Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Нацртајте си го Вишиот свет!

 

03.06.2010


Целата наша работа е во тоа да се помине од доживувањето на реалноста во егоистичните сетила, кон доживување на реалноста во алтруистичките сетила. Во тоа се состои целата разлика помеѓу доживувањето на овој свет и доживувањето на вишиот свет, помеѓу нашето сегашно сфаќање на реалноста, животот во лага, оддалеченоста од Создателот, надвор од сознанието каде се наоѓаме, - и разбирањето, доживувањето, знаењето каде ние постоиме, во Кого и со Кого ние се наоѓаме.

Промената на перцепцијата се добива со напорите на човекот, но претходно треба да постои желба кон промена на перцепцијата, затоа што тоа ќе се случи само ако ние го посакаме. Затоа ние треба да направиме напор да си ја замислиме вишата реалност, да ја создаваме нејзинита слика во себе ( за што зборуваат кабалистичките книги) и да ги градиме во групата таквите односи. Тогаш за време на учењето, читајки за таа виша реалност ние ќе бараме да дојде сила одозгора, да ни ги отвори сетилните органи, тие ролетни на сетилата, и ние би откриле каде навистина се наоѓаме,а не би останале во оваа лажна, измислена, непостоечка слика, која ја доживуваме денес со нашите заматени сетилни органи.

Затоа целата наша работа – да се даде правилна дефиниција за тоа што се нарекува вистинска реалност. Секој од нас, со сите сили колку е тоа возможно, треба да се труди да замисли некој виш облик, слика, во која сите ние сме обединети во нашите желби, заедно и со Создателот, нема никаква разлика меѓу нас, а внатре во нас, меѓу нас царува Создателот, особината на давање и взаемна љубов. Не постои ништо освен таа состојба, нема никакви замислени слики, и ние молиме, бараме таа реалност да делува врз нас и да се претвори, материјализира во нас. Тоа треба да биде резултатот од нашите напори.

Токму кон тоа човекот треба постојано да се стреми за време на читањето на книгата Зохар и другите кабалистички книги. И токму затоа овие книги говорат за вистинската реалност. Инаку ние би можеле да читаме книги напишани во друг стил, или воопшто не ќе имаше смисла да се читаат. Затоа, читајки од овие книги за вишата реалност ние треба да се трудиме да ја достигнеме. Како што пишува Баал ХаСулам во "Предговор кон ТЕС", п.155:" благодарение на силната желба и стремежот да се разбере материјалот што се изучува, ги предизвикуваат врз себе светлините, душите што ги опкружуваат", од токму таа единствено постоечка состојба, - и така се исправуваат себе си.


Вечен сојуз


Постои таков израз " склучување сојуз", кога страните ги потпишуваат обврските за добрите односи во иднина. Ако односите се расипат, се појават проблеми во односите и недоразбирања, избувнува омраза, на местото на разбирањето ќе дојде неразбирањето. Но дури и ако јас дојдам во ситуација кога ќе биде очигледно дека втората страна станала мој непријател, јас сепак ќе се однесувам кон него согласно договорот, кој со него некогаш го потпишавме- како кон пријател. Тоа ја сочинува силата на сојузот.

Кога може да се склучи таков договор? Ако сме блиски, имаме сличности во особините, тогаш ние склучуваме сојуз. Тој сега не ни е потребен, зошто меѓу нас постои разбирање, дури и љубов! Но ние го склучуваме договорот, за во случај ако јас почувствувам конфронтација, омраза – тогаш се обврзувам насила да го задржам непроменет својот однос.

Односно јас може да "паднам" – да те видам тебе и себе си како се мразиме, но сепак сум должен да се однесувам кон тебе исто како и порано. Јас знам, дека се зависи од мене, и целата реалност надвор од мене – обединета и совршена. Оттука и произлегува самиот поим "сојуз"- јас се засновам на тоа дека сите промени се случуваат само во мене: и добрите и лошите. Се зависи од мојот поглед на работите:" Секој пресудува според степенот на сопствените недостатоци". И затоа кога јас потпишувам таков договор за сојуз, јас се ставам во таква состојба и се насочувам кон тоа дека светот е добар и совршен, а сите промени се случуваат само во мене.

Врз таква основа се склучува духовен сојуз, и тој постои вечно! Таков сојуз склучиле нашите Прататковци (кабалистите од минатото), исправајки го притоа својот дел од заедничката душа, и тоа се нарекува "заслуга на татковците". Со таа заслуга ние можеме да се послужиме ако се приклучиме кон нив и се вратиме кон условите на тој сојуз кој постои меѓу нив.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica