Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Неколку моменти слобода

06.05.2011

Слободната волја е едно од најважните прашања во нашиот живот. Ако не сум слободен, нема што да правам – ќе чекам да ме присилат и да ја извршам наредбата. Ќе удрат со стапот – ќе потрчам, ќе ме примамат со колаче – пак ќе потрчам, нема да ми дадат ништо – ќе си останам мирен.

Или се наоѓам под власта на сопствената природа или доаѓам во движење под „ударните" дејствија на надворешните сили. Во принцип, така и постапуваме. Затоа треба да проверам каде лежи мојата слобода. Бидејќи само тоа место всушност за мене е важно.

На еден или друг начин ме управуваат разни стимули и тоа таму каде што е слободата и од мене се очекуваат самостојни дејствија. Дали ќе извршам дејствие или не, јас секако влијаам врз својата иднина. Можеби за десет години ќе ми се соберат само неколку моменти на слобода. А тие се всушност мојот живот. Сето останато е сценарио во кое јас точно ја играм својата улога.
На тој начин треба да ја пронајдеме својата слобода и истовремено да разбереме какви сили нè водат во дејствие, на кој начин нè движат напред, зошто сме составени од тело и душа, зошто сме збунети и не ја знаеме реалноста во која се наоѓаме?

Зошто треба да се појавиме на светлина, да живееме, да раѓаме деца и да умираме, за пак сè да почне од почеток. Зошто е сè така сложено и збунувачко? Привикнувајќи се на тоа, веќе не си поставуваме прашања, но на крај сè што се случува со нас бара одговор: Зошто всушност е така? Што да правиме?

За користа од фантазијата

Прашање: За да се насочиме кон следната состојба, треба да си ја претставиме. Како? Како да се постигне мојата фантазија да се разликува од реалноста само со својата нереализираност?

Кажано е дека ние треба да станеме слични на Создателот по својствата. Причината на битието, неговиот процес, програма и цел се одредуваат со еден збор: соединување. Мораме да дојдеме до него, сакале ние или не. Никој од нас не прашува за тоа, овде нема друг избор.
Изборот е во реализацијата, кога доаѓаш до вистинската желба насочена на претходно поставената цел. И тоа е нормално: зарем треба да се бара од битието таа да си измисли нешто? Не. Нам од почеток ни се определени предели во кои ние дејствуваме.

Значи целта на суштеството е да се достигнат нивоата на Создателот, со други зборови, да се стане човек (Адам), сличен на Создателот. Но најпрвин треба да го посакаме тоа. Инаку, ние не сме ни суштество, не постои. Создателот направил посебно суштество – „човек", кој има сосема неправилна желба.

Меѓутоа, дадени му се сите неопходни средства, сите внатрешни и надворешни услови за одредување на вистинската желба и таа треба да се израснува, да се развива, да се дефинира, да се оформува, да се исцрта од внатре, да и се даде потребната форма. Таа желба е наменета за конечната состојба, за целокупно исполнување, за повисок статус, со други зборови, за Создателот.

„Создател" е својство на давање и љубов, а човекот од почеток е спротивен на Него, живеејќи во примање и себичност. Меѓутоа, на човекот му е дадена можност да изгради над себе љубов кон ближниот. Со помош на опкружувањето ние оформуваме вистински однос, се насочуваме кон љубовта, бараме сили за поправање и добиваме сила за давање на ближниот.

На почеток го остваруваме принципот: „не му го прави на друг она што не сакаш да ти го прават тебе" – со тоа човекот станува неутрален, се издига над егоизмот и добива својство за давање, Бина. Потоа го реализираме ова својство на желбата за примање – се насладуваме заради давањето, работиме со желбата на ближниот за да ја исполниме.

Наместо за тоа да го искористиме ближниот, јас се користам себеси за негова наслада и тоа е сосема спротивно на она што бев порано. Така стануваме слични со Создателот.


Злото како дошепнување од Создателот

Издигнувајќи се над егоизмот, јас чувствувам дека се одделувам од својот владетел – Фараонот. И тоа веднаш ми овозможува да се почувствувам себеси самостоен во нешто. За да се оттргнам од оној кој владее со мене, потребно е многу работа во група и учење, како и желба за привлекување Светлина. Тогаш ќе видам дека сите мои желби, мисли и стремежи, сè што е во мене, не се мои.

Тоа е како хард-диск со инсталиран оперативен систем, во кој ме вметнале. Поинаку јас не можам да дејствувам – ни денес, ни утре, ни задутре. Меѓутоа, човек не живее сам, туку во опкружување. Работата и учењето ми носат Светлина која се враќа кон Изворот и тогаш чувствувам дека сум различен од опкружувањето. До тогаш јас не размислував за тоа и сакав само да го искористам животот во своја полза.

Но, Светлината има друго својство – давање и затоа откривам дека ги користам другите за примање. Во тоа и се состои дејството на Светлината, да ми покаже дека сум спротивен на неа и сум насочен само кон искористување на ближните. Или им наштетувам, за да се чувствувам повисоко од нив, или добивам исполнување од нив, што исто така е добро за мене. А ако се присутни и едното и другото, да се понижат ближните и да се земе од нив максимум – тогаш ми е уште подобро.

Благодарение на Светлината, јас не само што го увидувам својот егоизам, туку и го откривам неговото зло. Луѓе од улицата ќе речат: „Да, такви сме ние. Што ќе направиш?" Така целиот свет открива дека тоне во криза заради егоизмот, заради тоа што луѓето и цели држави не сакаат да ги земат предвид другите: „Нема што да се прави. Ќе играме и понатаму".

Само Светлината ни го открива злото во нашата природа. Излегува дека природата е спротивна на Светлината и дека освен неа има и уште нешто. Тоа е дошепнувањето кое го добиваме: има можност да не се мачиме и паѓаме во депресија, гледајќи го злото во себе, во светот и во Создателот – има и друг пат.

Ми се открива посебна сила која свети, управува со мене, го истакнува злото и таа може да ми помогне да се променам. Настапува одлучувачки момент, се свртувам кон таа сила, дознавајќи дека таа намерно ми го покажала злото, намерно го створила злото во мене, за да ми се јави потреба од неа, за да ја посакам, за да се поврзам со неа. Со самото тоа, јас почнувам да го оправдувам сè што е лошо во светот.

Излегува дека овие работи се откриваат во мене во таков вид, само за да воспоставам врска со Коренот, со Оној кој Го направил сето тоа – Ме создал мене и целиот свет во зло. И навистина, Тој признава: „Јас создадов лош почеток. Сè што гледаш е неубаво и тоа е Мое дело. Сакаш да ја промениш ситуацијата – побарај". Ништо повеќе не треба.

Ова е многу едноставен момент. Обраќањето со молба, барање за поправање, тоа е веќе еден дел од врската. Може, секако, да се каже дека сè доаѓа одозгора, да се препише целото зло на Создателот, на Природата. Но, да се одлучи за себе дека ова зло преминало во добрина, да се заблагодари за него како за добрина – тоа е веќе сосема друга работа.

Му благодарам на Создателот за злото кое ми го праќа и со чија помош јас можам да Му се обратам Нему. Тој со мене има посебен однос, ме боцна неколку пати, за да Го погледнам, да почнам разговор со Него. Сега треба да се издигнам над страдањата и да воспоставам контакт со Него, кој за мене ќе биде поважен од тие страдања.

„Не е важно ако Ти ми праќаш нови несреќи, само да не си допуштам да те изгубам Тебе". Ова веќе е развој во насока на врската со Него. Тогаш човек и ја открива својата независност. Тој ќе се поткрене над својот егоизам со помош на Светлината, но оваа Светлина доаѓа по негово барање и затоа се запишува на неговата сметка. Човекот исто како сам да ја произведува, да ја привлекува и да ја користи. Тој добива сила од Светлината и пристапува кон самостојно поправање, мерејќи ги своите желби и можности, надградувајќи се себеси со тоа.

Тоа всушност е независноста: стануваме „слободен народ на своја земја". „Земја" во кабалата означува „желба" – јас сум слободен во својата желба и го правам со неа она што мислам дека е потребно.

Да се помине побргу етапата на прикривањето

За почетникот е својствено да се бори со пречките и да се обидува да ги отстрани. Тој уште не сфаќа дека сите тие доаѓаат од „Нема никој друг освен Него" и ги смета за случајности и животни несреќи. Сè уште не може да се поврзе со Создателот преку овие пречки и не гледа дека сè што се случува во животот доаѓа од Него.

Затоа ги оттргнува пречките во својот егоизам и се лути на другите, посакувајќи да изгради спокоен, благопријатен живот, како што е случај во овој свет, со сите кои уште не чувствуваат поврзаност со Создателот. Тоа се првите чекори од нашата работа.

Но, откако човек ќе се потруди да влезе во група, да се соедини со учителот, со книгите, Светлината ќе почне повеќе да дејствува на него. Иако тој тоа не го чувствува, во себе осеќа промени. Значи тој веќе почнува да ја забележува својата поврзаност со силата која управува, со причината за сè што се случува која се наоѓа некаде во природата, внатре во него и му ги буди желбите и мислите.

Во него има некаков внатрешен фактор на управување и тогаш тој почнува да воспоставува врска со Него, обидувајќи се да сфати зошто Тој го прави сето тоа, со каква цел и како треба да се реагира? Човек многу долго живее, додека не дојде до чувството дека сè што се случува, се предизвикува од некакви внатрешни причини, кои ги праќа Создателот. И тогаш тој сфаќа дека навистина треба да се дадат многу напори во групата, во распространувањето, во учењето за побргу да се помине оваа етапа на прикривање.

Но, кога веќе не заборава дека сè се случува од внатрешна сила, која така го буди и го насочува, тогаш неговата работа станува поточно осознаена, поправилна и попрактична. Така тој постепено насобира во себе доволна желба да се открие Оној, кој организира сè наоколу, за таа прикриена врска конечно да се открие. Но и после тоа има уште работа која се одвива до самиот крај на поправањето на сметка на пречките.

Прашањето е само колку брзо човек ќе ги разликува и ќе се обраќа за помош во соединувањето со Создателот. Бидејќи Светлината ја осветлува нашата непоправена желба, секој пат откривајќи сè подлабоки пластови од неа и тоа е единственото што ни причинува болка. Но болката е симптом на болест, на егоизмот кој се открива, на неправилното! И тогаш всушност имаме можност да се поправиме и себеси и целиот свет и да се предадеме на судот според заслугите.

Затоа мора да работиме над себе, за да оправдаме било какви состојби кои ќе стануваат сè почувствителни, сè пораздразливи. Колку подалеку човек ќе отиде, толку повеќе и подлабоки ќе му се чинат тешкотиите, ќе му бидат сè почувствителни ударите. Но, истовремено тој собира искуство и веќе сфаќа што се случува.

Дури и праведникот паѓа и станува „грешник", за пак да се издигне, пак да стане праведник

Радувај се дека ќе се вратиш дома...

Од писмото на Рабаш бр.33: „Зошто е толку важна радоста во работата?“

“Како и во нашиот свет, човек работи и цел ден мечтае за тоа дека ќе се врати дома и ќе се наслади на прекрасната трпеза во кругот на семејството. Или како оној што отишол во прекуморска земја и страда од тешката работа, гледа дека се ближи времето кога ќе се врати дома и радост му го исполнува срцето, зголемувајќи ја неговата желба за определената цел. Тој тогаш е спремен да ги даде сите напори, само на крај да си дојде дома и да се наслади. Затоа што ако тој не работел, домот ќе му останел празен и ќе нема со што да се наслади.

И ако се измери на вага насладата од трпезата за која ќе се купи од заработените пари во туѓина, таа тежи 1 кг. Но страсната желба на оној кој секој ден мечтае да се врати дома и да седне на таа трпеза, ја зголемува насладата безизмерно и безгранично..."

Целата наша работа е во себе да развиеме желба кон Светлината.

Значи, ние и сега се наоѓаме во неа, но не чувствуваме, затоа што нашата желба е само точка која живее внатре во себе, и нејзе и изгледа дека тоа е животот. Кога ќе надојдат некакви мисли и грижи, кои ни пречат да останеме во својот егоизам, треба да сфатиме дека тие се испратени одозгора, како средство за наше придвижување. Нив ги праќа Светлината, Создателот, за да се научиме правилно да се однесуваме кон нив и да останеме радосни, без оглед на тоа што тие проблеми нè мачат и нè раскинуваат на парчиња.

На крај човекот сфаќа дека без правилна желба тој не може да стапи во контакт со Светлината која го опкружува, со Оној, кој му го прави сето тоа. Бидејќи само Светлината, Создателот го организира целиот наш живот и судбина и сите настани кои ни се случуваат. Ние треба само да научиме како правилно да се однесуваме кон секоја желба, секоја мисла, секоја „случајност".

Од нас се бара колку што е можно помалку дејствија, а повеќе внимание на она што се случува со нас, со цел во себе да развиеме огромна желба за Светлината, за Создателот – „да се вратиме дома" за да се насладиме и да се радуваме на враќањето кон својот Извор!

Затоа, сè зависи од човекот, од тоа како тој ги одгледува и определува своите желби, како ја зголемува својата чувствителност. И ако нè оттргнува егоистички, сè што се случува со и околу него, а се поврзува со Оној кој му го припрема сето тоа, тогаш тој го проучува Создателот и се подготвува за нивната средба.

Тогаш во него веќе има желба да се издигне над пречките и тоа не само за да ги избегне страдањата. Тој ги прима нив свесно и со благодарност и е заинтересиран тие да дојдат и да му помогнат правилно да се насочи за средба со Светлината и враќање кон својот Извор.

А кога тој навистина ќе достигне голем глад, апетит, страсна желба за таа средба, која во него ја распалува Создателот со сите тие пречки, тогаш таа ќе се случи и ќе му донесе голема радост. Сè зависи само од достигнувањето на вистинската желба за поврзување со Создателот.
Во моментот кога човекот е подготвен, средбата ќе се случи. А до тогаш, нема што да се бара – треба едноставно цело време да се работи внимателно и педантно, обидувајќи се до детали да се почувствува сè што се случува со тебе за да се увиди дека нема никој освен Него.

Стремете се и ќе откриете!

Пристапувајќи кон читање на книгата "Зохар", потребно е, пред сè, да се разбере дека Зохар не се сфаќа со умот. А ако некој сака да се снајде во книгата со умот, тој ќе се збунува на секој збор, бидејќи ниеден збор во книгата "Зохар" не укажува на нешто што ни е познато.

Сето тоа се потсетувања на духовни состојби и својства. Ако човек се наоѓа во таа духовна состојба, во тој свет, тој ќе открие за што се зборува. И тогаш тој знае за какви духовни својства и дефиниции станува збор, чувствува, го препознава во себе тој внатрешен свет – духовниот.

Значи духовниот свет се открива внатре во човекот, а не однадвор, како и целата реалност која човекот ја восприма само внатре во себе. Но, оној кој не се наоѓа во духовно чувство, едноставно чита неразбирлив текст. Тогаш зошто го читаме Зохар? 

За да се приклучиме кон тој стремеж за достигнување на состојбите во кои ќе ги разбереме, ќе ги почувствуваме и ќе ги распознаеме сите тие духовни состојби и својства за кои раскажува Зохар, ќе се наоѓаме во нив.

Сè што читам сега ми е како неразбирлив расказ – јас сакам да почувствувам во себе, да живеам во тоа. Треба да го развиваме во себе тој стремеж. Единственото нешто што ни недостига за да го видиме духовното е стремежот, желбата за него и ништо повеќе од тоа. Затоа сега, кога го читаме Зохар, треба заедно, колку што е можно да се стремиме кон откривање на тој скриен свет.

Дури и ако немаме некоја посебна потреба за тоа, бидејќи не знаеме за што станува збор, но читајќи го тој текст заедно, од една скриена состојба предизвикуваме врз себе светење кое се нарекува „Светлина која се враќа кон Изворот", потреби, желби, својства за воспримање, нови органи за чувствување и тогаш ќе ни се открие.

Светлината дејствува така што создава способност во нас да се почувствува скриеното. Затоа се стремиме кон Светлината која нè опкружува, за да нè оспособи да го почувствуваме скриениот свет.

"Работата била поедноставна отколку што мислевме..."

Книга Зохар. Глава "Мишпатим", п.281: ... А сега, кога не се удостои, Создателот гледа дека тој се трудел да роди синови и не можеше на таквиот „негов господин да му даде жена". И бидејќи се смили над него Создателот, и му даде жена во Своето милосрдие, Создателот го зема од Него она што му припаѓаше уште од почеток и го зема она што Тој го зел од изворот претходно. Затоа „жената и децата нејзини ќе останат кај нејзиниот господин". А потоа тој ќе се врати и ќе се труди да го исполни она што му недостасува.

Читајќи го Зохар, мораме од почеток правилно да ги воспримиме овие зборови. „Жената" е Малхут, желба за насладување, вродена во човекот, сад, тело на неговата душа. Исполнувањата се неговиот живот и настаните во него. „Синови", „плодови" или „потомство" е резултатот од неговото слевање/зивуга со Вишата Светлина.

Самиот „човек" се мислите, екрани и сметките повисоки од неговата желба за наслада – „жената". И тогаш се случува соединување меѓу желбата за насладување и Вишата Светлина, колку што можат да се соединат една со друга со помош на екранот.

Затоа станува збор за тоа, како во секоја состојба човекот ќе ги распознае во себе желбите кои тој може да ги приклучи кон слевањето со Светлината, бидејќи тие веќе се поправени и имаат намера за давање, како и Светлината. Тогаш се соединуваат со Светлината.

Потоа човекот ги приклучува следните желби – и така сè додека не се постигне крај на сите поправања. Само за тоа станува збор. Значи единствено што треба да направиме е да ја откриеме таа бесконечна желба, скриена во секој од нас, а спроти неа е бесконечната Светлина, спротивна на желбата која веќе е подготвена и нè чека. Ние сме екранот кој се соединува меѓу нив.

Ова може да се претстави поинаку: желбата е од лево, Светлината од десно, ние сме на средина, ги соединуваме овие две сили – примање и давање – во средишната линија. Всушност, секогаш зборуваме за една иста структура, бидејќи освен неа нема ништо: Создателот, созданието и сличноста меѓу нив.

Од утринската лекција - 06.05.2011     Следете на  Каб.тв

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica