото ниво во нас дејствуваше само една сила, постојано нè водеше во дејствие, во она што се буди во желбите и мислите. Така и живеевме.
Но денес, заедно со неколку милиони луѓе од целиот свет добивме вистински подарок одозгора – желба за давање како дополнување за желбата за примање. Сега во себе формираме ново битие, сами треба да изградиме човек во себе. Тоа и е целта на постоењето на човекот во нашиот свет. Инаку, зошто постои тој овде? Што друго може да се направи овде?
Денес напредуваме заедно со целото човештво – ние сме први, а по нас доаѓаат и други. Од ден во ден нови луѓе се будат и се присоединуваат во овој процес – кон градењето човек во себе. На крај, ние со вас учиме како да се стане човек во поширока смисла на зборот.
Човек – ниво кое не избледнува
Баал ХаСулам зборува дека многу се радува што е роден во поколение кога може да се објави науката кабала. Затоа што таа нè учи како да ги поврземе во едно двете сили – за давање и примање, како да ги ускладиме една со друга за нивната сума (Σ) да стане „човек". Тоа навистина е наука, мудрост. И не е едноставно, тешко е. Бидејќи сме научени да пливаме по течението и сега одеднаш се појавува уште една сила која нè влече некаде. Каде?
Соединувањето на двете сили води кон единствен резултат. Во нашиот свет, кој го гледаме и чувствуваме, живеат форми од нежива, растителна и животинска природа. Ние исто така спаѓаме во животинското ниво и сè уште немаме достигнато нешто повеќе. Човечко ниво, кое почнуваме да го откриваме во себе и духовно ниво, кои ни отвараат нов свет.
Во природата едно ниво му дава живот на друго – животните се хранат со растенија, а растенијата добиваат сила од неживата природа. Но, неживото ниво не сфаќа што значи да се расте, развива, живее, да се привлекува и одделува, да се чувствува опкружувањето. Растителното ниво пак, не разбира што значи да се биде животно, да се движи, да се раѓа потомство, да се држи во јато и уште повеќе, да се испитува тенката линија на постоењето на „развиените животни" – луѓето кои живеат многу сложен живот. Ниското ниво нема сила да го разбере високото, тоа е сосема друг свет.
Еве и ние сега, бидејќи се наоѓаме на животинско ниво и живееме само според своите желби, не разбираме какво е тоа човечко ниво. Тоа е невозможно да се прикаже, да се демонстрира, исто како што животното не може да го демонстрира својот поглед на светот на растението.
Човекот кој ги соединува двете сили – точката во срцето и срцето, желбата на наслада и желбата за давање, излегува на човечкото ниво на развој и не може да им ги прикаже своите чувства на тие кои сè уште не го достигнале тоа ниво. Може да се каже само едно: тој се чувствува себеси надвор од сите ограничувања на материјалното тело бидејќи се издигнал на друго ниво. Тој постои во врската со сите претходни нивоа, се храни од нив, но само се храни од нив, а се наоѓа на своето ниво.
Така и ние со вас, издигајќи се на човечкото ниво (да се надеваме дека тоа ќе биде побргу), ќе ја зачуваме својата врска со овој свет, со сите форми на живот во него, но ќе имаме сосема поинакви чувства и мисли. На новото ниво ќе ја почувствуваме вечноста и совршенството. Целиот наш проблем е во тоа што ние сакаме да добиеме наслада, Виша Светлина, токму тогаш кога тие не можат да опстојат во нас и истиот момент исчезнуваат заради „краткиот спој", кога плусот и минусот се поништуваат еден со друг.
Затоа меѓу тие две сили треба правилно да се работи на средната линија. Ние го создаваме нивното вистинско поврзување: на средината на својот род го ставаме „резисторот" (R), со чија помош плусот и минусот дејствуваат на потребниот начин и ни даваат резултати од својата работа, од нив добиваме сила. Отпорот меѓу точката во срцето и егоизмот на јазикот на кабалата се нарекува „екран" (масах). Всушност на тоа место ние добиваме и чувствуваме нов живот на човечкото ниво (Адам).
Тогаш се ослободуваме од смртта. Затоа што секогаш кога сакам да добијам Светлина, а немам сила да се прилагодам кон Неа, насладата од желбата исчезнува и јас полека каснувам од смртта – немам повеќе од што да се насладам, паѓам во очај, не сакам ништо и се откажувам.
Како резултат од тоа, човекот „се заситува", гледа дека ништо не добива и почнува да „вене". Животинското, растителното и неживото во него постепено еродираат додека човекот не умре.
Но, ако сфатиме како правилно во себе да ги соединиме силата на давање и силата на примање, плусот и минусот, ќе добиеме чувство за животот на човечко ниво – вечен и совршен живот.
Формула на животот
Прашање: Што е тоа давање?
Давање се нарекува состојбата кога јас ја примам твојата желба како своја и почнува да ја исполнувам. Со други зборови, мојата желба постои само за да создаде исполнување на твојата желба. Тоа значи дека во однос на тебе јас извршувам дејствие на давање и дека те сакам.
Во науката кабала изучуваме дека во целата реалност постојат два составни дела – желба и исполнување. Така е организирана неживата, растителната и животинската природа.
Нашите клетки, атоми, мисли, желби, сили дејствуваат од желбата (потребата за исполнување) – кон исполнување. Тоа се појавува на разни нивоа – биолошко, физичко, во мислите и желбите. Освен потребата и нејзиното исполнување, во природата нема ништо друго. Затоа ако јас се претворам во средство за твое исполнување, тоа значи дека јас тебе ти давам. Со самото тоа ние се соединуваме – јас се соединувам со тебе, а истото можеш да го направиш и ти во однос на мене.
На тој начин градиме место меѓу себе каде што ќе можеме да ја откриеме Вишата Светлина, Вишото исполнување – ти од мене, а јас од тебе. Тоа се нарекува чувство на духовен живот.