Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Не си создавај идол

 

10.06.2010


Прашање: Целта на читањето на Книгата Зохар – тоа е развој на нашата сензитивност кон тоа што ние осеќаме во петте наши сетилни органи? Развиток на нашето спознавање, видување на овој свет?


Воопшто не е! Читајки ја Книгата Зохар. Jас заборавам на овој свет, не го гледам и не го чувствувам. Јас влегувам во системот на вишото управување и надзор, читам за него, го изучувам и се трудам да го осетам, т.е. да се поврзам со него, со чувствата и разумот.

Јас се трудам, колку што сум способен, да ги искористам сите имиња и називи за кои раскажува Зохар. Затоа што во суштина цеиот Зохар зборува за ИШСУТ, З"A, Малхут и душите. Се се случува меѓу З"А и Малхут, но Зохар го изразува тоа во илјадници семожни имиња и ситуации. Затоа, читајки ја Книгата Зохар, јас се трудам да навлезам во тие духовни состојби, а не да ги привлекувам во нашиот материјален свет. Зошто тој ми е потребен?...


Јас морам да се препознаам себе си во духовното, да осетам како се преобликувам во ЗОН на светот Ацилут, се поистоветувам и се стопувам со него во сите свои желби и мисли. Потребно ми е да се трудам секогаш да го гледам сето што се случува во целосното тело на заедничката душа, зошто сите тие се мои особини – Аврам, Исак, Јаков, Мојсеј, Јосиф, Арон, Давид, сите дејства, за кои што раскажува Зохар, клипа и светост, скалилата ЗОН на светот Ацилут.

А овој свет за мене како да не постои. Јас не го раазбирам и не го чувствувам, мене не ми треба овој замислен свет. Напишано е, дека ние мораме да се искачиме на ниво на вишиот свет, а веќе оттаму, по малку имајки поим за духовните корени, ние можеме да ги изучуваме нивните пониски гранки во нашиот свет. Но само така да се престојува во гранките нема никаква потреба. Освен тоа, забрането е да се поврзуваат вишите корења кон нивните нижи гранки.

Тоа се нарекува идолопоклонство, кога ги земаш називите и дејствата од вишиот свет и се обидуваш во овој свет да ги видиш нивните резултати, точно соодветни едни на други. Тоа е забрането затоа што е неточно. Што значи забрането?- Таквото нешто едноставно не постои. Тоа се нарекува "да си создадеш идол".

Секогаш стремете се кон совршенството!

Прашање: Ако се што се случува во мојот секојдневен живот јас почнувам да го осеќам внатре, - тоа е знак на напредок како резултат на читањето на Книгата Зохар?


Не. Кога ја читам Книгата Зохар, никаков секојдневен живот за мене не постои. Кај мене постои зародиш на душата- точка во срцето, и сега јас се наоѓам со неа во вишиот систем, за кој раскажува Зохар. Како да ги спојам со оваа малечка точка, во која ништо нема, чувствено и рационално сите овие особини – трите линии, подеми и падови, духовните дејства?

Токму тоа јас го барам. Како да престојувам во нив, да ги почувствувам и осетам на себе – таму, во ЗОН на светот Ацилут? Јас ништо не посакувам од овој свет – ниту себе самиот, ниту пријателите кои така ги доживувам со петте сетила, ниту целиот свет. Зошто ми е тоа потребно?...тој не постои, само ми се причинува внатре во моето его, желбата да се задоволам. Ако јас се кренам на повисоко ниво – на давање, вера над знаењето, тогаш ќе го видам сето поинаку. Јас не сакам да се занимавам со овој свет!

Јас сакам само да се искачам и да се спојам со вишиот! Јас се однесувам кон тоа реално, а не го занемарувам нашиот свет. Но јас ја изучувам Книгата Зохар, како и целата наука кабала, за да го откријам за себе вишиот свет, а не да го привлекувам во нашиот. Тоа никогаш нема да се случи! Никогаш духовниот мир нема да се претвори во материјалниот.

Напротив, материјалниот мир ќе се искачи кон своите корени – во духовниот свет. Преку материјалниот свет јас подоцна ќе го видам духовниот. Но во почеток треба да се перцепира духовното. Затоа пред започнувањето на часот јас се трудам да се исклучам од се што имам во овој свет. Затоа што сега јас го изучувам совршенството, духовното, Создателот.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica