10.05.2010
Должни сме да резимираме и да проанализираме како да изградиме едно големо заедничко кли ,кое ќе ни овозможи така да се сврзиме помеѓу себе, за да луѓето од целиот свет ја почувствуваат оваа моќ. И тогаш одеднаш (со нивна желба или без желба) тие ќе бидат меѓусебно поврзани. Така се случува.
Од каде доаѓаат мислите и желбите во нас? Ние не сме свесни дека тоа поминува од внатре од едното во другото, од оваа обединувачка мрежа. Со вас сме во посебна состојба. Баал ХаСулам пишува дека сме обврзани да му благодариме на Создателот, поради тоа што живееме во такво време, кога сме добиле можност да ја изучуваме науката Кабала,кога стана можно ширењето на оваа мудрост. Ние сме прва генерација која може да ја користи оваа мудрост за да влезе во вечноста.Да се издигне над целиот овој живот, да го открие целиот бескрај на просторот, да ја надмине материјата - тоа е невообичаено време.
Секој е должен да се почувствува обврзан да се „истурка" напред, да ги разбие егоизмот и апатијата.Да ја отфрли од себе целата оваа обвивка и да оди напред. Тогаш тоа ќе му даде можност моментално да почувствува големи сили и можности. Сега во нас овие сили и желби ги нема поради отсуство на правилна врска помеѓу нас и затоа ја чувствуваме оваа клима. Во нас нема уверување во тоа дека сакаме да ја отфрлиме од себе, за да не останеме на неживо ниво, како покојници. Токму од такви моменти, кога пред човекот има слободен избор, кога тој решава, дали сака тој самиот да се натера, зависи од нашето придвижување.
Се надевам дека во најблиска иднина ќе го изградиме нашиот виртуелен систем, со негова помош секој ќе може да тренира на "духовниот стимулатор" (да го наречеме така условно).Ќе види како секој момент вреди да се придвижуваме. Ова ќе му овозможи да се види себе си во вистински вид, ќе му овозможи да престане да биде тутор над самиот себеси.Ќе му помогне да види дека не вреди постојано да го штити сопствениот егоизам.Не вреди секогаш да се труди да ја чувствува својата прав. Должен е да ја види вистината пред себе, во нејзино име да стори нешто, дури и ако тоа биде против него. Човек мора да види дали се бори против својот егоизам или постојано го оправдува.
Должни сме да изградиме таков инструмент, кој ќе му овозможи на секој да се провери себеси, да види во каква состојба се наоѓа, да се наштелува на вистината, а не на удобното чувство кон кое нé влече секој миг, да го изградиме она што ќе ни помогне да не се свртиме и да не избегаме од целта. Ако почнеме да бегаме на страна, тогаш треба да ни биде јасно од што всушност бегаме. Човек не треба да има можност сам да се заблудува, бидејќи 99% од неуспесите се случуваат поради тоа што човек се губи себе си по патот.Се надевам дека во најблиску време ќе изградиме таков систем за ширење. Ова е многу голем тест, но заедно ќе успееме да го направиме.