Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Нема излез – нема влез

Веќе многупати говоревме, дека напредувањето зависи од чувствувањето на важноста на целта. Проблемот е во тоа, што нашиот егоизам цело време ја снижува таа важност, заради фактот, што таа е спротивна нему. Но не е спротивна ниту самата цел, туку средствата за нејзино достигнување. Бидејќи целта на создавањето е – да се насладат суштествата. Нашиот егоизам сака да се наслади, и целта е да се добие максимално насладување, и според количината и според квалитетот. Тогаш што ни пречи да ја реализираме таа цел? Пречат средствата, со чија помош се достигнува тоа максимално насладување. Затоа што насладувањето може да се прими само во неограничени садови, а таков не може да биде садот за примање. Садот за примање е ограничен со предопределбата, и прима само во степен на неговата големина.

Само во случај, ако садот го пропушта наполнувањето преку себе, примајќи заради давање на ближниот или на Создателот, што всушност е едно те исто, тогаш тој се отвора себеси за безгранично насладување и може да ја достигне целта на создавањето, бескрајната добрина на Создателот. Во садот за примање, кој целото наполнување го остава во себе, Светлината не може да влезе согласно со првичните услови. Нема излез – нема влез. Затоа, задачата не е да престанеме да се стремиме кон насладувањата. Треба само да се промени природата на наполнувањето: со што всушност јас се насладувам? Или поточно кажано: „Кого всушност јас го насладувам?“ Задоволството треба да го добиваме од насладувањето на другите, од давањето. Во тој случај, моите садови ќе станат неограничени, и јас ќе ја достигнам целта. Од голема важност е да се сфати оваа нијанса, која ги дели желбите и намерите. Желбите можат да растат произволно! Ние не треба да ги потиснуваме, да почнуваме со диета и да се измачуваме. Напротив, треба да се насладуваме со животот! Во спротивно, ти како да го занемаруваш она, што Создателот го подготвил за тебе. Прашањето е само, дали сето тоа го посакуваш за да му причиниш задоволство на Создателот? За таа намена треба да се откријат нови желби.

Од лекцијата по статијата на Рабаш, 20.11.2013, на Каб.Тв

Лекција над махсомот

Прашање: Ако, на пример, целата централна група целосно го помине махсомот, како ќе се одвива утринската лекција?

Одговор: Утринската лекција ќе се одвива над махсомот. И сега јас ви давам енергија, знаења за сè што се случува над махсомот. „Талмуд на Десетте Сефирот“ и другите изворници се напишани од духовното ниво. Но вие ги воспримате сè уште на нивото на материјалниот свет. А над махсомот ќе го чувствувате сето тоа веќе на друго ниво. Да речеме, јас заедно со уметникот разгледувам некоја слика, и тој вели: „Овде би можело да се додаде малку окер, а онде – повеќе сино“. Тој се однесува кон тоа чисто технички, а јас се восхитувам со палетата на бои на сликата, нејзиното влијание врз мене. Обично, пред да почне да слика, уметникот го исцртува полето на сликата, прави скица со молив, и веќе потоа почнува да црта. А јас тоа не го гледам. И Создателот исто така, пред да ја нацрта пред нас целата слика во боја, прави скици со молив. И постепено вие почнувате да ги гледате во општата слика внатрешните врски, внатрешните сили. Вие ќе почувствувате како Тој додава во неа некои свежи бои, нешто осветлува, нешто трга, создава нови контрасти. И сето тоа чувствено ќе се прелива пред вас. Вие ќе го определувате нивото на интеракцијата преку авијут (длабочината на желбата), преку екранот, преку силите, кои ни го цртаат нашиот свет. Ќе ви стане јасно, дека сите тие произлегуваат од една сила, од една намера: да ве направат исто толку совршени, како и нивниот извор.

Прашање: Какви состојби сте чувствувале Вие непосредно пред поминувањето на махсомот?

Одговор: Состојбите, кои ги чувствуваат при излегувањето од Египет: страшен притисок од сите страни, целосен стремеж напред, страв од непознатото, што има напред, и  истовремено страв дека нема да излезам во духовно постигнување. Сето тоа не се случува тогаш, кога вештачки се стремиш напред, туку кога реално дејствуваш, се устремуваш кон центарот на групата и истовремено се подзабрзуваш себеси со распространување на интегралната методика, како што го подзабрзуваат со камшик коњот, за да се излезе напред. Тогаш се пробиваш.

Од лекцијата на тема „Група и распространување“, 22.10.2013, на Каб.Тв

Светлината се раѓа во мракот

Баал ХаСулам, „Науката кабала и нејзината суштина“: Од Создателот се створија сите светови и целата нивна содржина во сите детали – само преку една-единствена  посебна мисла. Таа мисла самата слегла и ги створила многубројните светови, суштества и видовите на управување со нив. „Мислата“ е сила, која слегува и дејствува во својот производ. Силата на мислата го формира „материјалот“ на желбата, а потоа дејствува во него, т.е. се отпечатува себеси во различни форми. А желбата  ги прифаќа тие „отпечатоци“ и на соодветен начин се менува. Материјалот на желбата задолжително поминува преку низа промени, во кои чувствува, дека тие доаѓаат од некоја Замисла (намера, идеен концепт,мисла). Така мислата влегува во желбата, разумот продира во срцето. И тогаш желбата се замислува: „Што сакам? Зошто? Што ме мотивира за тоа?“ Влегувајќи во желбата, мислата „ја расипува“, ја менува, додека таа не осознае: „Постојам јас, и постои Замисла што претходи, која ме создала и ме менува. Значи подобро да се приклучам на неа. Нека имам своја замисла, со чија помош ќе ја контролирам желбата и ќе управувм со неа, наместо таа да управува со моите планови“. Бидејќи додека желбата доминира, нашиот живот се одредува со барањата на „телото“. Тогаш, можеби е подобро да се додели управувањето на главата, на разумот? Кабалистите го откриле тоа пред речиси шест илјади години, а потоа во текот на трите периоди, по два милениума секој, светлините навлегувале во садовите – замислата влегуваше во желбата. И ете денес целото човештво, целокупната заедничка желба ги открива и осознава резултатите на тој процес: „Што се случува со нас?“ Ситуацијата е лоша: ние страдаме, живееме во лага, без да ги знаеме причините, без да најдеме решенија... Зошто? Така мислата прави ревизија на желбата и констатира: „Таа е виновна за тоа што се случува. Изгледа треба да управувам со неа поинаку“. И постепено ние се приближуваме до точката на одлука: дали мислата ќе управуваа со желбата, или желбата со мислата? Тоа е нашиот избор.

Прашање: Меѓутоа, мислата и желбата, вградени во нас, се спротивни на Создателот. Нашите идеи се спротивни на замислата на создавањето...

Одговор: Точно, бидејќи во спротивно нема да го спознаеме Него. Ние мора да ја спознаеме вистината, а тоа е можно само од лагата. Секоја работа се постигнува, тргнувајќи само од нејзината спротивност. За сладоста е потребна горчина, наспроти мракот потребна е Светлина, а наспроти Светлината – мракот. Поинаку нема ништо да распознаеш. Потребна ти е точка на мерење, која се наоѓа надвор од особината што се мери, - мерило, според кое се прави пресметка. Ние претставуваме садови-желби и затоа само така можеме да мериме, чувствуваме, сфаќаме што и да е – секогаш преку споредба на две спротивности. Создателот се чувствува себеси единствен, ние, пак, - не. Нам ни е потребна споредба. Во спротивно, ние како да лебдиме во безвоздушен простор, без какви било ориентири, не ги  чувствуваме насоките. Покрај тоа, ако нè сместат во специјална течност со посебни услови и со иста специфична тежина како кај нашето тело, тогаш ние ќе престанеме да го чувствуваме. Истото може да се направи со нашата свест, ако ја ослободиме од спротивните ориентири: без чувствувањето на спротивноста, ние го губиме чувствувањето на себеси, на нашето постоење. Значи, како суштества, ние можеме да се мериме, да се проценуваме само со контраст. Во кабалата за тоа е речено: „Предноста на Светлината се спознава од мракот“. И затоа нема да достигнеш совршенство, ако не поминеш преку сите несреќи на светот, преку целиот негов „пекол“ – опачината на „рајската градина“. Но ти можеш да го спознаеш тоа „царство на темнината“ слично на мудрецот, кој уште во мракот ја гледа зората што се раѓа. Меѓутоа, тука се појавува прашање: ако денес јас го гледам совршенството оддалеку, т.е. не го чувствувам во своите садови, - тогаш што ќе биде утре? Јас не се согласувам „да го гледам рајот со двоглед“, јас сакам да влезам во неговите порти. Ете зошто е потребно разбивањето и неговата поправка што следува. Доволно е ако малку го почувствуваме расцепот меѓу нас – и тогаш сè друго ќе добиеме од групата веќе во завршена форма.

Од лекцијата по статијата „Науката кабала и нејзината суштина“, 25.11.2013,на Каб.Тв

Без подлога

Прашање: Имам гадно чувство: всушност, јас не знам кој сум. Ако Создателот го создал егоизмот, злата склоност, тогаш каде сум вистинскиот јас?

Одговор: Навистина, во некој момент под мене пропаѓа вообичаениот фундамент. Порано јас цврсто стоев „на сите четири“, и сè било кај мене во ред, а сега небаре лебдам во воздух и немам подлога: „Кој сум? Што сум?“ Можеби тоа е добро? Конечно јас се прашувам, на какви основи се темели мојот живот.

Реплика: Тоа би било добро, кога би добил одговор…

Одговор: Меѓутоа, барем знам, дека мојата претходна состојба била лага. И сега имам надеж да ја достигнам вистината.

Прашање: Но на што да се потпрам?

Одговор: Нема на што. Мислам дека дури не треба да се прават обиди да се фатиш за нешто. Јас треба да се насладувам со своето „лебдење“. Бидејќи тоа претставува момент на вистината: јас немам ништо, никаква поткрепа. Колку и да се обидував да се прицврстам, да се „додадам“ на нешто, да најдам „топло“, сигурно место под нечие покровителство – сето тоа е лага. И јас не сакам да останам во лагата – јас претпочитам да лебдам во воздухот. И тогаш, полека, во тој воздух се јавува чувство, дека мојата реалност може да има сосема поинаква основа. Нема веќе потреба да се фаќам за нешто однадвор, да преземам некои идеологии, да се согласувам со некоја филозофија, да се стремам кон некоја цел... Не, јас треба да барам нешто, што лежи надвор од овој свет и не зависи од ништо што е тука. Треба да ја барам силата на давање: што може таа да претставува? Во какви димензии го преместува моето битие? Јас навистина можам да го извршам тој внатрешен премин – и тогаш сè ќе се смени...

Од лекцијата по статијата „Науката кабала и нејзината суштина„ 25.11.2013, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica