Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Нега на системот за сврзаност помеѓу нас

 

Нега на системот за сврзаност помеѓу нас  22.05.2010

Прашање: Се обидуваме да изградиме виртуелен систем, кој ќе ни овозможи постојано да ја чувствуваме важноста на целта. Сакам да прашам ќе ни помагне ли самиот систем или тоа ќе го прави самиот процес на неговата изградба, во барањето во кое се наоѓаме постојано? Дали мислите дека ваков систем може да создаде за нас опкружување, што поседува моќ да пренесува?

Зад сите системи, компјутери и преводи, зад сето тоа стои човекот кој го создава, а не самото железо. Во железото можеш да спроведеш неколку "неживи" закони што ќе ти дозволат или не ќе ти дозволат да го сториш тоа. Човек може да греши, а животното не. Животното - тоа е закон што ти го утврдуваш. Затоа можеш да одлучиш каков вид интеракции да вложиш во овој систем и каков вид взаемни односи системот не ќе ти дозволи. Сакаме да го изградиме овој систем на таков начин, кој ќе ни помогне да создадеме правилна врска помеѓу нас. Едноставно систем за врски.Тоа е интернет во кој има сé и ти ќе можеш да правиш во него сé што ќе посакаш.

Сакаме се разбира таму да има ограничувања што нé насочуваат кон пренесување и љубов помеѓу нас и цело време да чувствуваме дека постојано постоиме во овие рамки. Тоа не е слобода, не е демократија и не е анархија - сакаме да имаме таков систем кој ќе служи да ни помага да бидеме чувствителни на тоа како се однесуваме еден кон друг.Системот мора да одговара на нашето барање, да одговара на потребата од будење на секој, кон пренесување на другиот, кон грижа за другите како за себеси.

Должен сум да гледам на опкружувањето како што мајката ги гледа своите деца.Да се грижам сите да се здрави, сити, чисто измиени и на нив не им е потребно повеќе, бидејќи се е во ред и тие можат слободно да играат. Прекрасно - ништо не ги вознемирува, не им пречи и мајката е задоволна. Така и јас сум должен постојано да се грижам за овој систем, бидејќи колку повеќе се грижам за него, толку повеќе сили добивам во замена, важност на духовното, важност на пренесувањето и љубовта. Колку повеќе вложувам, толку повеќе добивам во замена.

Разликата меѓу тоа што сум вложил и она што сум добил во замена, ја одредува количината на добиената од мене светлина што не опкружува, што веќе се наоѓа таму, но сега можам да ја поттикнам. Се надеваме дека изградбата на овој систем (а ние не градиме ништо што ќе работи наместо нас) ќе ни даде алатки за правилна врска помеѓу сите нас, помеѓу целиот свет. Сакаме оваа правилна врска да ги вклучува во себе сите луѓе, како што пишува Баал Сулам во написот „Последната генерација". Врвот на овој систем треба да биде врската помеѓу нас, за да ја поттикнеме светлината, враќање кон изворот кој дава можност за пренесување и љубов.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica