Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Нека моментот трае засекогаш 28.03.2010

 

Нека моментот трае засекогаш

 
Целта на Создателот е да го воздигне човекот на Своето ниво. Што значи ова? Ние ги доживуваме нашите животи преку желбата да уживаме, што ни е дадено од Создателот. Ова својство е единственото нешто што постои надвор од Него, и заради тоа чувствуваме недостаток на исполнетост. Секогаш ни недостасува нешто, и тежнееме кон одреден вид задоволство. Но, Светлината што доаѓа кон желбата за уживање, во моментот исчезнува. Таа ја уништува желбата, и желбата не е проследена со исполнување.


Затоа, бидејќи ги сфаќаме нашите животи како потрага по задоволство, го согледуваме нашиот живот како краткотраен и минлив, каде што сè исчезнува. Секој момент поминува и исчезнува, наместо да остане, и да го надополни секој нареден момент. Од една страна, постои желбата, и од друга страна, задоволството. Кога ќе се исполнат двете се неутрализираат, дури и ако задоволството е минимално.


Затоа целиот наш живот се состои од оваа мала точка на судир помеѓу желбата( Кли) и Светлината, која што веднаш исчезнува. И ова продолжува сè до крајот на нашите животи. На пример, да претпоставиме дека имате одреден дел на желби: неколку милиони мали парченца од желбата за уживање, кои што се откриваат едно по друго. Наспроти секое од овие делчиња, постои Светлина, која што го исполнува тоа делче од желби. Тогаш, тие се сретнуваат и исчезнуваат. Штом еднаш го истрошите одредениот дел на желби, животот ви завршува, а со тоа и целото ваше постоење.


Сепак, ако заврши овој натпревар на судрувања на желбите со Светлината, си бил способен да достигнеш состојба во која Светлината и желбата „се сретнуваат" една со друга, и остануваат заедно. Тогаш, почнувате да ја чувствувате Светлината која што во желбата се согледува како вечен, бескраен живот. Тоа е заради тоа што исто така и претходниот момент останува со вас. Тогаш вие се возвишувате над чувството за време. Го запирате моментот и се здобивате со вечно постоење! Ова е целиот рецепт за духовниот живот, кој што е вечен и совршен. Ова може секој да го постигне со примена на мудроста Кабала.


Метод на Духовно раѓање

Како е можно да се постигне духовност и совршенство? Тоа може да се направи само според законот на „еднаквост на формата." Ако Светлината и желбата се спротивни една на друга, тогаш Светлината ја уништува желбата; но, ако се еднакви, тие се поткрепуваат една со друга. Во тој случај, чувствуваме дека тие постојат, и ова чувство се нарекува вечен живот. Токму за ова е наменета науката Кабала.


Со цел да се постигне оваа состојба – способност да се живее вечно и да се чувствува вистинската реалност, сличноста со Создателот, мора да поминеме низ процесот на исправка. Сите исправки се случуваат за да ја направат желбата за уживање слична на Светлината; според тоа, го исполнуваме законот на „еднаквост на формата".


Во ова се состои целата исправка. Или ние сме спротивни на Создателот, на начин на кој сме првично создадени, или постепено постигнуваме еднаквост,се изедначуваме со Него. Се исправаме самите себе, додека Светлината и желбата не се обединат. Во моментот кога тие се обединуваат, ние се раѓаме во духовноста.


Овој метод на исправка се нарекува наука Кабала (Кабала значи „примање"на хебрејски јазик). Тоа е наука за тоа како да се прими Светлина во желбата, така што Светлината да не исчезне; тогаш, ја чувствуваме вистинската, вечна реалност. Ова е, навистина, многу голема мудрост што не е толку едноставна.


Ние не разбираме како навистина може да го направиме ова. Но, тоа што се обидуваме да го направиме, е токму нашата највнатрешна желба за која што дури и не сме свесни. Ете затоа постоиме, и секогаш тоа потсвесно го бараме.


Во состојбата кога прв пат сме оствариле контакт со Светлината и сме ја согледале во нашата желба, и така Светлината останала во нас- што значи дека ние го согледуваме вечниот живот бидејќи Светлината е во нас, и ние не се одвојуваме од неа- тоа е духовното раѓање. Тоа исто така се нарекува и масовно заминување,егзодус од Египет.


Претходно, мораше да останеме во прогонство од Египет, подготовката за духовното раѓање и спасение. Затоа посветуваме толку многу внимание на проучување на состојбите низ кои мора да поминеме во прогонството од Египет, со цел да бидеме способни да излеземе од таму што е можно побргу, со помош на различни средства кои што ни биле подготвени од страна на Кабалистите од сите генерации.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica