08.09.2010
Се' што ние читаме во Зохар, за што зборува науката кабала – тоа се облици или видови на врската помеѓу нас. Создателот, Вишата светлина нема облик, Него самиот ние не можеме да го почувствуваме. Видовите и облиците на врската на давањето и љубовта помеѓу нас, во својата сличност на Светлината и даваат на светлината облик, боја, последователност на особините, кои јас можам да ги разликувам – да ја забележувам во моите особини, слични на Него. Затоа, за што и да зборува Зохар, - тој секогаш ни говори за видовите на врските помеѓу душите. Соодветно на облиците на врските, кои се манифестираат помеѓу нас, ние ја откриваме светлината. Поинаку светлината не е можно да се забележи – открие. "Нема светлина", ако јас не ја обојувам во различни бои. Светлината што доаѓа до мене обврзувачки мора да биде обоена во седум бои на виножитото. Без тоа, јас, како суштество, нема да ја видам, не ќе можам да ја почувствувам, да ја воспримам.
Да речеме, постои призма, врз која е насочена обична бела светлина. Прекршувајки се во неа, таа светлина се дели на седум бои на виножитото – од црвената до виолетовата. Така прави З'А на светот Ацилут – ја спроведува светлината на Бина одозгора, разложувајки ја на 7 светлини. А Малхут, јас, делувам спротивно ( со екранот) – ги собирам сите овие светлини,бои заедно и ги внесувам назад (О"Х) во "призмата", добивајки една светлина. Јас не ја чувствувам обичната бела светлина, која доаѓа до мене, бидејки таа нема боја. Но јас ги собирам сите седум бои, кои доаѓаат од З'А до Малхут во себе и ја чувствувам првичната обична светлина. Малхут се нарекува "собрание" бидејки ги собира заедно, ги вклучува во себе сите седум сфироти на З'А. Станувајки сличен на оваа "призма", која ја дели белата светлина на седум бои, Малхут повторно ја достигнува белата светлина. Така таа ја чувствува, си ја замислува таа светлина. Таа не ја добива белата светлина, но станувајки слична на неа, може да ја достигне и да се спои со неа, според правилото "По дејствата Твои јас Те спознавам Тебе" (ми маа сејха икарнуха). Од 613-те дејства, нашите исправувања, ние го градиме ликот на Создателот. Бидејки Создателот нема лик, ние го создаваме него од нашите особини.
Дом за Создателот
Неопходно е да се сфати: се што ние читаме во Зохар, се случува внатре во нашето соединување. Врската помеѓу нас создава ( раѓа) "простор", нова димензија, во која ќе се открие Создателот. Бидејки како таков тој простор не постои. Но ако секој од нас, со својата точка во срцето, се стреми да се соедини со другите, нашите заеднички напори го градат тој простор, мрежата на врски помеѓу нас, - за откривање на особината на давање, Создателот. Тој простор може да се нарече група. Луѓето секогаш прашуваат: "Каде се наоѓа духовното – горе, долу, некаде на страна?". Како што е речено во молитвата: " Каде се наоѓа местото на Неговото Величие?" – Тоа не се наоѓа никаде, тоа нема место. Ти мораш да го изградиш тоа место – од твојот однос кон другите. Заедно вие градите духовен простор – и во него го откривате Создателот. И Создателот самиот се нарекува "место", затоа што ние Го чувствуваме само по тоа "место", кое го создаваме за Него. Создателот постои надвор од секаков простор.
Вие самите морате да го изградите – заедничка, исправена желба, слична на Создателот со особината на давање, и тогаш во неа се открива Создателот. Тој може да се открие само на таков начин – во сличноста на особините, во место што му одговара – истата таа особина на давање. Друга можност не постои. Токму тоа место и е Храмот, Домот на Создателот – желбите на Малхут, која ги добила особините на Бина. И затоа се нарекува Бејт Амикдаш – Дом на Светоста. Малхут – е домот, а светоста се особините на давање на Бина.
Во точката помеѓу доброто и злото
Зохар, глава "Вајехи", т.244: За идниот свет е речено: "Бидејки како денови на Дрвото (ќе бидат) деновите на народот Мој". "Како денови на Дрвото" – т.е. Рдвото на Животот. Истовремено е речено: "Ќе ја уништи Тој смртта засекогаш", - бидејки во Дрвото на Животот нема промени, и нема во него смрт.
Станува збор за тоа, дека човекот се наоѓа во точката на донесување на одлуката, изборот помеѓу доброто и злото, во клипат Нога. Целиот тој систем произлегува од тоа, што од една страна, Создателот му забранува на Адам да јаде плодови од Дрвото на Живото, а од друга страна, му ја праќа "жената", која го заведува да прегреши – да го вкуси забранетиот плод. Двете спротивности постојат заедно. А ние треба да не се заплеткаме и да не се раздвојуваме во своето воспримање, туку да сфатиме, дека истите тие противречности, кои се присутни во секоја состојба, каде што Создателот ни се причинува дволичен, со двоен однос кон нас, се наметети за да не стави нас во таква ситуација, кога ние нема да знаеме што да правиме, - и тогаш ќе имаме потреба од Него. Токму тоа е клипат Нога, точката на нашата слобода. Таа слобода се појавува токму во таа точка, каде што двата односи на Создателот – божемното зло и доброто – се соединуваат заедно и не е можно да се разликуваат, да се тргнат нивните противречности, освен да Му се обратиме Нему.
Да не се изгуби духовната линија
Прашање: Како цело време да се остане "на духовната линија", односно во точката на донесување на одлуката, дека духовниот простор, единството – се над материјалните достигнувања?
Само што ни успева да ја создадеме помеѓу себе таквата врска, "место за откривање на Создателот" – тоа веднаш исчезнува, за да можеме ние да донесеме таква одлука повторно и повторно. Секој миг треба да биде Почеток. А ќе ни помогне во тој постојан избор – само силното опкружување, кое ќе ни овозможи да останеме во врска. (гл.Баал Ха Сулам, "Слобода на вољата") А поединечно не е можно да се зарджиме во таа одлука подолго од момент...Треба да се навлезе во правилно општество, како зрно во почвата, да се добива од него спознавање на важноста на целта – и тогаш ќе успееш, соединувајки ги точките на одлуките, да градиш од нив права линија до целта.
Како да му причиниш задоволство на Создателот?
Распространувајки го знаењето за кабалата, ние ги соединуваме во еден сад нашите души и создаваме "место за откривање на Создателот" за сите суштества! Со тоа ние ја извршуваме Неговата желба и Му причинуваме најголемо задоволство. Ако ги собереме сите наши страдања и ги зголемиме "пи тах" (620) пати – тоа ќе биде слично на страдањето на создателот од тоа скривање, во кое Тој мора да престојува, за да ни даде можност да пораснеме. Со секое наше насочено кон обединување дејство, ние ја додаваме уште силата на обединувањето (масах и ор хозер), уште една душа кон вкупниот број на душите, неопходни за да се открие Создателот. Со тоа ние предизвикуваме такви промени помеѓу сите души, што како резултат, сите во светот наеднаш ќе почувствуваат внатре во себе, дека постои виша сила, која делува и го движи целиот свет, одредувајки ја секоја негова состојба.
Не само така едноставно се случуваат земјотрес во Нов Зеланд, пожари во Русија, тајфун во Америка – тоа се делови на заедничката состојба, создадена од Создателот, за да од неа ние почнеме кон Него да се искачуваме. А кога ние ќе почнеме да се искачуваме во духовниот простор и да го воспримаме овој материјален живот само како неопходен составен дел, тогаш ние ќе добиеме прекрасен живот во овој свет. За тоа ни недостасува барем малку да го откриеме Создателот. И ништо повеќе нема да му помогне на нашиот свет – само да се почувствува, дека во Вселената, во природата, помеѓу нас – постои сила, која управува со се. И кон тоа сфаќање ние се приближуваме, благодарение на распространувањто на кабалата.
Од дневната лекција / 08.09.2010