Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Научете да живеете без мамење

11.01.2011

Прашање: Ние учиме дека процесот на поправка е внатрешен, и треба да го одделиме од надворешниот свет. Но од друга страна ние живееме во единствена реалност, и јас чувствувам како кабалата влијае на мојот секојдневен живот. Поради мојата професија на адвокат, принуден сум да бидам неискрен со луѓето – и јас чувствувам дека не можам повеќе да ги мамам! Што да се прави?

Одговор: Што може тука да се направи... Ако сум дел од мафијата која продолжува да краде – тогаш како можам во неа да останам, ако не можам повеќе да мамам? Постојат многу такви професии. Ако ти се наоѓаш во системот на егоистичкото општество, тогаш тоа функционира според такви закони.

Затоа кабалистите обично избирале за себе некои едноставни професии и ниту размислувале да се искачуваат до високите позиции. Јас разбирам какви потешкотии се појавуваат ако човекот веќе имал таква професија и тешко му е да го промени стандардот на живеење. Но мора да се обидеме да се организираме така што повеќе или помалку работиме во рамките на правдата - иако не духовна, туку едноставно човечка.

За да не бидеш принуден да лажеш, крадеш и им причинуваш штета на луѓето – зошто ти ќе почувствуваш дека веќе не си способен за тоа.

Духовното напредување го менува човекот така што тој не може да поднесе мамење во толкави размери кои функционираат во бизнисот и меѓу обичните егоисти. Тоа е проблем на многу професии поврзани со човечките односи. Иако методата на кабала е насочена само кон внатрешна поправка на човекот, на неговиот однос кон пријателот во групата. Но тој и во надворешниот свет не може веќе да дејствува нечесно.

Тој целосно се менува, зошто е целосна личност. Не може да ги мами луѓето со себична цел и да прави зло. Тоа е последица од поправката. Инаку зошто светот да се поправа ако однадвор ќе остане се сè како што било? Ние на крај треба да дојдеме до поправен живот на оваа земја.

Привлекувајќи ја кон себе Светлината, која враќа кон Изворот, ние сите така ќе почнеме да се чувствуваме – дури многу посилно. Ние не можеме да се лажеме еден со друг и да си правиме штета.

Точно е дека да се сака ближниот – значи да се сака во него стремежот кон Создателот. Но кога ти започнуваш да се менуваш, истовремено се менуваш во однос кон целиот свет. Така влијае на нас Светлината.

Да се најде скриеното иглено увце

Прашање: Зошто ние сега го изучуваме целиот овој многу сложен систем на световите Ацилут и Некудим на часот по Учението на Десетте Сефирот (ТЕС)?

Одговор: Ние треба да дознаеме како да го поправаме разбивањето, за сметка на кои духовни објекти (парцуфим), кои делови.

Светот Некудим – е разбиениот свет, а светот Ацилут го поправа тоа разбивање. Неопходно е да знаеме каква особина се поправа со која особина и кој е одговорен за секое дејство на поправката. Секоја поправка бара точно одредено знаење – во што е дефектот, што е расипано и како може да се поправи, со какви средства. Сето тоа се разјаснува до најситни детали, и дури потоа се извршува поправката.

Проблемот на човештвото е во тоа, што ние сакаме да го поправиме овој свет без да знаеме нешто за него. А светот Ацилут за нас претставува правилен пример: додека точно не ја дознаам причината на разбивањето, кои делови се разбиле, како функционирале претходно – јас не можам да ја активирам поправката. Целата поправка се базира на знаењето на дефектите – само тогаш може да се изгради системот на поправка.

Човештвото нема да има шанса да постигне добар живот и нешто да поправи ако не сфатиме што се случува со нас. Како да се достигне поправката? Затоа ни е дадена само една слобода на избор, да извршиме поправка. Ние го изучуваме системот на поправката која се ширела одозгора надолу – затоа таму првично бил познат целиот процес, од почеток до крај.

Кога ние пак се искачуваме одоздола нагоре, не можеме однапред да го дознаеме ниту почетокот, ниту самиот процес, ниту неговиот крај, за да го составиме системот на поправка. Ние го употребуваме веќе готовиот систем кој се составил при слегувањето на системот одозгора надолу. Но ние можеме да го користиме само под услов да успееме да влеземе во него и да го активираме целиот систем.

Нема никакви шанси да можеме да допреме, како слепци, како што сé уште функционира целото човештво, да достигнеме некаков успех.Само науката Кабала ќе ни послужи како упатство за поправката.

Белило за магарето

Човекот кој сака да се искачи по духовните скалила, да премине од нашата реалност (која ја чувствуваме во петте сетилни органи) – во вишата реалност, мора да се промени себеси, своите особини и затоа има потреба од надворешна дополнителна сила, која тој сам по себе ја нема. Во него постои само малечка точка на желбата за духовно, а сето друго тој треба да го добие однадвор.

Целиот збир на овие сили кои го креваат од тековната состојба кон понапредни, се нарекува "терач на магариња". "Магаре" (на хебрејски "хамор"- од зборот "хомер"- материјал) тоа е наш материјал, желба за насладување,кое секој пат претрпува промени и за сметка на тоа ние се искачуваме, напредувајќи по духовниот пат.

Вишата Сила влијае на нашата желба, ја менува, и цело време нашето "магаре" се усовршува – за сметка на тоа што "терачот на магариња" постојано работи врз него. Кога ние го достигнуваме крајот на патот, нашето "магаре" навистина станува "бело" како во расказите за Месија, кој се појавува на "бело магаре"!

Чекор по чекор – до насладување и љубов

Прашање: Што е насочено насладување?

Одговор: Насочено насладување – значи да се насладуваш од давањето. А да се насладуваш од давање можеш само во случај ако го сакаш тој кому му даваш.

Како да ја достигнам љубовта?

За сметка на поправката, менувајќи ја омразата во љубов. Кој ја извршува таа поправка?

Вишата Светлина. Кога?

Кога јас барам. И кога ќе побарам?

Кога групата ќе ме задолжи да побарам. Кога ќе ме задолжи да побарам?

Кога ќе се омаловажам пред групата и ќе најдам во неа сила која ќе ме обврзе.

И кога конечно јас ќе се омаловажам пред групата?

Кога ќе работиме на сето тоа заедно со пријателите. И на тоа ние се сопнуваме...

Ниту секунда мир

Прашање: Кој треба да го совлада злото: јас или Создателот?

Одговор: Што и да ми кажуваат за Создателот јас морам да работам самиот, од почеток до крај. А потоа во согласност со тоа што ќе се открие, јас ќе одредам како точно тоа се случува: само од себе, поради моите напори или со помош на некоја Виша Сила.

Не треба да се чека одозгора да дојде нешто. Ништо нема да дојде. Со свои сили и напори јас морам да ја откријам веќе постоечката слика. Сé зависи од тоа во кој степен јас ќе се повлечам кон неа. Јас сум како дете кое расте само до степен до кој што сака да порасне. И таа желба мора да ја добие самото.

Во нашиот свет децата се развиваат на природен начин и ние одвај ги стигнуваме. Детето трча насекаде, секогаш нешто посакува. На таков начин и ние треба да ја спроведуваме нашата духовна работа. Инаку нема да се развиеме, нема да пораснеме. А ние наместо тоа одвреме навреме си приредуваме одмори и паузи за размислување. Зар детето зема тајм-аут? Тоа нема ниту секунда мир, секој миг е должно да го постигнува светот.

Логичка задача 

Прашање: Како да се калибрира својот однос за да се насочи кон целта?

Одговор: Според принципот: "Исраел, Тора и Создателот се единствени". "Создателот" – е корен кон кој ние се стремиме. "Тора" – тоа се сите средства кои ни помагаат на тој пат: учител, книги, група, учење. А "Исраел" – е точката во срцето, почетна духовна желба.

Прашање: Што треба да е непознато а што треба да биде откриено за мене в таа равенка, за да ја решам?

Треба да си ја замислуваш поправената состојба. Во неа сме сите соединети на таков начин што никој не се чувствува себеси, туку целината. За тоа е речено: "целината и деловите се еднакви".

Во нашето заедништво царува заедничка сила на љубов и давање која сите еднакво ги исполнува – и таа се нарекува "Создател" или "Природа". Токму тоа треба да го гледаш како конечна цел. Кон таква слика треба да дојдеме на крајот.

За тоа ние и го разјаснуваме поимот група. Група всушност е истиот тој систем во кој ние ја пробудуваме истата сила, која е веќе вградена внатре, но сé уште не се чувствува. Ние треба да ја откриеме таа сила која ја наполнува групата, ја зацврстува, ја манифестира и ја поправа – силата која се нарекува "Создател", скриената Светлина, која се крие во нашето единство.

Во нашиот свет, тежнејќи да пораснеме ние всушност ја откриваме истата таа сила. Зошто ние имаме иста насока само на материјално ниво. "Создателот" – е заедничка сила која ги обединува сите делови на создавањето.

Прашање: И сепак во таа равенка има премногу непознати...

Треба да се пробува, да се вложува труд, напори одново и одново. Така ти пробудуваш нови чувства. Друга можност не постои.

Од утринската лекција од 11.01.2011  на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica