Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Најбрзиот пат во духовниот свет

 

15.08.2010
Одозгора ни доаѓа светлина и ги пробудува одредените делови на заедничката душа, за да ги продвижи согласно на својата програма. Таа програма е многу сложена и подразбира пробудување на душите во посебен распоред и комбинација меѓу нив, како делови на едно тело. За нашето око тоа не е видливо, но согласно на внатрешната градба на душата, тие се поврзани една со друга – затоа светлината ги соединува заедно за заедничката работа во барањето на особината на давање. Тоа се сосема туѓи луѓе, различни и многу далечни едни од други по своите материјални особини. Но ние треба да веруваме, дека така е зацртано одозгора, да се остави се, што ни пречи да се обединиме и да го бараме тоа, што може во тоа нам да ни помогне.

И во тоа барање ние ќе сфатиме, дека единствената основа за соединувањето – е давањето, кое е над примањето. Не постои повеќе ништо што ќе ги соедини луѓето. Овој пат е толку променлив, како да патуваме по многу нерамен терен, и нашиот автомобил постојано го фрла горе-доле на сите дупки и тумби – а тој треба, без оглед на се`, да се движи и да оди напред. И колку подалеку ние напредуваме, толку е поголема честотата на тие скокови и толку е поголема нашата чувствителност кон нив, т.е. се поизразени и позначајни промени се одвиваат во нас. Иако тие и порано биле исти такви – но ние не сме ги многу приметувале и чувствувале. Затоа, невозможно е да се напредува по тој пат, ако не го израмниш – и тогаш нашиот автомобил ќе се тркала брзо и лесно! Тоа израмнување, кое нам ни е потребно да го правиме со секоја дупка и испакнување на овој пат, е возможно само под услов на заедничка согласност и соединувањето помеѓу нас. Само тоа ги исполнува сите дупки и ги обединува заедно, израмнувајки го патот.

Не постои никаква друга можност за духовно продвижување, без да се израмни тој пат. Пречките и препреките, кои се испречуваат пред тој, кој сака да се движи самостојно, или уште полошо, пред група на такви индивидуалци – се толку големи, што едноставно не е можно да се совладаат. Автомобилот неминовно ќе заглави така, што нема да биде возможно да се извади, и човекот ќе остане таму, каде што бил – животот ќе заврши, а тој сепак нема да го доврши тој пат, нема да ја достигне целта. Затоа работата треба да биде пред се насочена кон обединувањето. И тогаш ние ќе откриеме, дека токму преку него ние ги достигнуваме сите резултати! Само од тоа зависи целото наше духовно напредување по тој пат, сите напори и откривања се случуваат само во една насока – внатре во таа поврзаност, која сите нас не обединува. И тука се зависи од тоа, колку човекот ја цени врската помеѓу пријателите, над сите проблеми што се отвораат, и сфаќа само едно: "Не постои никој, освен Него" – сите пречки доаѓаат од Создателот, кој во нас создава такви дупки и тумби, заплеткувајки не на илјадници различни начини. А ние треба да си претставиме, дека сите пречки доаѓаат од Него, и само со таа цел, за ние да се соединиме. Во тоа се состои тајната на успехот! Тоа е основа, од која се започнува и на која се гради се останато.

Стани Создател на самиот себе!

Прашање: Што ќе ни помогне да гледаме на групата така, за да ги гледаме во пријателите само квалитетите, а не недостатоците?

Одговор: Групата – тоа е како зголемувачко стакло или очила, без кои е невозможно да се види Создателот. Јас ќе Го видам Него само, ако гледам преку групата. Таа е мојот духовен сад и инструмент за откривање на Создателот. И тука ќе помогне само љубовта...Љубовта го потиснува нашето его, и тоа започнува да делува во обратна форма – како желбата за насладување, која ја користат поради давање. Затоа само односот одредува се – нашата проценка за важноста на пријателите.

Во секојдневниот живот, кога човекот си поставува егоистична цел: тој на едно место работи, на друго – зема плата и купува нешто трето – сето тоа не се соединува едно со друго. Во духовното – се се обединува внатре, во едно место: и напорите, и наградата, и самата цел, и резултатот – сето тоа се делови од една целина. Затоа нам ни е така тешко , бидејки ние се навикнавме дека во материјалниот свет тоа е се одделено. Но треба да се разбира дека јас и пријателот, јас и Создателот, далечните за мене луѓе и блиските, малите во однос на мене и големите, рамните на мене – сето тоа го прави моето "кли", внатре во кое јас откривам се, дури и самиот себе! Додека јас не го откријам тоа кли – јас уште нема дури ни да постојам! Тоа нема да бидам јас, туку целосна лага, некое парче на егоизмот, со кое што јас засега се поистоветувам. Кога ние откриваме, што се подразбира под поимот заедничка душа – односно групата, таму внатре ние се откриваме самите себе и откриваме се. А сега засега кај мене постои само точката на разбивање, скратување, оддалечување, која се наоѓа надвор од духовното, надвор од Создателот. Нам ни е даден осетот, дека се наоѓаме надвор од вистинската реалност, во некој си сон, замислен свет. Ако наоѓајки се во овој сон јас од него ќе успеам да изградам вистинска реалност, внатре во која се соджи општеството, Создателот и вистинскиот "јас" – тогаш ќе можам да влезам во неа! А засега јас само си го замислувам својот живот.

Целата таа идна реалност – е групата која јас морам да ја изградам. Јас сам го градам својот духовен свет, својата душа. Бидејки токму тоа е мојата душа, која јас ја градам од таа лажнам илузорна реалност, од сонот, во кој ме нурнаа, за јас да станам Создателот на самиот себеси! И тогаш јас, групата и Создателот – се соединуваме заедно, и доаѓаме до целосно единство и спојување.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica