Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Науката за природата на давањето

15.02.2011

Прашање: Мене ми е јасно објаснувањето дека светот станува глобален и на сите нам ни е потребно да се соединиме – тоа е сосема научен заклучок. Но јас не сфаќам од каде доаѓа силата која го остварува соединувањето – што е тоа Опкружувачка Светлина? Тоа веќе наликува на некоја мистика.

Книгите, кои ја објаснуваат структурата на Вишиот свет ("Учение на Десетте Сефирот") – не се мистика, туку строга наука во која дејствуваат две сили: Светлината и желбата, Давателот и примателот. Од тие две сили произлегуваат сите формули, како во математиката во двојно прикажување: од "0" и "1". Или како во физиката каде што цело време се разгледуваат 2 сили и нивното заемно дејство.

Така и во науката кабала која дава основа за целокупното сфаќање на реалноста и за сите други науки кои ја опишуваат таа реалност. Јас не гледам тука ништо мистично. Се согласувам дека тоа е напишано на не многу познат и разбирлив за современиот човек јазик ,но тоа се јасни, научни, логични заклучоци.

Нас нè збунува тој текст затоа што не знаеме правилно да го толкуваме. Но всушност станува збор само за желбата за насладување која ја презема врз себе формата на давање. Тогаш таа се нарекува: духовно "тело", "парцуф". Желбата – тоа е материја.

Како и во нашиот свет постојат различни видови на материи: нежива, растителна, животинска, човечка. И тоа е желба за насладување, која зависно од својот тип прима различни надворешни форми и како резултат ние гледаме голем број видови на растенија и животни.

Во духовниот свет дејствува истата желба за насладување, само што во нашиот свет таа прима секакви егоистични форми, додека во духовниот – форми на давање, а не на примање.
Затоа ние сега не можеме да ги забележиме, бидејќи немаме такво видување за да гледаме во форма на давање, и ние не ги разликуваме сите тие ликови. Сега ти ќе се идентификуваш себеси и другите според желбата да асимилираш во себе, да примиш – врз тоа се базира твојот вид, твоето видување.

Затоа околу себе гледаш токму таков свет – различни форми на примање во желбата за насладување. Ние ги откриваме сите тие форми, ги изучуваме и врз таа основа градиме наука.
Но постои и друга форма на желбата – давање, зрачење од себе. Кога таа почнува така да работи, исто така прима различни форми: нежива, растителна, животинска, човечка – секакви нивоа на давање, комбинации на различни сили на давање кои влијаат врз неа.

Науката кабала ги изучува токму тие форми. Кабалистите кои ја достигнале особината на давање, секој соодветно на своето ниво, ни пишуваат за своите набљудувања исто како што другите научници пишуваат за формите на примање во овој свет.

Односно постојат науки во овој свет, науки за нашата овоземна природа и постои наука за природата на давањето, која се нарекува "кабала".

Пробувајќи ги различните форми на давање

Прашање: Во обичната наука јас ги изучувам нејзините термини, формули и постепено почнувам да сфаќам според какви закони функционира реалноста. Но зошто во науката кабала јас учам и ништо не сфаќам?

Како прво, напишаното може да се научи и тоа некако да се продискутира, да се замислат законите на кабалата – иако таа и не припаѓа на нашиот свет и ти не ги гледаш реално тие закони. Но повеќе од тоа и не ти е потребно. Ако се стремиш кон таа форма на давање – тоа е доволно за да почнепш самиот да се менуваш.

Науката кабала се употребува сосема поинаку од науките во нашиот свет. Кога во геометријата го изучуваш триаголникот, ти не стануваш триаголник! Но во кабалата кога го изучуваш парцуф ЗО'Н, ти се претвораш во парцуф ЗО'Н. Ти се стремиш кон него и од него ја привлекуваш Светлината која те менува. Во тоа е целата разлика!

Ти ја примаш истата форма за која читаш. Се развиваш и напредуваш по линијата која те соединува со твојот корен на душата во светот на Бесконечноста, и сите твои идни форми и состојби се веќе дефинирани. Од тие идни состојби ти ја привлекуваш врз себе Светлината која влијае врз тебе и те придвижува.

Целата вистина за "Опкружувачката Светлина"

Прашање: Што е тоа Опкружувачка Светлина" која сакаме да ја привлечеме?

Светлината е Виша сила, Една, Единствена и Единствено постоечка во универзумот. Освен неа постои само желбата која ни се открива нам, примателите, но со помош на силата на Светлината ние можеме да ја промениме во давање. Не постои ништо освен Светлината (Создателот) и желбата. Ние само Го нарекуваме со различни имиња (Опкружувачка Светлина, Внатрешна Светлина, "Светлина која враќа кон Изворот") за да дадеме поточни дефиниции.

Опкружувачката Светлина влијае врз мене ако јас се стремам кон својата идна форма. Иако јас не знам точно каква е таа, но ја изучувам од книгата каде се опишани секои парцуфим, светови, сефирот. Со тоа јас ја изразувам својата желба да се кренам таму и да дознам; затоа ја привлекувам кон себе таа состојба која сакам да ја достигнам. Таа почнува да влијае врз мене – во мера во која јас се стремам кон неа. Јас се откривам себеси и станувам почувствителен кон тоа влијание, кон таа следна состојба каде што треба да дојдам. Јас само го забрзувам својот развој додавајќи на природната сила која ме развива, малку од сопствената желба. Но, таа дополнителна желба ја добивам од опкружувањето.

Така јас го реализирам својот слободен избор и добивам од нив чувство на значајност на напредувањето кон следната состојба. Да се наоѓаш во следната состојба значи да бидеш посилно поврзан со другите, повеќе да се поништуваш, повеќе да даваш. Јас ја добивам таа инспирација од групата, со неа доаѓам да учам и се стремам да ја достигнам идната, многу поголема форма на давање.

Тогаш од таму врз мене влијае Светлината, зошто таа ја има истата природа на давање која јас сакам да ја добијам. Со неа имаме иста желба, иста тенденција и затоа сме блиски, согласно со законот за сличност на особините. Самиот јас немав никаква желба за давање, за духовен напредок "0". Но јас ѝ се обраќам на групата, земам од нив "10 кг" желба да напредувам кон давањето, спојувањето меѓу нас, и со неа доаѓам да учам.

Јас сакам да ја достигнам следната состојба; со таа сила од "10 кг". Мојата сличност со Светлината се мери со таа сила од "10 кг"- во толкава мера таа влијае врз мојата желба, правејќи ја слична на Светлината. Тоа е истата Светлина која ја наполнува мојата следна состојба зошто таа веќе постои.

Кога јас се стремам кон таа идна состојба, Светлината почнува да ми свети. Засега таа се нарекува "Опкружувачка" затоа што најпрво треба да ме поправи мене, а потоа во мене да се преслече (навлезе). Таа работи во две фази, извршувајќи две дејства.

Во физиката постојат истите појави. Ако јас се приближувам кон магнетот, тогаш навлегувам во неговото гравитационо поле, во полето на неговото влијание. Дури и ние со вас влијаеме еден врз друг, околу секој постои некое поле. Нема физичко тело кое не би било опкружено со поле – дури секој камен. Сé функционира според истиот принцип.

Тоа најблиско поле (твојата следна состојба) кон која се стремиш – токму тоа почнува да влијае врз тебе. Но наоколу има многу полиња на кои ти засега не им припаѓаш, не се стремиш кон нив и ништо за нив не знаеш. Кога подоцна ќе го откриеш духовниот свет, ќе видиш колку различни работи во него се случуваат и колку различни димензии во него постојат.

Од утринската лекија - 15/02/2011  на  Каб.Тв  од 02:00 до 05:00

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica