Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Наука за истражување на Создателот

15.12.2010
Проблем е, дека обичниот човек може да го изучува само тоа, што се наоѓа под човечкото ниво: неживото, растителното и животинското ниво на желбата. Додека желбата од човечкото ниво тој не може да ја издвои и да ја изучува, бидејќи таа желба треба да биде слична на Создателот! Таа се нарекува "Божествениот дел одозгора".

Но неа ти се уште не можеш да ја видиш во себе, и затоа не можеш да го изучуваш тоа ниво на желбата. Желбата од човечкото ниво се нарекува душа, тоа е материјалот на душата. Материјалот е желбата за насладување, а нејзината форма – е сличноста на материјалот со Создателот. Токму таа сличност ја изучуваат кабалистите: во што сме ние со Него слични, како, на кои нивоа, во комбинација на какви услови?

Науката кабала изучува, како материјалот на желбата за насладување ја добива формата на Создателот – и тогаш почнува да се нарекува душа. Таа се нарекува "душа" (нешама) – затоа што тоа е највисокото скалило на нашата сличност со Создателот, која можеме да ја достигнеме во постојана форма до Конечната поправка (Нефеш-Руах-Нешама). Такво ограничување сé уште постои во оваа наука – сé додека во неа не се вклучат сите луѓе, и тогаш сите ние заедно ќе можеме да истражуваме на многу повисоко ниво!

Патот од ученик до мајстор

Прашање: Како јас, изучувајќи ја кабалата можам да сум сигурен дека не "филозофирам" во однос на поимите кои се уште реално не сум ги постигнал: љубов, взаемна одговорност, соединување, давање?

Ако човекот ја изучува кабалата од оригинални извори, добива правилни упатства и се држи до учителот, вистинскиот кабалист, не може да се случи да почне да фантазира наместо да се истражува себеси во Светлината, која враќа кон Изворот. Кај него веќе се формира правилен пристап, тој знае дека само тоа е животот. Тој учи за да добие желби за давање, со тоа ја привлекува кон себе Светлината. И иако тој сé уште не се занимава со вистинско истражување на духовниот свет – тој работи со групата, како во лабораторија.

И таму ќе откриеш каков егоист си ти. Од друга страна, пак, ќе ја привлечеш кон себе Вишата Светлина, која ќе почне да ти свети оддалеку – и ќе ги видиш своите особини во заднина на таа Светлина. Поради тоа ќе почнеш да страдаш, сакајќи да станеш сличен на Светлината и гледајќи дека не си моќен тоа да го сториш. Таа напнатост, разликата меѓу посакуваното и реалното – ќе те доведе до експлозија, и ти ќе се обратиш кон Создателот за помош. И тогаш ќе ја добиеш одозгора силата на давањето!

А откога кај тебе ќе се појави силата на давањето – ти стануваш кабалист и почнуваш да го истражуваш духовниот свет. Ти веќе можеш малку да ја вкусиш разликата на едното од другото – силата на давањето од силата на примањето. Стануваш научник-истражувач – на самиот себе и на Создателот, што е едно исто! Бидејќи сега имате заеднички дел, кој ти е достапен. Така ти ја добиваш можноста да го истражуваш духовното, "човечкото" скалило.

Каде е спасот за мене ?
Речено е, дека човекот кој ги отвора кабалистичките книги сака да го спаси својот живот, својата душа. Тој се запрашува за смислата на животот и ја бара таа смисла, посакувајќи да се спаси од празнината, која е полоша и од смртта.

Ние гледаме, дека целокупното човештво полека се доближува до таквата состојба. Кога човекот во длабочината на срцето моли за спас – тогаш што е за него спасот? Токму во тоа е проблемот: дали тој правилно си го претставува спасот, за кого моли? Дали тоа за него значи – да се крене над егоизмот, да се соедини со ближните и со целата реалност во една целина? Дали разбира, дека повеќе не може да ги користи желбите за примање (келим)? Дали се запрашува: каква е смислата да се живее во примање, со апсорбирање внатре?

Ако човекот навистина посакува нешто повеќе – тоа е можно само во давачките желби, во келим кои се насочени нанадвор. Тогаш неговиот повик за помош значи: "Спасете ме од желбата, која сето го влече кон себе, но не дава!" Ако срцето на човекот веќе е насочено нанадвор, ако тој сака да излезе од себеси, да воспостави врска со сите и таму да го најде чувството на живот – тогаш неговата намера е правилна, и Светлината, доаѓајќи, го враќа кон Изворот.

Од утринската лекција  / 15.12.2010  на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica