Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Нема ништо полошо, отколку да се жали за минатото

Срамот и љубовта се главните движечки сили на нашиот развој, спротивни една на друга и еднакви според моќта, како минус и плус во бесконечност. Но ако се срамиш и се јадосуваш за минатото – тоа е нечиста работа, клипа. Затоа што тоа значи дека не се согласуваш со фактот, дека не постои никој, освен Создателот.

Нема никој освен Создателот. Не само во смисла дека од Него зависел добиениот резултат, туку и од самиот почеток, Тој испланирал сè што ќе направиш, како ќе ги поминеш сите овие состојби и сега зошто жалиш за нив? Сега ти жалиш за она што било, наместо да жалиш, што мислиш дека сето тоа не го направил Создателот, туку самиот си го направил – односно не се наоѓаш во спојување. Ако сакаш да поправиш нешто во минатото тоа значи веќе не се наоѓаш во спојување со Создателот, не признаваш дека само Тој владее во светот. Ти пак, треба да бидеш благодарен за лошото, како да е добро.

Ние мора конечно да ја разјасниме оваа особина, и додека не го завршиме тоа разјаснување, нема да преминеме на следното скалило. Човекот постојано се јадосува, но сето тоа е последица од несфаќањето на фактот дека и планот и дејството и резултатите на дејството – сè произлегува од еден извор, и мора да се согласиме со работата на Создателот. Единствено нешто што правиш е дека чувствуваш впечатоци од она што Тој со тебе го прави, за во сите тие доживувања да останеш прилепен за Него над чувствата во својата егоистичка желба.

Од лекцијата по статијата „Тајната на раѓањето”, 11.09.2013

Кој сакаше јаболко?

Наша задача е да се спроведува Светлината за наполнување на желбите. Да се спроведува преку намерите.

Нашите намери се упатени кон Создателот, а дејствата – кон широката публика, кон нејзините барања. Тие барања секогаш се сведуваат на добивање на нешто, и такви ќе останат во текот на целиот духовен подем. Луѓето ќе посакуваат сè повеќе, уште и уште, бидејќи таква е задачата на АХАП. Тој расте во своите желби, додека ние растеме во своите намери за давање.

Прашање: Но како поточно јас ќе можам да го обезбедам задоволувањето на нивните желби?

Одговор: Јас се наоѓам во опкружување, во заедница на луѓе. Освен тоа, преку групата имам поврзаност со Создателот, со светот на Бесконечноста. Од таму Вишата Светлина поминува преку мене и влегува во заедницата. Но притоа јас не сум само некој оптички канал. Бидејќи, за да им се спроведува давањето на луѓето, јас треба попатно да правам пресметки:

1. Пред сè, јас се проникнувам со нивните желби.

2. Потоа ја кревам кон групата МАН, молбата за поправка. Поинаку речено, јас се соединувам со групата.

3. Понатаму, ја кревам МАН кон Создателот. Таа молба мора да излегува од нашиот заеднички круг, и затоа јас ја поминувам преку групата, за да биде соодветна на Создателот.

4. Одозгора ние со целата група добиваме одговор на молбата – МАД.

5. Од групата јас мора да го спроведам надолу, остварувајќи зивуг (интеракција) со Светлината. Затоа тука потребно е да поминам од малата состојба (катнут) кон зрелата (гадлут), за да им го пренесам на луѓето нивното ново скалило. 

6. Тогаш ја спроведувам Светлината до заедницата.

Прашање: Да претпоставиме како пример, дека заедницата ме замолила за јаболко. Значи на крајот на таа низа, во точката 6, таа ќе го добие јаболкото?

Одговор: Да, преку мене таа ќе го добие своето „јаболко”.  Ние ги запишуваме во протоколот барањата на учесниците и почнуваме со изградба на правилни односи меѓу нив. На крајот, од мене кон нив ќе стигне наполнување и тогаш ние ќе провериме дали секој го добил посакуваното.

Прашање: Но тоа веќе нема да биде јаболко?

Одговор: Тие ќе добијат наполнување, кое ќе ги задоволи сите нивни барања, вклучително и неискажаните и нерегистрираните – сите оние коишто се додале за време на очекувањето. Затоа што духовното наполнување доаѓа без облик (форма) и се преслекува во човекот, наполнувајќи го согласно со садот-желбата.

Прашање: Што се бара тогаш од мене во секоја фаза од тој процес?

Одговор: Работа според принципот „Исраел, Тора и Создателот се единствени”. Јас претставувам проводник, „се простирам” од Создателот до заедницата и престојувам во сите: во Создателот, во групата и во широката публика. Јас претставувам поврзувачка алка. Како желе, го исполнувам сето тоа со својата работа, со своите постојани напори. И кога веќе сум се нафатил да се грижам за некој дел од човештвото, тогаш морам постојано да спроведувам Светлина до него, да се грижам за него, да го сакам, да го соединувам со групата, да ја соединувам силата, која што овозможува поврзаност со луѓето со силата, која што овозможува поврзаност со Создателот. Притоа групата цело време стои покрај мене, поддржувајќи и правилно насочувајќи ме – како кон Создателот, така и кон “штитениците”.

Од лекцијата по статијата ‘Свет”, 11.09.2013

Што нè соединува?

Прашање: Нашата група се поделила на два дела: тие што се заниваат со интегралното воспитание и оние, кои што не сакаат со тоа да се занимаваат, сметајќи дека само треба да седиме и да се соединуваме во местото. Во што е проблемот?

Одговор: Јас не би ги приморувал оние, кои што не сакаат да се занимаваат со интегрално воспитание, да излегуваат да распространуваат. Нека сè уште се занимаваат со други работи во групата – сеедно има многу работи што треба да се направат. Постепено тие ќе сфатат, дека без интегралното воспитание, без излез кон 99% од човештвото, кај нив нема да се појави потребата за Создателот. Кога излегувате да распространувате, кај вас се појавува чувство: “Како тоа да им го објаснам на луѓето? Како да им го пренесам тоа чувство? Како да предизвикам во нив разбирање? Јас ништо не можам да направам сам. Од каде да земам сили за да ги преубедам?”. Затоа кај вас се појавува потреба за помош од Создателот. Поради тоа ви се дава интегралната работа со населението, за да почувствувате потреба за Него. Таа работа не е потребна заради нив, туку заради вас. А кај оние што нема да се занимаваат со интегрално воспитание нема да се појави таа потреба. Тогаш заради што тие постојат? Сепак, нека останат во групата сè додека, гледајќи колку ќе горите вие, не сфатат дека треба нешто да се прави. Бидејќи вие навистина ќе се соединувате, чувствувајќи потреба да успеете во работа со 99%. Тие пак таа потреба ќе ја немаат. Што ќе ги тера кон соединување? Заради што? Надворешната публика ќе бара од вас сила на единство. Вие ќе се тресете, ќе ви биде страшно, непријатно, несфатливо, и затоа вие несомнено ќе имате потреба од Создателот, и со тоа ќе добиете, во споредба со оние кои не се занимаваат со интегралното воспитание.

Од лекцијата по статијата „Свет”, 11.09.2013

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica