Речено е: „И сите ќе Ме спознаат, и младо и старо”, т.е. сите мора да дојдат до состојба на целосна поправка.
Да се реализира тоа воопшто не е едноставно, но друг пат нема. Секој ден над секој од нашите ученици, кои се наоѓаат на патот, извршуваат одредени духовни операции на поправката – делумно по нивна желба, делумно без нивна желба. Луѓето сеедно го поминуваат процесот на поправка делумно свесно, но во основа несвесно. Извршувајќи ја својата работа, кај мене нема никаков сомнеж дека правилно ги водам своите ученици, и тие никогаш нема да ми речат дека јас ги одведов неизвесно каде. Тие можат да ги гледаат и проверуваат моите препораки од изворниците, врз база на изјавите на другите учители и т.н.
Прашање: Дали кај вас се појавувале сомнежи, во време кога и самиот бевте ученик?
Одговор: Не, јас дојдов во науката кабала без да се сомневам во правилноста на својот избор. Веднаш почувствував, дека на ова место има сè. До тогаш јас поминав долг пат на потрага, видов и глупост и малоумност. Во науките веќе ништо не можеше да се најде. Јас инстинктивно сфаќав дека филозофијата – е празно нешто. Сето тоа се глупости, сето тоа е затворено во нашиот свет. Тогаш помислив, дека можеби може нешто да се најде во религијата? Но ќе најдам ли? Поминувајќи низ неколку религиозни установи, видов дека едните се занимаваат само со извршување на физичките заповеди, без да ги променат своите внатрешни особини. Која корист од тоа? Другите ја читаат кабалата, но апсолутно не сфаќаат што читаат, и сметаат дека доволно е само да се занимаваат со читање. Односно тие се уподобуваат на останатите верници, кои сè извршуваат, но згора на тоа уште и читаат – и ништо повеќе. А што понатаму? Затоа, кога слушнав рационално објаснување, сфатив дека најдов место, во чија правилност немаше сомнежи: најсериозни мисли, точно одредена насока, целосна поврзаност со сите извори!
Пред да го најдам мојот учител, јас прочитав многу книги: делата на Ари, Вавилонскиот Талмуд, ТаНаХ. Ги познавав сите заповеди и делумно ги извршував. Затоа, кога дојдов кај Рабаш, веќе пет години бев верник, бидејќи за да посетувам религиозни установи, јас морав соодветно да изгледам барем однадвор. Освен тоа, сметав дека треба да припаѓам на своите корени, бидејќи уште дедо ми бил многу голем верник. Но кога дојдов кај Рабаш, сфатив, дека нивното учење се базира само врз изворите. А всушност пред тоа, јас се обидував да го читам Баал ХаСулам, Учението на Десетте Сефирот, Книгата Зохар, во кои што се зборуваше за посебните поправки, но што можев тогаш да разберам. Всушност не сум видел такво знаење, таков опфат, такво проникнување во неживата, растителната, животинската природа, во човекот, поврзаноста.
Затоа на луѓето, кои не разбираат што ние учиме и за што зборуваме, тоа им се чини како нешто мистично. До денешен ден човештвото нема претстава за огромниот систем, со кој ние се занимаваме. А ние играме, жонглираме со него: овој свет, оној свет, како тие се допираат, како се совпаѓаат, како човекот се чувствува во нив. Цел тој обем како да ни е пред очи. Нормално, тој за нас засега е апстрактен – не замислен, не мистичен, туку токму апстрактен(духовен). И ние работиме со тој обем на силите, интеракциите, особините, врските. Додека човекот, дојден од страна, мора да потроши години за да влезе во тој систем.
Од ТВ програма "Тајните на вечната Книга", на Каб.Тв
За „добрите знаци" на патот
До конечната поправка човекот не смее да си верува себеси, и да смета на себе си. Тој мора постојано да се наоѓа под влијание на многу повисоки садови-желби, и само да ги истражува, скалило по скалило, да се прилепува за нив, без да се потпира на сопствената резерва. Ние одиме само со верба над разумот, т.е. само на ниво на спојување со повисокото скалило. Само оттаму може да се црпат и привлекуваат кон тековната состојба правите одговори и вистинските знаци. Принципот “раководи се само од она што го гледаш” се однесува на расипаните желби, а за да ја одржам насоката, јас морам со вербата над разумот да се “прилепувам” за повисокото скалило. Секој може да си најде и “знаци”, кои докажуваат дека е во право. Но тоа е забрането. Разумот тука не работи, и јас не го активирам. Дури и објаснувањата на кабалистите се наменети само да нè зближат со духовните поими, да ни додадат знаења, меѓутоа вистинска потпора, вистинска потврда може да се најде само во вишото, кога јас го поништувам својот разум, и се опремувам со неговиот разум.
Од лекцијата по Книгата Зохар. Предговор,17.09.2013, на Каб.ТВ
Возот тргнува...
Науката кабала претставува откривање на Создателот пред суштеството во овој свет. Откривањето се остварува со помош на Тора, т.е. посебна методика. За да се открие во човекот Создателот, таа го води кон љубов, кон принципот „Сакај го ближниот свој како себеси”. Ние го реализираме тој принцип со помош на Светлината, која враќа кон Изворот. А за да се привлече Светлината, мора да исполниме одредени услови. Затоа што Светлината се наоѓа насекаде, но од наша страна потребна е подготовка, која ќе предизвика нејзино дејство. Што претставува соодветна подготовка?
Ако „се вариме” во групата и се обидуваме да се споиме, меѓусебно да се соединиме, дали со тоа создаваме вистинска желба, вистинска потреба за Светлината, која враќа кон Изворот, за таа да дојде, и да ни даде љубов за пријателите? Или во потрагата за пријателската љубов ние напротив, треба да излеземе надвор, да ги впиеме „додатоците”, да внесеме во групата „свежа крв”, да привлечеме нови луѓе, за да почувствуваме одговор и да се разбудиме благодарение на нив, а потоа да се погрижиме за Светлината? Можеби треба да се оди уште пошироко – да се излезе надвор од границите на групата и таму да ја сееме истата порака, истиот принцип на љубов кон ближниот како кон себеси, кој ја возвишува важноста на единството, само во форма на „интегрално образование”? Неговите принципи се засноваат на истите нешта, само малку поинаку кажани – за да им се олесни на луѓето патот, да ги спаси од средбите со лажни стереотипи, кои предизвикуваат отфрлање и омраза. Сето тоа ни треба да си го разјасниме за себе. Затоа што некои тврдат, дека нашите методи не се погодни за модерната ера и тековните услови, или дека не сме овластени од кој било за оваа мисија, упатена до широката публика.
Значи, прашањата се многу, и ние мора да сме свесни за нив. Затоа што пред нас се можеби не многу пријатни средби со противниците, кои навидум логично и разумно зборуваа,т дека ние погрешно постапуваме. И затоа ние мора да знаеме што правиме. Тоа го открива системот, нашиот однос и нашето место во него. А најважно, тоа ја открива за нас суштината и улогата на интегралното образование, овозможувајќи да ја разјасниме ситуацијата на оние пријатели, кои не се согласуваат со него, бидејќи сè уште не ја чувствуваат во него истата таа наука кабала. Во меѓувреме, без широко распространување ние нема да создадеме потреба за Создателот. Без излегување во масите, на човекот не му треба група и пријатели. Се разбира, тоа излегување треба да се пресмета, но главното е – на крајот да му се причини задоволство на Создателот. Дали јас можам да ја приклучам оваа крајна точка од пресметката, кон грижата за својот ближен со неговите животни проблеми, какви и да се? Дали можам да го поврзам своето обраќање кон ближниот со обраќањето кон Создателот? Се проникнувам со желбите на ближниот така, да тие ме поттикнуваат да ја зацврстам врската со групата, да добијам вистински правец, цел, што ќе овозможи обраќање до Создателот, и тогаш да ја реализирам обратната низа на дејства во однос на ближниот.
Значи, дали ја „погодувам” целта? Дали на крајот му причинувам задоволство на Создателот? Ако е така – добро е, ако не е така - не ми успеа. Но така или иначе, тука дејствува токму оваа формула на поврзаноста, која го протега конецот од ближниот до мене, и преку книгите, учителот, групата – до Создателот. Ако гледам, дека врската постои, цврста и задолжителна, ако сфаќам, дека немам ниту една друга можност да му причинам задоволство на Создателот, тогаш сум „чист”. Додека ако постои друг пат – покажете ми го, и јас веднаш ќе почнам со работа. Многу ви благодарам што ми го спасивте животот – не дозволивте да го поминам напразно. Ете каква анализа се бара од нас – посебно земајќи го предвид фактот, дека многумина од нашите кругови претпочитаат сега засега да “седат настрана” и не гледаат во тоа ништо страшно. Според мене тоа е страшно, но тие не сакаат да земат учество во распространувањето заедно со нас, сметајќи дека може да се почека: „Нека почнат другите, ние пак, потоа”. Тие и самите не знаат, дека со тоа тие одземаат од себеси, радикално и неповратно. Можеби тие имааат еднократна шанса, и кој сега ќе скокне на скаличката од „возот”, тој ќе продолжи понатаму, а кој нема, тој ќе остане на платформата без ништо...
Од лекцијата по Книгата Зохар. Предговор, 17.09.2013, на Каб.ТВ
Борбена мисија: да се закачиш и да не се отпуштиш
Прашање: Текстот на Книгата Зохар, кој го читаме за време на лекцијата, раскажува за голем број состојби. Како да ги разбереме, средиме?
Одговор: Не треба да ги разбирате, не треба ништо да се запомнува. Ако за време на читањето си барем малку приклучен, поставен на потребната бранова должина – тоа е веќе доволно. Мисли само за Светлината, што враќа кон Изворот, која доаѓа од центарот на групата, за да можеш да му причиниш задоволство на Создателот. Тоа е сè што е потребно да знаеш.
Прашање: Но сепак, како се создаваат состојбите на патот? Дали тие се раѓаат од мојата желба, садот?
Одговор: Не. Јас ништо не создавам, само гледам дека секоја секунда јас, како гостин, имам максимално ефективна можност да му се причини задоволство на Домаќинот. И јас кон тоа постојано се стремам, прилагодувајќи се и барајќи ја таа можност: како имено да ја реализирам во намерата, мислата и дејството? Во тој случај, мојата работа се само шансите, искористени од моја страна. Самиот јас не можам да ги пресметам сите варијанти, бидејќи секој пат пред себе гледам нов свет, се судрувам со нови услови. Ништо не се повторува, и ние ништо не знаеме однапред. Нашиот пат – се вечни промени, непрекинливи изненадувања. Десетте сефирот се истите, но секој пат тие доаѓаат со нови решимот. Затоа се испоставува, дека јас ништо не одбирам и секоја состојба ја прифаќам со радост – како можност да извршам давање. Сè е корисно – и подемите и паѓањата, и десната линија, и левата, сите интеракции и соединувања на овој брановиден пат. Какви разлики во нивоата и да ми се подготвени на тој пат, - уште подобро, бидејќи тие ќе овозможат уште подобро да дознам, во кој степен се точни моите намери, дали сум способен да поддржувам, дури и да зајакнувам спојување на кои било врвови и вдлабнатини, на кои било свртувања. Мојата работа, всушност, е многу едноставна: да се закачам како булдог, и да не се отпуштам. Да ја држам намерата само за да се „фиксирам” на Домаќинот, постојано прилагодувајќи го кон тоа моето опкружување, моите состојби. И нека ме матка горе-долу – јас ја користам таа „матеница“, за да се фатам уште поцврсто.
Из урока по Книге Зоар. Предисловие, 17.09.2013, на Каб.ТВ