17.08.2010
Се', што се случувало со нас, сите страдања, поминати во текот на целокупната наша историја, - биле за наше добро. Баал ХаСулам пишува ( писмо Бр.23), дека човекот, кој ја открива капката на единството со Создателот, со радост би си ги отсекувал рацете и нозете по неколку пати на ден за да може барем еднаш во животот да го осети тој вкус на спојување со Создателот. И тоа не е преувеличување! Кога човекот би направил пресметка, колку светлина му донесува една единствен капка на единство, во однос на сите најстрашни страдања на овој свет – тој би почувствувал, дека едното го претежнува другото! Ние не разбираме што е тоа виша светлина, која навлегува во душата... Нам ни се чини, дека тоа е едноставно нешто пријатно и дава насладување. Ние не чувствуваме што навистина значат овие зборови: вечност, совршенство, хармонија.
Тешко е да се биде човек
Човекот мора да одбира помеѓу вистината и лагата. А помеѓу слаткото и горкото нема што да се избира – јасно е дека јас секогаш ќе одберам за себе добро, слатко, а не лошо, горко. Јас не сум способен да ја преферирам лошата состојба на добрата. Но ако јас гледам против слатко-горко вистина-лага, тогаш е можно дека ќе ја одберам горката вистина, лошата состојба, затоа што вистината ми е поважна. Тоа се две различни рамнини: нивото на животно – избор на "слатко-горко" и нивото на човек – избор на "вистина-лага", на која тој работи со "вера над знаењето". Ако ти си се искачил кон единствената пресметка "вистина", внатре во која се содржани сите останати сили и можности – тоа значи, дека ти си го достигнал спојувањето со Создателот. Но ако ти го проценуваш само "слатко-горко" – тоа е животинска анализа ( избор).Но "животното" на своето ниво никогаш не греши, тоа секогаш го одбира тоа што е за него добро! Но нема напредување на нивото "човек". Но природата не дозволува да се останува само на нивото на "животно", принудува да се развиваме. На нивоата на природата неживата, растителната, животинската анализа на однесувањето се сведува само на анализата "слатко-горко", со преферирање на слаткото. Додека, пак, за човекот постои разлика помеѓу двете нивоа, животното во него, со анализа на "слатко-горко", и човекот во него со анализата на "вистина-лага". Затоа човекот цело време се наоѓа во збунетост помеѓу животното и човекот во себе, во потрага по "што да се избере", и бара компромис – бидејки сака слатко, но гледа дека користа е во вистината.
Развивач од светлината на давањето
Секоја духовна појава во нас бара прогрес и свој развиток, бидејки нашиот егоизам цело време расте и по количина и по карактерот. Затоа ни е потребно да размислуваме и говориме за таа празнина, која ние сме ја почувствувале после поминатиот мегаконгрес. Најважно е да се сфати – за што тоа ни било дадено! А не да се седи и да се јадеме себеси дека ни е лошо поради чувствувањето на празнината, и нема сили и желби. Тоа не е случајна состојба – тоа е за нас откривање на нов празен простор, внатре во кој нам ни е потребно да ја изградиме особината на Бина. Таа нова особина, која се разоткрива во нас, се раѓа како нов стадиум во четирите стадиуми на директната светлина. Духовното давање, кое постоело меѓу нас сега се повлекло и ни се открила нова состојба. И нам ни е потребно да разјасниме: каков е тој празен простор кој се роди внатре во нас?
Треба да се погрижиме тој да не се изгуби – да се сочува и да се почне со него да се работи! Не постои друга можност да се достигне давањето, освен врз основа на новородената празна желба. Тоа се отвора во нас, меѓу нас, празно место, каде што се скрива Создателот ( под Ц''А). Сега ние можеме да го наполниме тоа место со својот однос поради давање ( хасадим, особината на Бина) – и тогаш ние ќе го откриеме Него таму! Ако ние го исполниме тој празен простор со светлината Хасадим, тогаш Создателот ќе се пројави во него, како на фотографија, спуштена во сад со развивач. Бидејки Тој се наоѓа таму, во тој простор – нам ни е само потребно Него да го откриеме. Ако ние заедно ќе се обидуваме да Го почувствуваме, тогаш постепено ќе Го откриеме. А поединечно така не може ништо да се стори. Создателот не се открива индивидуално – само во взаемните напори. Ние заеднички го откривме тој празен простор, и тој ни припаѓа на сите нам, иако секому му се чини дека тој лично го доживува тоа чувство. Но тоа се родило од заедничкото дејство. Сега треба заеднички на него да се работи. Токму тоа се нарекува "Практична кабала". Тие бранови, кои поминуваат преку сите нас истовремено – се знак на големо духовно напредување. Тоа значи дека светското кли веќе постои, како единствено тело, кое извршува заеднички дејства, и во него се откриваат празни простори, каде ќе се открие заедничката душа. Тоа е сосема блиску!