Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Напорите и најденото

09.01.2011

Ние вложуваме премногу напори и со секој напор треба да направиме пресметка: "Ако не јас за себеси, тогаш кој за мене?"

Треба да се прави сé што е можно, и истовремено да се разјаснува каде точно да се вложуваат напорите – во обединувањето со другите – таму, каде што се случило разбивањето. Треба со сите сили да се трудиме да го вратиме единството на тоа разбиено место, за да тоа повторно стане целосно, за сите да станеме како еден човек со едно срце и да живееме во заемна гаранција, т.е. во совршено системско единство.

Понекогаш ни се чини дека сме способни тоа да го направиме, понекогаш – не. Сакаме помош, но не можеме да побараме зошто сé уште не чувствуваме вистинска потреба. Така фаза по фаза човекот наведнувајќи ја главата се насочува кон нови напори. Тој повторно и повторно започнува со работа во ова разбиено место, за да го поврзе.

Притоа тој однапред знае дека е должен да работи сé додека не осети потреба за помош, но, без негова желба помошта нема да дојде.

Истовремено човекот треба да верува дека не постои никој освен Создателот. Тогаш после секој напор тој доаѓа до очај и нова потреба.

Сите овие фази треба последователно да се поминат сé додека во човекот не се акумулира голема желба, сé додека тој целосно не се разочара во сопствената моќ. Тогаш со правилен вресок, лојална молба, човекот ќе ја пробие Портата на солзите.

Ќе се спојат сите негови напори и наспроти нив – сите Светлини кои доаѓале до него, терајќи го да очајува и оставајќи чувство на уште поголема празнина. Тој се трудел и никако не можел да го најде посакуваното сé додека наеднаш не се открило дека тој не се трудел – и нашол. Со други зборови самото дејство не го остварува тој самиот, туку Светлината која ја исполнува неговата желба и го обединува со другите во едно заедничко кли.

Тогаш во тој сад се открива совршена Светлина, совршена особина на давање, Создателот. Така човекот на крај доаѓа до своето "наоѓање". Неговите напори, помошта, очајот, вресокот – сé што се акумулирало на пројдените скалила, конечно ја примило правилната форма. Сето се споило во правилна желба и правилна одлука. И тоа – благодарение на сето што човекот го поминал на својот пат.

Сакаш да се искачиш? – Барај го терачот на магариња!

Прашање: Што треба да се прави за да Зохар продре во самата длабочина на срцето, во желбите и мислите?

Одговор: Да се отвори срцето. Ништо повеќе не е потребно. Главно е да не се разочаруваш и да не се смируваш, туку да вложуваш напори токму кога е тешко. Токму статијата "Терачот на магариња" (Книга Зохар. Предговор) објаснува дека кога ти се движиш и твоето "магаре" (на хебрејски "магаре"/"хамор" – од зборот "хомер"/материјал, желба за насладување) не може повеќе да го носи својот товар, тебе ти праќаат "терач на магариња" кој му помага на твоето "магаре" да се искачи.

Се разбира дека тој терач го боцка "магарето" со остар стап и тоа е непријатно, но ти се движиш напред. Затоа, ако се согласуваш на таков терач – ќе го добиеш. Но мораш да бараш такви "боцкања"...

Прашање: Можеби јас умеам да побарам нешто добро. Но како можам да барам "боцкања" од терачот на магариња?

Ако јас не се поистоветувам со своето его и сакам да се ослободам од него, сметам обратно: колку повеќе "боцкања" ќе добие тоа, толку подалеку ќе можам да се оддалечам од него, да избегам од него, да се кренам над него. Тие "боцкања" не ме повредуваат мене, туку моето его.

Ако јас се откинувам, се одделувам од него и нé дели растојание , тогаш јас не го чувствувам на себе тоа "боцкање", кое го погодува него. Зошто тоа боцкање доаѓа само за да јас се разделам од своето его. Тогаш јас не ги доживувам тие удари на своја сметка. Тие го погодуваат мојот "фараон", а јас за тоа време се искачувам.

Управувањето е секогаш идеално. А јас?

Прашање: Во кој миг Создателот одлучува: "Готово, доволно е, Јас те нурнав во целосен очај"?

Одговор: Вреди ли за тоа да се грижиме? Создателот е непроменлива сила, непроменлив закон, совршенство, вечност, постојаност. Во Него нема промени – сé зависи од мене. Од која страна Му се вртам – таков одговор добивам, идеално соодветен со насоката кон целта на создавањето.

Создателот е свет на Бесконечноста (Ејн Соф) каде што постои совршено кли, совршена Светлина, совршен екран (масах), каде што се собрани напорите, разочарувањата, успесите и сето друго. Таму ме насочуваат моите решимот.

Од таа совршена состојба, од совршените потези на завршната слика јас добивам активирачко влијание, соодветно со мојата состојба. Ме праќаат напред со мали дози на очај и сили, свест и криење – со мултидимензионално и филигранско управување. Јас самиот не знам во каква комбинација треба да стигнат до мене тие или другите почетоци.

Ова се должи на структурата на душата, која ја сфаќам постепено, движејќи се понатаму. Токму во душата ние ја постигнуваме врската со Бесконечноста и тогаш почнуваме да сфаќаме како целината се комбинира со својот дел сé додека тие не станат едно.

Работи правилно

Прашање: Дали нашите напори претставуваат подготовка за духовниот живот? 

Одговор: Да. Но напорите се опширен поим.

1. Јас не трчам само до препотување од агол во агол, како дете кое не ја знае целта. За него трчањето претставува цел. Но, моите напори мора да бидат насочени. Јас ги вложувам таму каде што се случи разбивањето, во обединувањето со другите. Бидејќи од љубов кон ближниот јас ќе се искачам на скалилото на љубов кон Создателот.

2. Напорите мора да доаѓаат преку Светлината, која всушност ми ја гради следната фаза. Таму може да ме очекува уште поголемо разочарување или уште поголемо достигнување, уште поголемо празнење или уште поголемо наполнување. Не е важно што е точно.Таква е следната фаза од патот, зошто ние се движиме помеѓу десната и левата линии. И затоа, освен правилното место за напорите потребен ми е правилен извор на Светлината – книгите, кои ме поврзуваат со неа. Значи, јас морам да сум во групата која ги изучува примарните извори.

3. Освен тоа потребен ми е учител, за да знам како правилно да ги отворам книгите и како да се однесувам кон групата. Ако човекот ги има овие три работи и знае да ги искористи, тогаш е обезбеден. Сега сé зависи од него. Секој пат тој мора да ги открива овие компоненти – учител, книга, група, - барајќи можност да ги искористи на најефективен начин.

Кога работата е задоволство

Прашање: Кога човекот конечно сфаќа дека само Создателот ќе му помогне и дека единствена помош е вклучувањето во групата?

Одговор: На последното скалило на излегувањето од прогонството. Само тогаш се создава вистински вресок, вистинска потреба. Но и тоа скалило се дели на фази: бегство, преминување на Крајното море, планината на омразата (Синај), жалби и очај.

Тука се кријат многу нешта. Ние цело време чекаме: "Кога веќе работата ќе биде завршена и Создателот ќе се открие?". Тоа е точно. Тој ќе се открие, само што повторно ќе следува работа. Меѓутоа човекот и во тоа гледа авантура, насладување. Бидејќи ако сакаш некого, тогаш да вложуваш напори заради саканиот – е насладување. Ти се насладуваш со тоа што правиш нешто за него.

Дејствувајки поради себе, ти вложуваш напори а потоа се насладуваш со придобивките од нив. А кога би можеле да се уживаат придобивките без напори – би било уште подобро. Друга работа, кога дејствуваш од љубов кон друг: тогаш самите напорите се задоволство. Во своите напори ги користиш придобивките.

Пробај да сториш нешто за тој што го сакаш. На пример за твојот син. Какви и да требаат напори за тоа – тебе ти е попријатно токму тогаш кога ги вложуваш. Само подарувајќи нешто и гледајќи какво задоволство со подарокот си причинил, не чувствуваш насладување. Кога сакаш, токму напорите носат насладување.

Од утринската лекција 09/01/2011  на Каб.тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica