Од писмото на Баал ХаСулам (Бр.38): Главен е напорот, т.е. стремежот да се вложат сили во работата на Создателот, затоа што нормалната работа не се смета, туку само работата поголема од вообичаената се нарекува “напор”. Слично на човекот на кој му е потребен 1кг леб за да се најаде, а сé што тој јаде пред да ја достигне таа мерка не го заситува. Но токму последната трошка иако е мала го заситува.
Исто така е и во духовната работа. Создателот од целокупната работа на човекот го одбира за себе само тоа што е над човековите нормални напори, и токму тие стануваат садови за примање на Вишата Светлина. Сфати го тоа добро!
Ние сé уште не го забележуваме тоа, меѓутоа секое наше дејство се дели на “АВАЈА”, на 4 фази: целокупниот процес, секој негов дел (фрагмент) и секое најситно движење.
Но на крајот од работата човекот треба да се увери дека самиот не е способен за ништо, и само Светлината може да работи, само Создателот може да ја оствари таа работа. Создателот, пак, се открива и ја извршува работата само под услов ако човекот ослободил место за Него, за состојбата која се нарекува “Не постои никој освен Создателот”. Во случај кога човекот не доаѓа потполно до таков резултат, не се смета дека тој ја завршил работата.
Зошто целата наша работа се состои во тоа да се растера, истера скривањето и да Му се даде местото на Царот, за да само Тој владее во сé. Тоа пак, секој пат се случува само на крајот од сите напори и тогаш човекот согледува дека само тоа требаше да го открие. Затоа, ако човекот не го достигнува резултатот на своите напори за да му ослободи место на Создателот, да Го замоли и обврзе да се открие во таа точка во која човекот работел, тогаш тој не ја завршува своја работа.
Треба во себе да се развие осет дали ја завршуваш работата секој пат или не ја завршуваш: дали Го принудуваш Создателот уште повеќе да се открие, дали ослободуваш уште малку место за Него за особината на давање која почнува да преовладува над уште некои твои особини.
Од подготовката кон лекцијата, 01.08.2012 на Каб. Тв
Бина: влегување во полнолетството
Баал ХаСулам, “Предговор кон Книгата Зохар”, т.53: Прочистувајќи го животинскиот дел од желбата за примање, човекот ја претвора во желба за давање – дотолку што Познавачот на тајните сведочи дека тој нема повеќе да се врати кон својата глупост...
Што го поддржува човекот ако не Светлината која го вдишува животот во него? Без Светлина не би можела да постои и формата спротивната на неа – “постоечко од ништо”.
Бина, која се наоѓа во средина на сите сефирот е точка на пресвртот, преобразбата. На скалилото на Бина човекот се прочистува себеси од желбата за примање и потоа одново почнува да ја користи таа желба, меѓутоа веќе со намера за давање. Ако досега човекот постојано се борел со желбата за примање, сега ѝ се обраќа на желбата за помош. На таков начин во фазата на Бина човекот се здобива со поддршка од Вишата Светлина, која му овозможува желбата да ја претвора во партнер.
Скалилото на Бина е како премин од детството кон зрелоста. Досега човекот се поправал во однос на тоа што е за него поважно: одново и одново тој се искачувал над егоизмот, претпочитајќи го Создателот. Сега пак, кога се здобил со скалилото на Бина, Светлината цврсто го држи на него, така што човекот нема веќе да се врати кон својата глупост, нема да биде заробен од желбата за примање. Такво “ветување” му се дава одозгора – токму тоа претставува “сведоштво на Познавачот на тајните”. Тогаш човекот добива дозвола и способност на нов начин да работи со својата желба – примајќи заради давање.
Порано не смеев ниту да ја погледнам оваа “мамка”, само се вртев настрана трудејќи се да се држам што подалеку од неа – сé додека не се искачив на скалилото на Бина. Тука добивам поткрепа и гаранција од Создателот – Тој сведочи дека нема да ми се случи ништо лошо. Тогаш внимателно се завртувам кон Малхут, барајќи можност да ја преобратам кон давање – со помош на Создателот кој постојано го спречува моето паѓање. Точката на преминот од алтруистичкото давање кон алтруистичкото примање е многу важна. Тука на човекот му е потребен сојуз со Создателот, многу поголема поткрепа од Негова страна. Зошто пред него е работа со егоизмот за давање...
Од лекцијата за “Предговорот кон книгата Зохар”, 01.08.2012 на Каб.Тв
Капитулација пред оружјето на љубовта
Нема да стигнеме до ништо добро ако го истражуваме меѓусебниот криминал, бидејќи нема да можеме да ја уништиме или барем во нешто да ја промениме нашата природа. Ние веќе знаеме дека природните особини кои ни се дадени од раѓање и понатаму остануваат со нас, сите наши вродени и стекнати тенденции. Каков што си бил, таков и ќе останеш. Ајде тогаш да ја прекинеме оваа борба со ветерниците и да не стануваме Дон Кихот-и. Ништо не може да се стори со човечката природа – може само да се дознае заради што и со каква цел сме создадени толку големи егоисти, најжестоки од сите животни и ѕверови. Со сите наши бескрајни можности, разумот, чувствувањето на минатото, сегашноста и иднината, техниката и високата технологија, ние наеднаш стигнуваме до светот во кој сме апсолутно некомпетентни само заради тоа што нашето его не ни дозволува правилно да се поврземе едни со други.
Нека се открие тој егоизам со сите негови лоши особини. Ние треба само да се погрижиме да изградиме врска над него. Токму таа врска која се издигнува над егоизмот ќе се нарече љубов. Ако не го откриваме злото меѓу нас – тогаш не постои љубов! Тоа мораме да го сфатиме. Тоа што денес го нарекуваме љубов, може да се смета за симпатија, некој вид меѓусебна заемна привлечност под влијание на хормоните. Тоа не е она зрело чувство кое човекот го развива во однос на друг, без оглед на тоа дека ги согледува сите туѓи и свои недостатоци.
Спротивната страна само ни се причинува обдарена со недостатоци, но тоа е намерно направено. Поради тоа во нас почнува да се појавува посебен однос кон Природата. Па кој ми ги дава мене сите овие вежби? Тоа не е мојата жена, тука самата Природа која после целиот процес на еволуција кој сме го поминале, после формирањето на неживиот, растителниот, животинскиот свет и луѓето, како резултат на тоа, внатре во човекот развива огромен егоизам. И сé за да го доведе до процесот на понатамошниот развој. Сега тој ќе мора да го надмине тоа его, да го покрие сиот криминал и за сметка на новата особина која ја гради во себе да постигне ново согледување, визија на новиот свет. Односно нашата цел не е само изградба на добри односи во семејството, правејќи го нашиот живот безгрижен, без да се преструктурира општеството на нов начин, сé во него да биде добро. Благодарение на оваа метода која ми дозволува да го покријам моего его, јас се здобивам со посебна сила, која се нарекува љубов: достигнувам врска, комуникација, поврзување со сиот останат свет. Така светот почнува да ми припаѓа мене!
Се испоставува дека за сметка на тоа јас ја добивам силата, мудроста, моќта на целиот свет – бидејќи се поврзувам со него. Благодарение на својата љубов јас се спојувам во една целина со надворешниот свет. Порано, секогаш бев во конфронтација, во борба со него. Сега, пак, станувам негов сојузник и токму со тоа го освојувам целиот свет! Сега почнувам да сфаќам дека и порано сакав да го освојам светот, но на глуп начин. Се надевав принудно да го потчинам. Но пред сé се убедив дека тоа не е можно, ги напуштив тие обиди и паднав во очај. Сега согледувам дека постапував како мало наивно дете. Затоа што светот може да се освои само со љубов! Ако се издигнувам со љубов над целиот криминал, отфрленоста, над своите внатрешни мотиви и несогласувања и без оглед на сето тоа се поврзувам со партнерот, тогаш токму на тој начин учам како со него да управувам, како да го освојам, да живеам со него и да владеам со него. Но не со принуда, туку со својата љубов. Но зарем тоа е важно, ако благодарение на тоа светот станува мој!
Од 31-от разговор за новиот живот, 11.07.2012 на Каб. Тв
Егоизмот одбива да работи
Прашање: Кој дел од односите меѓу мажот и жената во дадениот момент се погодени од кризата?
Одговор: Во принцип кризата ги погодува сите нивоа: и неживото и растителното и животинското. Само што ние на тоа не обрнуваме внимание и недоволно го истражуваме. Кај нас не постои интегрален поглед на светот, ние уште не сфаќаме каде сега се манифестира кризата освен во човечкото општество, т.е. освен во нејзиниот финансиски, економски дел. Генерално кризата се забележува и кај животните и кај растенијата, меѓутоа на ниво на кое што ние едноставно не го забележуваме. Зарем попусто исчезнуваат огромен број на видови и подвидови, притоа секојдневно и по неколку видови, како што се пријавува во специјалната литература.
Но главно се разбира, кризата во најголемиот свој дел, а особено во однос на нас – таму каде што ја разбираме и чувствуваме на себеси, се манифестира во интеракцијата меѓу луѓето. Притоа таа интеракција е основна и одлучувачка, бидејќи поради фактот што престанавме правилно да се разбираме едни со други, ние не можеме да пронајдеме заеднички јазик едни со други во решавањето на сите проблеми.
Гледаме дека градејќи планови во рамките на државата, во интеракциите меѓу државите, ние самите првично ги прекршуваме тие планови. Егоизмот кој пораснал во нас бара интегрални решенија, интеракции, меѓусебни погодности, меѓусебно вклучување, наше поврзување едни со други. Во почетокот за да се поврземе и како резултат на нашето обединување да се роди некоја нова идеја, нови алатки за техниката, економијата, во финансискиот свет и т.н. Ние тоа не го правиме.
Ние не се обединуваме. Креираме нови инструменти на управување не тргнувајќи од нашето обединување, поради што нема управување. Правиме нови планови за образованието, воспитувањето надвор од нашето обединување, затоа тоа не дава никакви плодови. Ние создаваме опкружувачки ефект на општеството врз човекот: телевизиски програми, филмови и т.н.надвор од нашето обединување, со што природно правиме огромна штета, и понатаму изолирајќи го општеството, давајќи му сосема поинакви вредности и ставови. Односно секаде, на сите нивоа на животот проблемот е во човекот. Иако ние сакаме тоа да го поправиме не со промената на човекот, туку со нашите конвенционални методи, т.е. со притисок, стимулирање: или полиција или пари, што се нарекува “љубовта и гладот управуваат со светот”, но тоа веќе не дава резултат, зошто нашиот егоизам не реагира веќе на тоа. Тоа е многу интересно.
Кога егоизмот не би реагирал на тоа и ние би можеле да му дадеме некој друг стимул, како на мечката во циркус наместо парче шеќер да ѝ се даде мед, но и тоа не му е доволно на нашиот егоизам. Таа “мечка” едноставно одбива да работи во нас под такви услови, - потребен му е сосема поинаков приод. Егоизмот бара нов систем на интеракција, нов систем на управување, додека ние сé уште не сме свесни за тоа. Затоа кризата е всушност несфаќање на системот на силите во кој што ние се затекнавме. Главното е, сигурно, семејството. Фактот дека семејството практично исчезнува и дава таков пример за новата генерација сè уште не ни се чини страшен. “Така наместо седум милијарди луѓе ќе станат две милијарди, - што има лошо во тоа?”. Меѓутоа ние не сфаќаме дека тоа не е решение на проблемот. За жал луѓето стануваат сé поголеми варвари и мирно прифаќаат сé што се случува.
Некогаш, пред неколку векови ние сме се сметале за варвари. Но тоа не било варварство, туку ниво на нашиот развој. Денес, пак, кога ги надминавме сите културни прагови, се стекнавме со сите културни вредности, и наспроти нив почнуваме повторно да стануваме варвари, тоа претставува нешто сосема поинакво – тоа веќе е деградација. Во тој случај интегралното воспитување сигурно е неопходно.
Од разговорот за интегралното воспитување
Односот кон мојата втора половина
Прашање: Како треба да гледам на својата втора половина за да го остварам интегралниот принцип во нашите односи?
Одговор: Заемно да се поткревате над својот егоизам еден во друг, сé додека не најдете таква допирна точка, каде што би биле една заедничка целина. Тоа се нарекува “Адам”, од кој по пат на разделување се добиле мажот и жената. Во принцип “библискиот” Адам претставува целосна структура, “унисекс” систем: во него нема ниту маж ниту жена. Подоцна тој систем се распадна на два дела, за да го идентификува целиот спектар на нивните спротивности, во максимална форма. Таа максимална спротивност токму денес се манифестира, бидејќи ние веќе не можеме да бидеме во никакви односи едни со други. Тоа е евидентно и според процутот на различните видови на необичен, неприроден секс, и според неможноста да постоиме заедно, и по леснотијата и корупцијата на врските и т.н. Односно сме стигнале до состојбата кога мораме да почнеме да ја реконструираме структурата на Адам од неговата потполна спротивност.
Тоа е многу добра состојба, слично на тоа кога на детето му даваат целосно расклопена сложувалка за да ја земе и да ја склопи. Токму од таквото склопување ние ќе се сфатиме себеси, Природата, Создателот. Ќе ни стане појасно кои сме и каде постоиме. На крај ќе го сфатиме внатрешниот дел на светот, неговата скриена сила, план, тек. Ќе можеме за себе да откриеме друго ниво на универзумот, вечноста, совршенството. Сето тоа е можно. За тоа денес зборува науката.
Од разговорот за интегралното воспитување. на Каб.Тв