Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Не плаши се од темнината,таа содржи светлина -11.02.2010

 

 

Не разбирам зошто морам да знам за сите овие ситни детали кои ги опишува Зохарот ако веќе и онака не можам толку длабоко да продрам во текстот.

Зохарот е цел еден систем, и вие постоите во него како во пајакова мрежа. Тоа е систем на универзумот кој ги содржи сите суштества, и целиот е Создателот.

Кога го читаме Зохарот, посакуваме да се обединиме за да го повикаме влијанието на овој систем врз нас, за да почне да делува врз нас и да не претвори во активни делови од него. Тогаш ќе можеме независно да разбереме, делуваме, и да одиме напред.

Зохарот ни кажува за овој систем и како работи во целост. Се разбира, сеуште не сфаќате колку е длабок и слоевит; го откривате само она што е пресудно за вас во секој момент од вашиот развој.

Всушност, ние ги читаме остатоците од изворната книга на Зохарот, која била 20-30 пати поголема од текстот што стигнал до нас. И не заборавајте дека сето ова е напишано пред речиси 2000 години.

Замислете си еден од авторите на Зохарот да дојде и да ни одржи лекција. Би го разбрале бидејќи би го зборувал истиот јазик што сега го проучуваме. Би ни ги кажувал истите нешта кои сега сакаме да ги научиме. Но тоа би дошло од човек кој живеел многу одамна. Само помислете: Дали нешто слично на тоа би било возможно во било која друга ситуација? Можете ли да замислите друга ситуација во која луѓето сакаат да запознаат древен предок за да учат од него, во која се љубоморни на неговиот морално и духовно ниво и можат да го разберат; сакаат да го чујат, го прифаќаат, и зборуваат со него на истиот јазик за истите работи?

Ова е возможно бидејќи системот кој го опишуваат е вистински, глобален, и вечен. Постоиме во него, но секој од нас го открива до оној степен до кој е способен да го почувствува. Чувствуваме дека одиме од светло кон мрак, и отпрвин како да не можеме да видиме ништо во темнината. Но штом ќе поседите неколку минути во мракот, почнувате да распознавате се повеќе нешта. И тогаш гледате дека веќе не ви треба ни светлото; не морате ни да го вклучувате. Има некакво слабо светло, и тоа ви е доволно.

Кога ќе влезеш по првпат во духовен мрак, се чувствуваш изгубено. Но со малку повеќе единство и малку повеќе влијание на текстот, ќе почнеш да чувствуваш каде си. Место твојата досегашна перцепција на светов, ќе почнеш да чувствуваш дека насекаде околу тебе разни сили делуваат. Тие влијаат врз нас и ние сме поврзани со нив. Воздухот ќе се згусне и ќе направи простор за духовниот свет.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica