Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Ние ќе го поминеме Махсом - и светот ќе се промени!

25.07.2010

Прашање: Ќе се промени ли светот, ако на овој конгрес ние го поминеме Махсом? Ќе се случи ли тоа веднаш или во фази?

Сега ние сме способни со своите желби да се соединиме, да ја пробудиме вишата светлина во таква мера, да ќе ја почувствуваме неа самата, т.е. духовната реалност, т.е. врската помеѓу нас во взаемното давање. Уште не станува збор за љубовта, целосната взаемна поврзаност, "возвраќање со љубов" – тоа е втората фаза на исправувањето. Сега засега ние се соединуваме во првата фаза на исправувањето, кревајки се само над своето его со силата на светлината. Оваа светлина, како магнет, не крева нас над нашиот егоизам, над планината на омразата, планината Синај.

Кревањето над егоизмот, излегувањето во духовниот свет, може да биде привремено, за едно одредено време, а потоа ние повторно се спуштаме во него, се враќаме во материјалниот свет. Или пак тоа кревање, излегување, може да биде постојано, тогаш од таа состојба и понатаму ние ги започнуваме фазите на развитокот во пустината, искачувањето по духовното скалило од 125 скалила до светот на Бесконечноста, целосното исправување на егоизмот во давање и љубов. Да се надеваме, дека ние ќе го достигнеме барем привременото откривање на Создателот.

Но дури тоа и да не се случи, тоа ќе значи дека нам ни недостига вистинска желба за тоа, по големина и по конкретност, токму за да се ослободиме од егоизмот, - и тогаш тоа ќе се случи следниот пат, кога ќе се собере доволно сила и конкретност, желбата да се кренеме над себе. Најважно е – да се грижиме за соединувањето помеѓу нас и во тоа соединување да го откриеме Создателот. Тоа е целта на постоењето на световите и на човекот во овој свет. По количинската и квалитетната моќност во нас, ние веќе на овој конгрес сме способни тоа да го достигнеме. 

Посакајте – и ќе слушнете!

Прашање: Како да се пробуди во себе трепетот пред Создателот, кога јас пред нас го гледам само материјалниот свет?

Доаѓа време, кога јас веќе многу време сум во групата и наеднаш "слушам" дека за достигнување на духовниот свет морам да се соединам со пријателите. Заради што и зошто – мене исто не ми е јасно. Засега кај мене не постои осетливата врска помеѓу составните делови:

1. вишата цел, која јас не ја чувствувам и не ја осознавам, но треба да ја достигнам,
2. вишата сила, која јас морам да ја спознаам и осетам,
3. мојот однос кон пријателите,
4. состојбата на единство со пријателите, која мора да се достигне.

Тука постои низа на моите внатрешни сензитивни откривања, кои мора во мене да се случат. Бидејки ние живееме со сетилата. Ние сме создадени од материјал наречен "желба за насладување". Таа желба ги чувствува насладувањата или страдањата – и ништо повеќе. Затоа целиот мој однос кон било што – во моето чувствување – постои, или не постои. Ако во мене не постои сензитивна низа на поврзувањето, од овој момент и понатаму, како јас ја достигнувам целта на суштеството – преку љубовта кон Создателот, грижата за Него, трепетот пред Него, грижата за групата, соединувањето со пријателите како еден човек со едно срце, - ако во мене се уште не постојат внатрешни сензитивни одзиви за тоа, нема впечатоци, реакции – значи дека мене ми е потребно уште да работам над себеси. Што да се прави?

Ако условот за откривање на Создателот, како кај планината Синај: посакајте да се соедините како еден човек со едно срце – и тогаш Тој ќе ви се открие во вашата обединета желба. Притоа, вие треба само да посакате да се соедините, а самото соединување ќе го изврши Создателот. Ние треба да се трудиме да ја добиеме желбата за единство. Но како јас можам да се трудам, ако не сакам? Да се посака може со дејство. За тоа е кажано: " Ќе направиме – и ќе слушнеме!". Токму затоа е создаден нашиот лажен свет, во кој ние се наоѓаме, уште и во телата – и ти можеш да извршуваш лажни физички дејства на давање спрема пријателите, без секаква желба. Кај тебе не постои желбата за тоа? – Не е важно! Ти не живееш само во желбата, ти постоиш исто така и во надворешна обвивка, наречена тело. Извршувај ги физичките дејства на давање спрема пријателот, како да го сакаш него, а не себеси.


И затоа е напишано: "Купи си пријател". Давај му на секакви начини – и ти ќе почувствуваш како во тебе се променува односот кон него. Зошто наеднаш така? Затоа што ти си вложил во него свои сили, свој напор. Ти не си посакувал, но со самото тоа ти си добил посебен однос кон него. Тоа се нарекува "Ќе направиме" – од дејствата, извршени од тебе без желба за тоа, ти доаѓаш кон "ќе слушнеме" – кон особината на давање ( слухот – тоа е особината на Бина). Тогаш веќе ти почнуваш да слушаш за тоа што говори Тора – тоа упатство на патот кон светлината. (Тора од зборот Ор – светлина и од зборот Ораа – упатство). Затоа, ајде заедно да се потрудиме да се обединиме – дури и без желба, кревајки се над своите чувства, - и тогаш ќе се почувствуваме себеси поинаку.

Во очекување на празникот

Прашање: Овие денови, во очекување на мегаконгресот, јас наеднаш повторно добив трепетно чувство на празникот што наближува, како во детството. За што тоа зборува?

Ние стоиме на прагот на посакуваното. Тоа е многу сериозно дејство, кое може да доведе до необични промени. Бидејки ако ние сакаме да го достигнеме духовниот свет, т.е. откривањето на Создателот помеѓу нас – тоа е можно само во обединетите наши желби. Во текот на ови три дена ние ќе се потрудиме да се зближиме и ги соединиме нашите желби во една. Ако ние ќе се стремиме да го почувствуваме сето во една заедничка желба, ние ќе го исполниме условот, поставен на народот пред планината Синај – ќе станеме како еден човек со едно срце – и тогаш ќе ни се открие Тора – светлината, која нас не создаде, не раздели и подготвена е да не соедини заедно, за да не крене кон Создателот!

Ние сами не можеме да се обединиме, но ако навистина посакаме да се соединиме во една желба кон Создателот, сите учесници на конгресот, тогаш ние ќе го предизвикаме влијанието на светлината врз нас. Можно е тоа да биде привремено зближување, но можно да се создаде вистинско соединување – исправување на прегрешувањето.

Обединетите желби се нарекуваат Душа, Адам, а светлината што се открива во нив – Создател, Боре – од зборот Бо-ре, "дојди и види" - тоа ние дојдовме, ја достигнавме таквата особина на обединување, што го пронајдовме во неа единствениот Создател. Јас ја проценувам таквата можност како реална, и затоа многу ги ценам таквите конгреси. Но дури ако конечното соединување нема да се случи, јас не очајувам – јас знам, колку таквите собири зближуваат, и после неколку такви дејства, ние сепак ќе го постигнеме откривањето на Создателот.

Не постои поинакво средство кое може така силно да го забрза нашето напредување. Еден таков атак на обединетите во една желба луѓе – заменува половина година секојдневно напорно учење. Затоа јас сум така воодушевен и се надевам дека ќе го постигнеме посакуваниот резултат.Ние ќе го поминеме Махсом – и светот ќе се промени!/Ние ќе го поминеме Махсом – и светот ќе се промени!/

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica