Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Не заостанувај зад нашиот воз

 

16.05.2010

Прашање: Како е потребно во текот на денот да се работи на статиите на Рабаш за принципите на изградба на кабалистичка група, за да се промени својата состојба? Затоа што ние денес ја започнавме таквата работа со целата наша светска група. –

Пожелно е целата оваа статија да се разгледува како еден збор, една реченица, едно обраќање, една точка. Токму таа точка Рабаш ни ја открива и ни раскажува за тоа што таа содржи во себе. Ти не можеш да стигнеш до таа точка се додека не ги споиш заедно многубројните особини.


Заради твојата несовршеност, тие особини ти се чинат различни. Но колку повеќе со тоа ќе се занимаваш, толку побргу ќе разбереш како сето се собира во една единствена точка, која се нарекува единство. Во таа точка на единство се спојувате: и, Создателот, твоите напори, групата, исправувањето на почетното зло, големината на целта, и сопствената ништожност, намерата за давање и под него егоистичкиот почеток-сето се обединува во една целина.

Не може да се извади некој дел и само на тој дел да се запне. Секој треба да работи врз својата статија во текот на денот-да ја прочита неколку пати, да состави краток план, резиме. И тогаш наеднаш ќе откриеш дека тој краток план може да ја разгледува темата од различни страни.

Но најважното е-самиот процес на учење! Тоа ја привлекува кон нас светлината која не враќа кон изворот. Од човекот не се бараат правилни и успешни заклучоци, затоа што колку повеќе напредуваме, толку помалку правиме разумни заклучоци и се чувствуваме поуморни, неспособни за ништо. Ни се чини дека одиме во негативна насока, но тоа чувство ни го дава светлината што доаѓа до нас и не пробудува!

Секој ден, потребно е да се поставува нова задача, која секој од нас ќе ја исполнува во текот на денот. И ако некој не ја завршил таа работа, тој отпаѓа од неа. Веќе утре тој не ќе може да продолжи со сите нас заедно, затоа што ние последователно преминуваме од состојба во состојба. Јас не можам да прескокнам неколку состојби, да скокнам во возот во движење.
Затоа, ако веќе сме ја започнале оваа работа, секојдневно треба да се грижиме да ја завршиме без оглед на своите расположенија. И мора да си помагаме еден на друг, никој да не падне затоа што и еден паднат ќе им пречи на сите други да разберат и совладаат се како што треба.

Да се исправиш и тргнеш понатаму

Ние ја започнавме работата за основање на кабалистичка група. Ако во текот на денот сите заедно ќе размислуваме за статијата, за групата која ја изучуваме, тогаш ќе забележиме големи промени. Затоа што многу срца, желби функционираат користејќи го методот на Баал ХаСулам, насочувајќи се кон целта и заедно правејќи истражувања. Веќе самото тоа нас не обединува.
Сите ние заедно ја привлекуваме светлината која почнува да делува врз нас и ние ќе почувствуваме многу големи промени. Иако можеби ќе ни се причини дека тие промени се кон полошо...Па што ако? Тоа е дадено, за да не научи дека напредувањето оди без оглед на нашиот егоизам, желбите за задоволства.

Денес јас многу добро работев, а утредента почувствував уште поголема „тежина во срцето": сопствената мизерност, бессилие, невнимателност игноранство, омраза, рамнодушност. И повторно треба да се исправам и да продолжам понатаму. Тоа наликува на скитањата во пустината, за кои раскажува Тора. Ти го откри своето зло-одлично, сега ќе дознаеш како да го исправиш и да го продолжиш патот.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica