Ако даваш помалку одошто можеш, тоа не е давање. Така се гради средната линија. Таа не може да се појави ако нема прецизна мера на максимално давање.
Средната линија отпрвин не постои и не ја знаеме нејзината мера, но таа го сочинува целото „човечко суштество" во нас. Мораме да го создадеме тоа човечко суштество за да биде еднакво на Создателот. Како тогаш да ја изградиме средната линија според ликот на Создателот ако треба да се состои од две сили: машка и женска, десно и лево? Не знаеме каква е таа врска ниту каков облик треба да има тоа суштество наречено „човек." Кога ќе се роди, ќе го викаме „јас." Но пред тоа да се случи, како воопшто да не постоиме.
Ништо од сето ова не можеме да знаеме однапред бидејќи не го гледаме Создателот. Кога ќе ја завршиме оваа работа и ќе изградиме точно десет Сефирот, место девет или единаесет, тогаш резултатот ќе се вика Создателот – „Дојди и види" (Бо-Ре). Ќе се откриеме себеси заедно со Создателот бидејќи човек не може да биде откриен без Создателот, а Создателот без човекот; тие можат само заедно да постојат.
Немаме никаков пример ниту слика на тоа што е средната линија. Мораме да трагаме и да прашаме за неа за да почнеме да ги наоѓаме примерите и врската. Така почнуваме да ја гледаме играта која Создателот ја игра со нас така што буди разни чувства во нас; тоа е Неговиот начин да ни даде навестувања за да ни помогне да ја најдеме средната линија.
Инаку нема да можеме да ја разбереме; можеме да ја најдеме средната линија само со трагање и трудејќи се да ја замислиме додека сме во мраков. Тоа е целата уметност и работа на изградба на „Храмот" – појава на ликот на Создателот на сите нивоа на нашите желби: неподвижно, вегетативно, подвижно, и човечко.