Прашање: Психолозите ги делат потребите на луѓето на сензорни, општи вредности како пријателство, добра професија и така натаму, и инструментални вредности како педантност, живост, смисла за хумор, силна волја, толеранција кон вредностите на другите, широка перспектива итн. Големите конфликти, на пример меѓу децата, се случуваат кога не сакаат да бидат учтиви или кога нема да успеат во нешто. Во секој случај, изгледа дека големата криза главно се однесува на инструменталните вредности.
Одговор: На тоа гледам како неуспех на луѓето да се поврзат. Тоа значи да се смалиш во однос на другите, да ги разбереш другите, да ги гледаш повисоко или пониско од тебе, да се поставиш во однос на другите; да бидеш нежен кон нив за да ги почувствуваш, да отстраниш дел од твоето „јас“ и да се погледнеш себеси и другите од страна, тоа е алат.
Но зошто да преувеличуваме и покажуваме стотици фини нијанси на квалитети и атрибути кога сите се базирани на егоизам? Ако можам да го спуштам егото и да ги поставам другите над мене, сите атрибути како чувствителноста, разбирањето, вниманието, толеранцијата, љубезноста итн., се појавуваат природно. Во однос на другите, има само една перспектива според која или сум повисоко или пониско од нив. Кога сме еднакви не можам ни да видам на што се однесува оваа еднаквост, на кои параметри. Што се однесува до тоа дали сум повисоко или пониско, тој аспект го перцепирам многу остро. Тоа значи дека човекот треба да биде обучен објективно да се поврзува со другите: Да погледнеме еден човек од страна, тука е пред тебе: убав или грд, црн или бел, не е важно. Секој пат, обиди се да се поставиш и повисоко и пониско од него во однос на некој атрибут и прави го тоа најмногу што можеш. Во исто време нема намера да се потцени другиот користејќи го терминот „повисоко или пониско“, туку само да се разберат нештата.
Кога се поставувам повисоко од другиот, го правам тоа со цел да му пренесам нешто, да го научам нешто. Се користам себеси како инструмент кој го исполнува со одредени емоции, знаење и така натаму. Се однесувам со него како со дете, додека јас сум возрасниот, но возрасен со добри намери кој добро се однесува кон него. Веднаш можам да се смалам во споредба со него и да го направам поголем во споредба со мене. Тогаш станувам дете споредено со возрасен, или ученик спореден со учител, кој може да прима од него. Така можам да се збогатам од секој. Важно е да се каже дека јас никогаш не ја гледам вистинската објективна слика на светот, туку само сликата што ми ја прикажува моето его, а таа слика е искривена.
Подоцна кога се навраќам на минатото, гледам колку сум грешел. Но возможно ли е да грешам? Да не грешам значи да го гледам светот во неговиот вистински облик и тоа е можно само според начинот на кој се градам себеси во однос на светот, во однос на секој човек и секој настан: повисок или понизок, и на крајот јас профитирам од тоа.
Така во мене создавам огромни можности за учење, за предавање на другите, за наоѓање на исполнување и за комуницирање до тој степен до кој сум подготвен да слушам и да дозволам да бидам извор. Ова е најпрактичниот и ефикасен метод. Ни овозможува да постигнам стабилност кога сите ќе го гледаат другиот еднаш од горе, и еднаш од долу, и ќе станат флексибилни и меки и способни да се контролираат. Како резултат од овој вид комуникација, го постигнуваме средниот пат и стануваме еднакви со тоа што наоѓаме објективна точка на рамнотежа. Кон ова треба да се стремат луѓето, со тоа што ќе им покажеме дека е можно, за да го користат овој метод во различните видови на комуникција.
Од „Разговор за интегално воспитување“ на Каб.Тв
Тест за несебичност
Прашање: Што е љубовта на Создателот?
Одговор: Љубовта е шанса да се исполни нечиј туѓ недостаток (сад) користејќи ги моите садови. Во нашиот свет сакаме бидејќи тоа ни дава задоволство: вкусна и позната храна, луѓе кои не задоволуваат, моите деца за кои природно сум приврзан. Ова го нарекуваме љубов.
Но духовната љубов не е кога ги исполнувам моите садови со некој или нешто, туку кога ги полнам садовите на другите. Ова е целосната спротивност на тоа што сме навикнале да го мислиме за концептот на љубов. Духовниот свет е спротивен од телесната реалност. Ако се грижам за туѓите садови и сакам да ги исполнам како што тој сака да бидат исполнети, тоа значи дека го сакам тој човек. Сè додека се сакаме еден со друг и сè е во ред, склучуваме договор со Создателот да ја одржува оваа врска, дури и ако се се промени заради различни надворешни причини. Без оглед што ќе се случи – сакам да ја задржам истата сила на љубовта и поврзување меѓу нас.
Прашањето е како може да се направи ова ако одеднаш откријам дека Создателот е одговорен за сите мои неволји? Мојот верен и сакан партнер наеднаш престанува да ме гледа и ми предизвикува секакви неволји и проблеми. Ме предава на секој начин и прави сè против мене и станува мој главен непријател. Па како можам да го одржам добриот став кон Него под такви услови?
Спојувањето со Создателот значи дека сум поминал низ различни состојби и сум постигнал состојба во која не примам ништо од Него, ништо освен чувството на темнина. Но над сето тоа градам врска на љубов, давање и поврзување и покрај проблемите и страдањата кои Тој му ги причинува на моето его. Во таков случај тоа може да се нарече спојување. Садовите во кои постигнувам спојување мора да бидат ограничени и скриени. Над нив е мојот Масах (екран) и повратната Светлина, и има спојување на садовите на дарување.
Од првиот дел на дневната кабала лекција 17/06/12 Шамати, 76 на Kab.Tv
Лесен пердув што тежи стотина тони
Прашање: Каков напор е потребен за духовно напредување, и можам ли да му помогнам на пријател да го вложи сам тој напор, или со тоа треба да ја украдам неговата работа од него?
Одговор: Напорот е сè што е над моите човечки способности. Не можам да му помогнам на другиот и да ја завршам неговата работа за да му биде полесно да се напрегне самиот. Не ја крадам неговата работа, туку му помагам. Колку повеќе си помагаме еден на друг поставувајќи пример за на пријателот да му биде полесно уште повеќе да се напрегне, толку поефикасно ќе напредуваме. Со ова, го менуваме телесниот напор со духовен!
Тогаш телесната работа ни се чини многу тешка, а духовната лесна, бидејќи ја додаваме силата на групата во неа. Резултатот е тоа што имаш поголем товар од стотина тони и го преместуваш, но имаш помош од милион луѓе кои заедно со тебе го туркаат товарот. Нема потреба да ја чувствуваш тежината на товарот од сто тони. Овие сто тони се неопходни преку нив да постигнеме поврзување со милион луѓе.
Затоа, нема потребна од бесмислени страдања; сè што треба да направиме е да разбереме зошто страдаме. Ако чувствуваш тешкотија, болка, одбивање и тага на одредено место, тоа значи дека не е вистинскиот напор. Како што е кажано: „Ти не ме повика мене, О Јаков.“ Ако со голем напор и пот го носиш товарот што ти е даден од Создателот, тоа значи дека не се напрегаш правилно, и овој товар му припаѓа на некој друг наместо на Создателот. Задоволството од работа е да се знае за кого се напрегаме.
Од првиот дел на дневната кабала лекција 17/06/12, Шамати, 117 на Каб.Тв