Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Никнувајќи од точката во срцето

Баал ХаСулам, „Науката кабала и нејзината суштина“:

 Сите планови на суштеството, во сите нивни манифестирања целосно се дефинирани однапред, во согласност со една цел: да се развие од него човечкиот род, кој ќе се крева во своите особини, сè додека не почне да го чувствува Создателот исто, како што го чувствува ближниот. Тие особини, како скалила од скалата, се простираат и се редат едно позади друго, сè додека човекот не стекне совршенство и ја достигне својата цел.

Равојот се дели на две фази: во почеток тој оди одозгора надолу, а потоа одоздола нагоре. Пред сè, сите детали на воспримањето се развиваат од желбата за давање кон желбата за примање, од светот на Бесконечноста надолу, до светот Асија. На тој пат лежат пет светови и 125 скалила – соодветно на структурата на АВАЈА, која се манифестира сè до „материјата“, најдалечна од Создателот, и затоа треба да се промени 25 пати: по пет пати во секоја своја компонента, вклучувајќи го крајчето од буквата јуд. Со тоа ние доаѓаме до нивото на суштеството, до неговата основа, до централната точка на сте светови. И оттука започнува патот одоздола нагоре – патот на поправка на желбата за примање. Таа желба расте, искачувајќи се сè повисоко од точката во срцето, и во исто време во текот на процесот мора да ја прими формата на давање – екран и одразена Светлина. На таков начин, качувајќи се, ние растеме во две детали на воспримањето: Желбата за примање – „материјал“, кој постепено се додава кон точката во срцето. Желбата за давање – екран и одразена Светлина, т.е. надворешна форма, која се преслекува врз желбата за примање. Токму таа се нарекува „Човек“ – Адам. Така ние растеме, сè додека не се вратиме кон Вишата сила, кон сличноста со Создателот.

Од лекцијата по статијата „Науката кабала и нејзината суштина“, 14.11.2013, на Каб.Тв

Ло лишма“

Прашање: Како да провериме, дали се наоѓаме во таква состојба „ло лишма“, од која се доаѓа до „лишма“?

Одговор: „Ло лишма“ значи, дека човекот се стреми кон вистината. Тој слушнал, и има теоретска претстава што тоа значи, но истовремено сè уште се наоѓа во намерата да прима заради себе. Ако се мери „ло лишма“ според скалата од 0% до 100% во случајот со пријателот, кој позајмил од мене 1000 долари, тогаш 0% ло лишма е кога пријателот мора да ми врати 1000 долари. 1% ло лишма – кога тој ми враќа 999 долари, а јас го прифаќам тоа како враќање на сите илјада. А 100% ло лишма – е кога тој ми враќа 0 долари, празен коверт. Јас го проверувам тоа со моите сетилни органи, гледам дека таму нема ништо, и го примам како целосно вратен долг. Односно, тоа покажува до која мера можам да одам над моите желби за примање. Се разбира, целото тоа напредување е можно само со помош на влијанието на опкружувачката Светлина. А кога преминуваме од ло лишма во лишма, почнува да дејствува директната Светлина. Баал ХаСулам ја дава следната дефиниција на „ло лишма“ во статијата „Предговор кон ТЕС“, п.12: Учењето на Тора и заповедите ло лишма значи, дека човекот верува во Создателот, во Тора, во награда и казна, и ја учи Тора затоа што Создателот ни заповедал да ја изучуваме, но освен причинувањето на задоволство на Создателот, исто така сака да се наслади и себеси.

Од лекцијата по статија од книгата „Шамати“, 15.11.2013, на Каб.Тв

Опкружувањето направи од мајмунот човек

Опкружувањето претставува сè од времето, кога мајмунот слегол од дрвото и се претворил во човек. За тоа е напишано во книгата „Дрвото на животот“ на Ари уште 400 години пред Дарвин. Од тој момент, тие веќе не биле чопор на мајмуни, туку се претвориле во некоја заедница, општество, односно спој на индивидуалности. Секој за себе е личност, и сепак тие се соединуваат заедно, и меѓу нив се воспоставуваат посебни врски, кои постојано се развиваат. Тоа е сојуз заради одредена цел: заштита од дивите ѕверови, друго стадо на мајмуни и т.н. На тој начин почнува сè повеќе да се организира општествената структура.

Развојот на човекот е можен само за сметка на опкружувањето! Кружат легенди за постоењето на снежниот човек, кој живее некаде високо во Хималаите. Но зошто ние го замислуваме како грубо чудовиште, целосно покриено со влакна, а не мислиме дека тој може да биде префинет, деликатен, пријатен, добар човек? Заради фактот, дека тој живее сам! Можеби тој има семејство, но тоа сè уште претставува животинска форма на постоење, и не е човечко општество. Затоа, ако си одбрал некое опкружување, тогаш мора да се трудиш сè повеќе да се вклучиш во него. Треба постојано во себе да ја разгоруваш зависта – тоа е најефикасно средство. Треба да им завидуваш на другите на тоа, колку се тие напредни, активни, ефективни, испририрани од целта. Ако почнеш да им завидуваш, задолжително ќе успееш.

Од лекцијата по статија од книгата „Шамати“, 15.11.2013, на Каб.Тв

Ковчегот на Заветот

И Јас таму ќе ти се прикажувам, ќе говорам со тебе од просторот над капакот, меѓу двете крувим, кои се на ковчегот сведоштва на сојузот, така Јас ќе ги праќам преку тебе сите заповеди на синовите на Израел. [Тора, „Егзодус“, „Трума“, 25: 22]

Ковчег на Заветот се нарекува „Арон Кодеш“, специјално направен шкаф, во кој се чуваат Скрижалите (Таблите) на Заветот. На неговата горна површина се сместени слики на две птици (крувим) кои го прикриваат капакот на шкафот со крилјата, и меѓу тие крилја доаѓа гласот на Создателот. Всушност, тоа не е опишување на физички објекти, туку на духовни сили и особини. Науката кабала говори само за желбата – единствената материја што постои во природата. Ковчегот или „Арон Кодеш“ ги симболизира поправените желби на човекот. Најгорната област, која може да се поправи, се нарекува „крувим“ (од зборот „леиткарев“ – приближување, устремување). Растојанието меѓу птиците ја симболизира желбата, која постојано се устремува нагоре, напред, кон следното скалило. Таа треба да достигне состојба, кога ќе биде целосно устремена кон Создателот. Затоа, од највисоката форма на желбите, устремени кон Создателот – од таму, согласно законот за сличност на особините на Создателот и суштеството, човекот го слуша гласот на Создателот. Таму неговото обраќање кон Создателот доаѓа во контакт со Него. Подолу од таа состојба има помалку поправена желба, која го симболизира „Арон Кодеш“ – сад (место) за светоста („кодеш“ или „кдуша“ значи светост). Светост се нарекува особината на давање и љубов.

Особината на Малхут, која се искачи во Бина, се нарекува „особина на давање“, а кога таа се искачува од Бина во Кетер, тогаш се нарекува особина на љубов. Затоа Арон Кодеш – е сад, место за тие особини. Во Тора се опишува процесот на изработката на Ковчегот на Заветот, т.е. се укажува од кои желби, во каква поврзаност меѓу нив, треба ние да се склопиме себеси, својата душа. Ние ги собираме сите делови на желбата според редослед и соединение, кога тие формираат сличност на Создателот. Затоа душата се нарекува „Адам“ – од зборот „доме“, сличен на Создателот. Тоа е нашата работа во средната линија – меѓу крувите, десната и левата линија, каде што се случува откривање на Создателот.

Од ТВ емисија „Тајните на вечната Книга“, 12.08.2013, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica