25.04.2010
Прашање: Што е важно за човек кој се наоѓа во група: само неговата намера или и неговите дејствија?
Не може во нашиот свет дејствијата да не се важни. Кому му се познати нашите намери? Човек дури не ги знае своите намери. Главното во намерата е: За што, зошто, во каква насока мислам, кон што се стремам и кон што ја упатувам својата желба.Намерите се скриени од самите нас и самиот човек никогаш не знае за своите вистински намери. Тој може само потоа, после дејствијата, да дознае според реакцијата дали некое дејство било правилно. Само после тоа.
И само после тоа сме должни да го земеме во предвид самото дејство. Се разбира, секое, дури и најштетното, многу лошо дејство, може да се облече во друга намера. Но во нашата состојба во групата, бидејќи сé уште се наоѓаме под духовното, се уште не гледаме што се наоѓа надвор од нас, не ги гледаме намерата, желбата, мислите. Духовниот свет е моја состојба во која јас гледам предмети како реално постоечки, гледам дека има «поле» на единствената мисла, единствена програма, единствена желба, наречена Создател, кој дејствува и става сé во дејствие.
Пред да го видам тоа, пред да се вклучам во него според своја желба или против својата желба, под една или друга форма, пред да излезам на такво ниво на реалноста, надворешните дејствија на луѓето се многу важни за мене. Врз нив ја испробувам реакцијата. Гледам како еден човек со часови седи пред компјутерот за да подготви материјал за другите, втор трча да одржи лекција, трети прави уште нешто. И јас се воодушевувам од тоа. Јас се уште се наоѓам во тело и не ги гледам мислите така, како што денес ги гледам телата.
Кога ќе преминам во она што се нарекува иден свет, на следниот степен, кога ќе ги видам мислите и желбите, кога всушност ги задржам во своите чувства, тие ќе бидат поважни од движењето на телото. Тогаш, се разбира, мене нема да ми е потребно тело. Но, засега, се уште е важно тоа како се движиме во групата, како дејствуваме, како се искажуваме во однос на другите.
А да го сториме спротивното, т.е. да формираме добри намери додека нашите надворешни дејствија се спротивни значи дека ја користам чесноста на другиот, што не е добро. Не можам, на пример да откраднам нешто, а другарот нека се натера себеси да мисли дека јас, напротив, сум направил нешто забележливо, дека тој е обврзан да ме оправда и да мисли добро за мене. Таквите работи се забранети. Должен сум во својот надворешен однос во групата да бидам „добро момче", добар другар и да ја рекламирам групата токму со своите добри постапки: «Јас бев таму и го направив тоа". Должен сум да се однесувам така, бидејќи тоа ја умножува љубовта.